Покачен холестерол

Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
физичката активност може до некоја мера да го намали холестеролот, ама тоа дека е единствена опција е малу надвор од памет.
Ако е тоа така, тие што не можат од х причини да бидат физички активни, треба да имаат покачен холестерол, што не значи дека е така. Многу покомплицирани се нештата, за да ги симплифицираш така.
и лимун цеден на сабајле со млака вода заборавив да ти кажам
..да! точно не само физичка активност според годините мерена , туку било која активност секојдневна што тера малку повеќе да се испоти особата која јас сум сигурна дека цел ден преседува на столица ...и не само тоа туку многу е важна и сексуална активност доволна дури и корисна е и само активирање на тие сексуални хормони со музика и убави мисли,... а за исхраната се подразбира дека не се јаде све во еден ден...ниту јајца секој ден , ниту торти секој ден...ниту алкохол секој ден...ниту месо секој ден...ниту гнев и љутина секој ден со солзи нервози ... :masa:
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.719
Поени од реакции
18.455
Бев викендов направив крвна слика и гледам дека сум го намалил холестеролот од 6,7 на 5,4 (иако е пак малку над граница). Ова е резултат после месец и пол припазување на јадење иако не држев класична диета, туку сабајле јадев овесни житарици, на гладно пиев цеден лимон и топла вода, а покасно во денот земав по пола лајче куркума и ѓумбир, и секако јадење на повеќе лук.

Сега се мислам да земам дали омега 3 капсули или рибино масло имало некое по аптекиве, па да пијам 1-2 месеци па пак на контрола.
Maлце ти е еднаш на ден, ти реков 2-3 пати ако сакаш уште подобар резултат, турмерикот е активен само 2-3h во телото. Барем 2x ако неможеш 3 пати, и обавезно со црн пипер, масло - маслиново и малце вода измешано се - за да не ти го смени ептен вкуснот на храната користи го на крајот на оброкот (ако не ти се допаѓа вкусот.

Додај и црно семе, и на коњ си - црното семе, ако не се зима во дози од 3 грама (најмалце) е недоволно ефикасно. Дози од 4 или повеќе грама од друга страна, немаат докажаан позитивен ефект наспроти 3.

2 грама понекогаш потрфрлаат - така да фокусирај се на 3.

П.С. Црното семе треба да се иземеле убаво.

Едит, најбитната работа ја заборавив, купете Niacin B3 витамин, секогаш зимајте го после оброк, откако ќе го земете после 30-на минути обавезно уште една чаша вода, ќе имате ефект на вцренување на лицето, и покачена телесна температура (flushing) кој трае околу 1h непријатен е, али е многу битен за кардиоваскуларниот систем.

Почнете со 100-200мг, па до 500 и 1000.
 
Последно уредено:

Cannon

Doctor
Член од
22 март 2009
Мислења
5.096
Поени од реакции
5.836

А како е начинот на конзумирање на црното семе (дали исто се меша со маслиново масло па се пие или друг начин?)
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.719
Поени од реакции
18.455
А како е начинот на конзумирање на црното семе (дали исто се меша со маслиново масло па се пие или друг начин?)
Заедно со турмерикот у ѓумбирот, имај у превид дека сите 3 се моќни анти-оксиданти, а и знаат да го намалат шеќерот па така ако осетиш да ти е малце ладно или непријатно после конзумација изеди малце варен компир, или банана.
 
