ОНЕ и ВИП се споија

  • Креатор на темата Креатор на темата DadoTom
  • Време на започнување Време на започнување
оне.Вип продолжува со активностите за изградба на новата мобилна мрежа во регионот на Штип и околината. Ги известуваме нашите корисници дека веќе во текот на оваа недела на месец август продолжуваат активностите за консолидирање на мрежата во Штипскиот регион, што ги опфаќа реоните на градот Штип и околните места.

Во текот на изградбата на нова мрежа на дадените локации во даденото време, можно е корисниците да почувствуваат извесни прекини во мобилната комуникација, а тоа во блиска иднина значи подобар квалитет и подобро корисничко искуство за сите корисници.

Изградбата на нова мобилна мрежа на оне.Вип започна кон крајот на минатата година со цел да обезбеди за сите корисници на оне.Вип значително поголем капацитет за користење на 3G технологијата, покриеност на целата територија на земјата и достапност на 4G LTE низ цела Македонија и сето тоа за да обезбеди најдобро корисничко искуство со најновите светски технолошки достигнувања во мобилниот сегмент.

Според планираните активности, новата мобилна мрежа на оне.Вип до крајот на годината треба да биде завршена во сите урбани области во Македонија.

http://www.vip.mk/media-centar/vesti/-/newsroom-frontend/read/2248021
 
дали уште важат припејд ваучерите за оне што се продаваат?
да не одам до вип салон да земам ваучер од продавница, ако уште се продаваат и работат
 
Важат, кога ќе свртиш за да надополниш, ќе ти рече 14 цифрен, а на One картичките беше/е 12 цифрен бројот што треба да се внесе, но немај гајле. Јас внесов 12 цифрен, притиснав тараба (#) и кажа дека полнењето ми е успешно и дека имам толку колку што внесов. Нема разлика дали ти е One или Vip, картичката или пакетот што си го активирал или нешто слично. И тие во маалската продавница истото ми го рекоа, нема врска веќе, може да се внесуваат односно сеуште важат картичките со ваучери.
 
Моментално сум припејд на Вип.
Може некој да ми каже која е најевтината опција за интернет.
Ми треба само за вибер (3-4 пати неделно по 10 минути).
 
http://www.vip.mk/pripejd/tarifi/tarifni-paketi#internet
ко што гледам голема разлика во сообраќај во пакетите
зависи за што го користиш и колку трошиш
ако ти стигаат 200мб имаш за 50ден неделно.
 
Dali ima nekoj zabelezano sega na ONE mreza koga vozpostavuvas povik vednas se konektira za 2-3 sekondi zvoni, a porano zemase 8-10 sekundi.
 
Хм, кај мене не обратно, на ОНЕ мрежа многу брзо се воспоставуваше повик, а сега осетно подлго трае воспоставувањето повик.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: 048
Vip продолжува со изградбата на нова мобилна мрежа во Тетово и околината

Vip ги продолжува активностите за изградба на нова мобилна мрежа во областа на Тетово односно во областа северно од градот што ги опфаќа селата Шипковица, Божовце, Вејце, Гајре и Селце, влезот на Тетово почнувајќи од Групчин па се до градот со селата Групчин , Желино и Требош.

Активностите продолжуваат и во понеделник 29 август 2016 , кога ќе се консолидира мрежата во регионот јужно од Тетово односно во селата Брвеница, Камњане, Челопек, Боговиње, Жеровјане, Радиовце и Пирок. До крајот на месецот активности за изградба на нова мобилна мрежа ќе почнат и во градот Тетово и во неговите најблиски села, Мала и Голема Речица и Порок.

Со оглед на овие зафати, во текот на овој период се можни кратки прекини во комуникацијата, ве молиме за разбирање и трпение, а придобивките од новата мрежа за многу кусо време ќе бидат забележителни.

Во текот на изградбата на нова мрежа на дадените локации во даденото време, можно е корисниците да почувствуваат извесни прекини во мобилната комуникација, а тоа во блиска иднина значи подобар квалитет и подобро корисничко искуство за сите корисници.

