Кери, државната секретарка игра голема улога во ова. Оној истиот што Путин го направи мајмун пред неговите министри и пред очите на јавноста. Општа патетика е кутриот.
Тој извршил притисок, некој тврдат дека имал средба (директна, интернет или телефонска) со Еквадорскиот амбасадор, за по објавувањето на приватните коресподенции на демократите, да му биде пресечен интернетот на Асанж. Но како што гледаме, сеуште нови информации излегуваат на интернет т.е. на Викиликс. Викиликс се докажа дека е далеку појака организација од целиот американски систем, кој никако не може да дојде до програмата на Викилинс и да го затвори овој сајд.
Кој и да стои позади Викиликс, докажува моќ која не е дофатлива за американскиот систем и во тревога ја пушта црвената сирена за безбедноста на сите доверливи информации, па и за самата безбедност на таа земја. И тука мораат да превземат нешто, а не да го лажат народот дека ИСИС не може да допре до тлото на Америка!