Cannon

Doctor
Член од
22 март 2009
Мислења
5.096
Поени од реакции
5.836
Заедно со турмерикот у ѓумбирот, имај у превид дека сите 3 се моќни анти-оксиданти, а и знаат да го намалат шеќерот па така ако осетиш да ти е малце ладно или непријатно после конзумација изеди малце варен компир, или банана.
Значи заедно све се меша со куркумата, ѓумбирот, црн пипер и црно семе со малку маслиново масло ?
А колку би му дошло тоа 3 гр. црно семе, половина лајче или ?
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.719
Поени од реакции
18.455
Значи заедно све се меша со куркумата, ѓумбирот, црн пипер и црно семе со малку маслиново масло ?
А колку би му дошло тоа 3 гр. црно семе, половина лајче или ?
Цело мало лажиче. Да заедно измешај се, и конзумирај со храна. Имај у предвид што ти кажав за шеќерот, кај мене е така мада јас природно имам малце понизок шеќер.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
... начинот на исхрана се зема во обзир во нормализирање на покачен холестеролот само и само ако особата јаде прекумерено храна која содржи холестерол и тогаш е оправданоста на намалување на внес односно диета и намалување на превисоката телесна тежина на особата , внесот на храна богата со холестерол во нашето тело учествува со 15 % од тој холестерол што кружи слободно со крвта и ние даваме за лабораториско испитување за вредностите , другите најважни 85 % холестерол кој циркулира НЕ Е ОД ВНЕС НА ХРАНА , туку тоа НИЕ САМИ ГО СОЗДАВАМЕ во нашето тело - ендоген холестерол покачен ама нема благе везе со исхраната и ако има тие 15 % се средува за неколку дена ... зарем не ви е јасно дека има луѓе со 180 кг телесна тежина имаат нормално ниво на холестерол , а има луѓе анорексични коска и кожа и имаат висок холестерол во крвта?
Вие сите сте запнале да реагирате во тие 15 % што нема да промени ништо во вкупниот холестерол , а другиот 85% најглавен виновник за пореметувањето никој не спомнува ... :yid:
 
а како да се намали тој дел од 85% холестерол тогаш
 
Имаш студирано медицина?
 
Член од
17 јануари 2016
Мислења
15
Поени од реакции
4
Здраво другари, мислам дека имам посериозен проблем па би ве замолил за совет, секој совет би ми бил добредојден. Пред 4 месеци правев крвна слика, се ми беше добро освен холестеролот, кој ми беше 6,2. Но, за да биде полошо пред 1 месец правев пак крвна слика и наместо да ми се намали холестеролот тој рипнал до плафон и сега ми е 8,4. Па би ве замолил од предходно искуство тие што имале позитивни резултати да ми кажат како дошле до нив и од други кои имаат било какви познавања околу холестеролот да ме советуваат. Ви благодарам многу однапред.
 
Cannon

Doctor
Член од
22 март 2009
Мислења
5.096
Поени од реакции
5.836
Никој не пишал ништо 3 месеци..... некој да се пофали со нешто како успеал да намали од холестролот со нешто има ли таков?
Кај мене е цик цак ситуација. Имав 6.2, па со диета стигнав до 5.5 па сега пак на 6.2 (се опуштив малце зимава)

Sent from my SM-J510FN using Tapatalk
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.712
Поени од реакции
1.152

Само човек да не е раат:)
Значи нема опуштање,цел живот сме осудени:(
Јас не сум провериле, од пред 6 месеци.
 
Cannon

Doctor
Член од
22 март 2009
Мислења
5.096
Поени од реакции
5.836
Kаква случајност......или пак можеби не?

Баш денес кога ги добив резултатите од крвта и покачениот холестерол вртејќи низ програмиве на тв набрзина ко по обичај барајќи некој добар филм, загледувам на ХРТ 1 документарен филм за холестеролот наречен Cholesterol, the Great Bluff 2016 (Холестерол, големиот блеф) и решавам да го изгледам.
Се работи за поврзаноста или неповрзаноста на покачениот холестерол со срцевите заболувања.
Документарецов може стварно добро да те замисли, колку она што ни се сервира денес од докторите како единствена вистина за холестеролот е точна, а колку е тоа слика создадена од големите индустрии (прехрамбената и фармацевската)

Погледајте го па решете сами
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
...порано, нормалните вредности на вкупниот холестерол беше 6,8 па по некоја година 6,5 па по некоја година 6,2...

за да се ,,стегне работата,, односно да се превземаат многу порано мерки дојде до 5,7 горна граница на нормална (референтна) вредност...

за да денес дојде до нормална (референтна) горна граница 5,2...
ајде сами да пресметаме, доколку ја имаме вкупната вредност на холестеролот, вкупната вредност на триглицеридите како и вкупна вредност на добриот холестерол ќе ја добиеме вредноста на лошиот холестерол:
TH вкупен холестерол - HDL добар холестерол - TG триглицериди/2,2= LDL лош холестерол
5.36 mmol/l -1,30mmol/l - (2,43 се дели со 2,2) = 2,96 mmol/l

...факторот на исхрана како причина за внес на холестерол погоре го објаснив со 15% учество од вкупниот холестерол во организмот што лично мислам дека доколку се има идеална тежина или приближна до идеална телесна тежина (земајќи ги во предвид годините) - не е проблем за покачен холестерол...
...проблем е внатрешниот синтетизиран холестерол да не се задржи како таков (тој ни е неопходен за работа на сите клетки, мозокот да ни размислува, памти како и транспортирање на витамини растворливи во масти А, Е, К, Д, создавање на стероидни хормони, итн) туку да се елиминира слободниот холестерол преку жолчката, дали ние ја имаме жолчката функционална за да го пренесе тој холестерол веднаш во цревата или од преголема активност и лачење на жолчни киселини и појава на создавање на камчиња (од холестерол) ?

...друг момент што запазувам тука е да сите коментари се околу вредноста на вкупниот холестерол, а некако не приметив другите липопротеински фракции,( триглицериди) односно конкретно липофракцијата со мала густина Low Density Lipoprotein- LDL која во крвта се наоѓа со 70% и тој е т.н. лош холестерол што прави беља во организмот АКО Е ВО МНОГУ ПОВИСОКА ВРЕДНОСТ од РЕФЕРЕНТНАТА во подолг период и се зема во предвид дека ако HDL High Density Lipoprotein липопротеин со голема густина има заштитна улога на лошиот ефект на LDL во атеросклерозата, така да ако добриот холестерол е над 1,5mmol/l немаме гајле иако ни е малку покачен вкупниот холестерол и фракцијата лош холестерол LDL или попросто речено све што ,,става,, на крвниот зид лошиот холестерол како чепче, добриот холестерол поминува и како метла го чисти од таму...
затоа многу е важно како се пристапува на покачен холестерол во организмот што лично мислам дека не е болест туку еден дисбаланс на трансформирање и елиминирање на холестеролот што нормално е потребен на организмот....
односно ако имаме нормални вредности на вкупниот холестерол тоа не значи дека ,,сме заштитени,, и дека ни е нормален холестеролот, ако не ги испитаме и другите три фракции и пак ќе кажам повеќе се потенцира вредноста на LDL , а не вредноста на вкупниот холестерол !!!
...друг момент кој е важен, а не се спомнува е начинот кога се дава венска крв за анализа, предходно треба да се држи диета 2,3 дена од продукти како јајца, мајонез, мрсна храна, а најмалку 12 ч да не се внесе никаква храна па да се даде примерок за лабораториска анализа,тоа го повторуваме уште два пати после недела дена и тогаш ги земаме сите три резултати и се пресметува средна вредност и тоа е тоа како што треба вредноста на вкупниот, лошиот и добриот холестерол, триглицериди и липиди !!!
...зошто така? затоа што вредноста може да биде лажно покачена поради да речеме период на алкохолизам, стрес, користење на некои лекарства, бактериска и вирусна инфекција што би се рекло најмалку месец дена после грип на пример смее да се направи лабораториска анализа на холестерол за да бидат веродостојни резултатите....

... инаку во пракса веднаш се применува лекарства од прва група на лечење т.н.,,статини,, кои всушност го блокира синтетизирањето на холестерол во јетра што всушност е нормална функција на јетрата кај секој човек и не е директната причина за покачениот холестерол во крвта, но како и да е го искажувам само личното мислење дека само при многу високи вредности и кога имаме загрозувачи по живот ситуација се ординира лекарства од група на овие ,,статини,, барем во новите светски медицински кругови тие ,,статини,, остана само како лек од пр избор за делување на крвниот зид при пред и пост инфарктни состојби, стентирање, спречување на агрегација на тромбоцити итн, но не и при покачен холестерол чија причина е на друга страна во процес на елиминирање, неправилна исхрана, менување на сезонска исхрана, стрес, пушење, алкохол, физичка неактивност и нормално закачен како наследен фактор ....

но како што велат стравот го чува лозјето, па повеќе превентивно се даваат овие лекарства од прва група ,,статини,, ...

