Многу се глупи споредбите. За Мата ај добро, и јас сметам дека е грешка иако еве Јунајтед колку време го има и никако не може да му го извади максимумот. Ама Де Брујн и Лукаку во времето кога беа продадени, беа исправни одлуки. Не може да гледаш од денешна перспектива и да кажеш дека истиов играч што е сега Де Брујн, ќе беше и доколку останеше во Челзи. Немаше да биде. Искуството од Челзи и константниот првотимски статус во Германија го направија играчот што е денес.
За Лукаку па да не зборам. Прво си во тројка со Торес и Ето каде што во нормални околности си втор напаѓач со реални шанси да бидеш и прв ако ги искористиш шансите и се покажеш како подобра опција од мртвиот Торес, а ти од една страна бараш да си прв избор, а од друга страна плачеш за позајмица по утнат пенал кој тимот го чинеше трофеј. После си во тројка со Коста и Дрогба, каде имаш можност да се бориш со Коста за прв напаѓач, и да учиш од својот идол Дрогба, и ти пак притискаш да те продадат затоа што не си прв избор без да го заслужиш тоа.