Се е просто и јасно како бел ден...
МВР е злоупотребена за дискредитирање на заменикот министер. Нормално а и правно не е забрането конкурентска партија да ангажира папараци, ама ангажирање на алфи ( а тие свои колеги од затвор) е тешка злоупотреба на МВР во изборен маркетинг.
Камо оригинален аудио запис од разговорот меѓу полицијата и тројката ??
3 пати менуваат исказ, како ќе им каже Шилегов. Те останале на местото и чекале полиција, сега кога испадна снимка кажува дека го бркале да му го видат бројот. Па му го виделе бројот после 100 метра, а го бркаа со километри, синхронизирано со алфите . Пази сега, ноќе во 23:20 оделе случајно тројца во Градски Парк, што к*р барале, да не има таму чајџилница ???
по избори треба да се формира анкетна комисија, не се работи само за гангстерите вработени во алфите ( и раководството) туку се работи дека ТРЕБА да се РАЗОТКРИЕ ова злоупотреба на МВР, ако не се разоткрие и санкционира, утре и некоја друга партија во опозиција која ќе има министер на МВР 100 дена пред избори ќе го прави истото.
А спонтани сообраќајки на јавни личности имало и ќе има... пред 5-6 години имаше сообраќајка на автопатот на возило на албанска партија, само еднаш излезе во медиумите, немаше никакво разглабање.
Возилото на заев имаше тешка несреќа, со повредени лица. Имаше 2+3 написи, платените папагали дури почнаа со теза дека е атентат на Заев, набргу дојде наредба се се замолча, не излезе ништо кој за што е виновен, а имаше и тешко повредени.
Специјалната обвинителка направи тешка сообраќајка, тоталка во амбис. Излезе само еден напис, без детали и слики, дури се пофали Спасовски дека таа платила казна 50евра ( поени), а казна е минимум 250евра + судски трошоци ( излегла на увид полиција и итна помош). Не дека немала пари, туку забошотена е кривична пријава која автоматски оди ( кај обвинители во Работнички дом).
Па еве и неодамно, имаше сообраќајка со возилото на Шеќеринска, голема матерјална штета...само еден напис и никакви детали.
Јасно е дека случката со Диме Спасов е синхронизирана акција на платениците и алфите, а жолтите соросоидни медиуми веќе биле спремни, Веќе 20 минути по настанот Либертас излегува напис и го наведува Диме Спасов а пишува за тешки сообраќајки со повредени лица.