да не спомнам и другите групи како и суплименти и витамини од тип на Е, како рибино масло итн..
,,статините,, доволно да ја спомнам неутрализацијата и штетноста со агрумите т.е. со грејпфрут како докажано т.е. треба да се внимава со што се храниме, оти има и недокажани ефекти со исхраната, потоа поради тоа што е главен извор на правилно работење на сите клетки посебно на мозокот, а ние сега ја намалуваме синтезата на холестеролот прашање кој ден ќе се добие некоја дестабилизација на клеточната мембрана и појава на хеморагичен удар, Алцхајмер, Паркинсон, мултиплекс склероза, болки во мускулите и атрофија со напомена дека сето ова ќе се појави после повеќе временско користење на ,,статини,, што никој нема да го поврзе со статиските негативни ефекти на жалост ? односно ,,создавање,, на високи вредности на холестерол во телото има подобрување на Алцхајмер и Паркинсонова болест?

...но не само коскените мускули туку и респираторните мускули одговорни за дишењето како и срцевиот мускул што може да дојде до откажување (се пие статини од страв да не се дојде до инфаркт, а од друга страна од нив може да дојде до оштетување на срцевиот мускул и откажување на срцевата работа, апсурд нели? ) и кога ќе се додаде да оштетените мускулни клетки чии остатоци крушат во крвотокот и телото се труди да ги острани нормално преку бубрези, па кога ќе заглават тука и ете оштетување на функцијата на бубрегот...

... се извинувам за долгиот коментар, ама ете во еден здив го напишав револтирана од начинот на ,,лечење,, на холестеролот кај нас, околу нас и малку подалеку од нас :( - сите во иста шема, измери лабораториски вредноста висока, ајт лекарства и тоа е завршено лекување? затоа голем број на корисници (пациенти) на статини како лекарства не го подобруваат холестеролот во нормални граници или пак варираат, па ја зголемуваат дозата или пак ќе сменат лек од еден статин во друг статин демек овој бил подобар од предходниот, демек понов! ма јок, статини се статини се знае како делува и крај!
...за на крај да кажам да малку промените во својот живот и те како ќе го нормализира Вашиот холестерол без лекарства (зборувам за незагрозувачка по живот моментална здравствена ситуација), секое прејадување или алкохолизирање ,,казнете се сами,, со два три дена нејадење или непиење (немате грижа нема телото да реагира) додајте во исхрана маслиново масло, риба, додадете барем два дена физичка активност било каква само да се испотите и срцето да залупа од вежба одберете што сакате скокајте, оро изиграјте, зумба, чочек, фудбал, возење точак, растоварај камион, генералка со правосмукалка све што ќе Ве натера да се испотите повеќе од пола час и срцето да залупа од умор, стресот нека Ви трае само еден ден никако повеќе, најдите начин да го тргенете, внесете секојдневно овошје, секојдневно грст ореви, не дозволувајте да имате запек ниту да падне имунитетот и на крај како курна на сето ова фрлете ги цигарите !!!
дружете се со позитивни личности, спортисти кои ќе Ве повлечат на нивниот начин на дисциплина во живеење ако немате стимулација, најдете некоја симпатија за која ќе се изборите и ќе имате стимулација да изгледате подобро со што ќе внимавате на исхрана и физичка активност? м? дали ова ќе го направите за Вашето здравје?
...јас сум сигурна дека по 6 месечна примена ќе бидете топ со трите липо фракции на холестеролот !!!
но внимавајте, ако пиете статини и додадно правите физички вежби и диета замислите што се случува со веќе ,,оштетени,, мускули од несакан ефект на статинот, а Вие дополнително ги форсирате со вежбање скелетните мускули, не сакам да кажам на појава на исуфицинеција на срцето како делување на статини на срцев мускул или белодробени болести како пневмонија поради белодробните мускули кои се нападнати од статините? уфффф , страшна работа , нели? ...

..и да уште ова за крај, статините како лекови делува на намалување на либидото, Ви го убива сексот во Вас што преставува една од основните фактори за виталноста на целиот организам !!!
...не знам колку бев убедлива или неубедлива, лично за себе си одлучив за ова опција во која верувам и можам да се пофалам дека барем кај мене идеално функционира барем до сега и затоа го споделувам....
... мое мото е, да не се пијат лекарства кои имаат повеќе несакани споредни ефекти отколку симптомите! (y)
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom