- Член од
- 17 декември 2010
- Мислења
- 2.811
- Поени од реакции
- 4.287
Колку трогателна сторија од пред скоро 14 години, навистина жално за тебе и твојот ретровизор. Такво злодело може само од соросоид да очекуваш нели?испаднаа имиња на возачите и нивни досиеја... ако не е вистина зошто не се демантира од МВР ?
Друго, тука се лае и се пенат многумина а појма се нема од закон. Јас лично имав случка 2003 на мостот кај МАНУ, стоев во колона, автобус приватен од соседна лента ми го скрши ретровизорот. Автобусот застана на другиот крај на мостот, но не ради тоа туку му беше црвено. Јас успеав да му го запишам бројот а тој си отиде кога му се отвори семафор. Сите што беа зад мене избегаа, сечејки и полна линија, никој не сака да сведочи. Среќа едно комбе имаше во другата лента од МВР, кое го виде настанот и тие повикаа полиција, а таа дојде бргу бидејќи беше блокиран мостот. Кога дојдоа они направија бргу увид и дури потоа ја тргнав колата и појдовме на последна 45-а, каде го најдоа автобусот. Шоферот не признаваше, а они му измерија една гребнатнка на висина на мојот скршен ретровизор. Меѓутоа немаше никаков распит за шоферот ниту му правеа алкотест или било што. Но по 6 месеци добив покана за сведочење, дале постапка против него. Не можев да присаствувам на тоа рочиште, а потоа излезе и закон дека мора да му обезбедат преводител, па веќе не добив покана, веројатно се откажале, тој куртули.
Значи дале постапка против него на суд бидејќи полицајци од полициско комбе биле сведоци, т.е. тие пријавиле дека избегал, не пријавив јас.
Но сега со законот со европски записници и не вршење на увид ,ако нема повредени или значителна штета ,не верувам дека полиција праи бог зна што за ситните сообраќајки, дури и ако учесник избега..
Се прави полициска акција за откривање на возач кој избегал само ако има жртви или повредени, другото оди по некоја друга постапка.. Овдека со ова брза полициска акција е јасно дека се работи за инсценирање и поврзаност, без обзир дали се поврзани по приватна или партиска линија. ...
И? Која е поврзаноста на диме спасов со швалерката и темава на сјо со твојот ретровизор и последна 45ка во 2003та година?
Изгледа стварно одамна немаш систематски преглед направено.
Sent from my iPhone using Tapatalk