Изградбата на нова мобилна мрежа започна кон крајот на минатата година со цел да обезбеди за сите корисници значително поголем капацитет за користење на 3G технологијата, покриеност на целата територија на земјата и достапност на 4G LTE низ цела Македонија и сето тоа за да обезбеди најдобро корисничко искуство со најновите светски технолошки достигнувања во мобилниот сегмент.

Според планираните активности, новата мобилна мрежа на Vip треба да биде завршена до крајот на годината во сите урбани области во Македонија.
 
Едно прашање знам дека во Македонија се користат Band 3 i Band 20 за 4G односно френквенција од 800 и 1800. Па ме интересира дали знаете дека се користи Бенд 3 од шо сите кинески марки го подржуваат него, а 20ката потешко. Знам од тука https://en.wikipedia.org/wiki/List_of_LTE_networks_in_Europe дека повеќе земји се префрлаат на 3ка како бугарија на пример, Албанија и некои од оператерите како Теле во Хрватска. Со сигурност знам дека има 3ка во Скопје и околината, а по некои информации од нет знам дека 3ка се користи во густо населените области каде се конектираат повеќе корисници, а 20ка во помалите места и покрива поголема површина. Дали може да ми кажете вие пто имате Шаоми, Меизу, ОнеПлус, ЛеЕко и слични, а не сте од Скопје дали користите 4Г и дали кога одете во мануелно пребарување ви покажува 4Г па макар и на друг оператор (Телеком) ме интересира бидејќи мок пријател сака да купи ваков телефон па се интересира. Прашав во Телеком и Вип но не добив конкретен одговор.
 
Elephone Trunk 4g- na vip 4g raboti sekade bez problem isto i Lg-Spirit- na vip, na telekom nemam broj, no vo menuelno gi gleda i t-mob 4g mrezite i 2ta telefoni
 
Attachments

  • index.jpg
    index.jpg
    252,4 KB · Прегледи: 17
Elephone Trunk 4g- na vip 4g raboti sekade bez problem isto i Lg-Spirit- na vip, na telekom nemam broj, no vo menuelno gi gleda i t-mob 4g mrezite i 2ta telefoni
Da da vidov dvata modela rabotat na band 20 a novata infrastruktura sto ja postavuva Telekom bi trebala da e na band 3 taka da mislam deka e vo red, i ke ima longterm podrska. Thanks.
 
Едно прашање знам дека во Македонија се користат Band 3 i Band 20 за 4G односно френквенција од 800 и 1800. Па ме интересира дали знаете дека се користи Бенд 3 од шо сите кинески марки го подржуваат него, а 20ката потешко. Знам од тука https://en.wikipedia.org/wiki/List_of_LTE_networks_in_Europe дека повеќе земји се префрлаат на 3ка како бугарија на пример, Албанија и некои од оператерите како Теле во Хрватска. Со сигурност знам дека има 3ка во Скопје и околината, а по некои информации од нет знам дека 3ка се користи во густо населените области каде се конектираат повеќе корисници, а 20ка во помалите места и покрива поголема површина. Дали може да ми кажете вие пто имате Шаоми, Меизу, ОнеПлус, ЛеЕко и слични, а не сте од Скопје дали користите 4Г и дали кога одете во мануелно пребарување ви покажува 4Г па макар и на друг оператор (Телеком) ме интересира бидејќи мок пријател сака да купи ваков телефон па се интересира. Прашав во Телеком и Вип но не добив конкретен одговор.
Вип користи банд3 насекаде, густо и негусто населени места.
 
Јас имам едно прашање. Поради тоа што Vip и One се споија, гледам дека сега е само Vip и сметките ми стигаат од Vip, иако сум бил корисник на One. Имав бесплатни минути зборење кон мрежата на One (075 и 076), па дали сега истите тие бесплатни минути се рачунаат како и за мрежата на Vip (077 и 078) или ќе се рачунаат како минути кон другите оператори?:)
 
Да, за сите сегашни Vip корисници корисници (075, 076, 077 и 078).
 
Го продолжив договорот со ОНЕ неколку месеци пред да се спојат. Имам имам 5гб интернет. ОНЕ немаше 4г мрежа, е сега откако се споени дали би можело да побарам uSim и да користам 4г брзина на телефонот ?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom