Зошто не го зема и примерот кога Амди беше во болница од обезбедувањето на Заев!? Тоа е уште еден веродостоен пример кој заслужува внимание.

- Не е точно. Можеби не се организирани како што беа (не само со црвените картончиња и во колона за гласање) поради ресорните промени, но постои каква-таква организираност. Не може по налог на министерот за внатрешни, некој да биде уапсен или некој да биде приведен без дозвола на заменикот министер, оној со добро чупаната веѓа. Таков беше последниот договор!, колку што знам. Башка, зошто заменик- министерот не збори, кога веќе министерот молчи? Ако тоа е еден дел од пропагандата, тогаш заменикот е лош играч и требаше да го променат. Имаат зборле кое не превзема ништо. Вака еднодневниот се виде поефикасен, се распишува, но потоа се’ падна во вода....но јасно е, со ваков систем на бариери на која или каква било дозвола, од министерот или од заменикот, нема да се постигне ништо, освен во случај да се договорат политичките партии. Тоа зборува за тоа колку нашиот систем е партизиран со партиски чо’ечиња.
- Дали тој што го управувал возилото на Заев, избегал по несреќата? Јас колку што читам по Либертас, имало 2 сообраќајки со истиот автомобил на ексминстерот! И башка бегал од полиција и башка го наместил возачот да крка казна. За колку прекршока станува збор?! Тоа што си создаде семејни проблеми или тоа што моралната совест му е нарушена, не е наш проблем и не треба да не интересира.
Македонија 6-7 години беше во медиумски мрак. Прво ги затворија А1, Време и Шпиц, потоа и А2 (заради музика, а претходно долгот и беше платен, а газдата санкциониран и правното лице има право да продолжи со работа по таквиот развој на настаните), потоа и една радиостаница. Потоа воспоставување апсолутна контрола на јавниот сервис, кој мора да биде неутрален и објективен, и купување на Алфа и отпуштање на неколкуте новинари кои беа про-сдсм оруентирани и на крајот притисок на Телма преку замрзнување на целиот нејзин имот и за завршница каква што само посакуваат- уништување на нејзините акции, се со цел некој од страна да дојде (дело на ораторот Мизо, кој ги носи сите странски инвестиции, предлагам да ги снимиме сите негови говори и да ги пуштаме на телевизорот на плоштад) и да ја укупира Телма! Тоа е окупација на медиумскиот простор. Не е опупација, преокупирање со политичките настани кои се случувале во минатото, политичката криза, политичката програма, решавањето на проблемите и конечно, ставање акцент на департизацијата на институциите! Сега никој не зборува за политичката програма, како што беше во минатото, и сите се настоени кон клукање на противникот. Клукаат од дистанца, не одговараат за ништо и пред никого и ако искочи нешто, прв ред партиски војници и бранат партиски идеали, како примерот со бомбите!
