Акции на СЈО (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Grmys
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
http://www.libertas.mk/latas-sjo-i-pushtija-istrazhiteli-na-ivona-mene-mi-se-na-vrat-devet-mesetsi/
Кутриот Латас :pos: не го оставале на мир, ни него ни неговата погрда половина. Ова исто ко некој убиец да се жали зошто полицијата му виси на врат.

Па ако не прислушкувале убаво ќе си дадеа и податоци и опрема и документи и се, ќе се собереа докази и ќе се кажеше кој го прислушкувал Грујо. Ама тоа што цело време се избегнува тој случај кажува друго. :)
. Abe znaes sto, I jas veruvam deka vlasta ima prisluskuvano, ama sum siguren deka nekoj ja prisluskuval I vlasta, treba da si krajno maloumen da veruvas deka Grujo I bracedot sami se snimale
 
. Abe znaes sto, I jas veruvam deka vlasta ima prisluskuvano, ama sum siguren deka nekoj ja prisluskuval I vlasta, treba da si krajno maloumen da veruvas deka Grujo I bracedot sami se snimale

Некој што имал пристап и работел со опремата очигледно ги издал (на наша среќа) Грујо и братучедот со тоа што ги снимал и нив
 
. Abe znaes sto, I jas veruvam deka vlasta ima prisluskuvano, ama sum siguren deka nekoj ja prisluskuval I vlasta, treba da si krajno maloumen da veruvas deka Grujo I bracedot sami se snimale
Грујо го прислушва миле.
Грујо збори со миле.
Бидејќи сите разговори на миле се прислушуваат/снимаат, во разговорите со миле го слушаме и грујо.
Сега појасно е?
 
Некој што имал пристап и работел со опремата очигледно ги издал (на наша среќа) Грујо и братучедот со тоа што ги снимал и нив
Pa da nekoj, nekoj od tie veke e vo zatvor.[DOUBLEPOST=1477258168][/DOUBLEPOST]
Грујо го прислушва миле.
Грујо збори со миле.
Бидејќи сите разговори на миле се прислушуваат/снимаат, во разговорите со миле го слушаме и грујо.
Сега појасно е?
Ne
 
Ако досега не е јасно, еве, да ти појаснам, катица нема лично да седне, и да ги експортира доказите. Има овластено лице, има вработени во убк што треба да го направат тоа.Луѓе што се сертифицирани за користење на таа опрема.Нема потреба од лагите за Ериксон, знаеме дека се купува на време.
Овластеното лице дошло вечерта, кажало дека не се чувствува компетентно да направи такво нешто. Вработените во УБК исто. Самата Лена кажа дека ќе чекаат човек од надвор.

И затоа што овде се јавија луѓе што го дообјаснија соопштението на Ериксон, и очигледно се добро упатени во нивните ставови, само искористив прилика да прашам што направиле Ериксон со стручното лице. Кога ќе го праќаат.
 
Во реакцијата на Ериксон една битна работа не кажуваат. Ќе пратат експерт, или викаат не е наша опремата, за извлекување на податоци нека се снајде Катица?

Катица може да се снајде и на друг начин. Да ја извади целата опрема и да ја однесе на расклопување во СЈО чираци да се учат на нејзе.

Зошто нели во УБК немало компетентно лице што знае како да вади податоци од истата.

Сеа Чавков што изјава ќе дава, дека на друг Ериксон дека била опремата? На подружницата во Самоа.
 
Зошто УБК се мачи од петни жили да ги оневозможи СЈО

Ако СЈО само стои до системот, а нема пасворд да влезе, тогаш е не само возможно и реалистично, туку и сосема лесно некој од надвор, од било каде, којшто добил пристап од администраторот, во случајот тоа е УБК, и тој некој може да прави што сака: да менува, да брише, да додава, а со доволно време и да се потруди да ги прикрие трагите,објаснува д-р Трајковски

Според Трајковски, под претпоставка дека е така, постојат милијарди начии и простор за манипулации да се избришат трагите, ако се има во предвид колку денови поминаа. А без директен пристап на истражителите од СЈО во системот, не е толку важно дали пред компјутерот стоел некој или никој. Доволно е тој некој да има администраторски пристап и може да прави што сака од каде сака, а секој кој не е внатре во системот во исто време не може ништо да контролира и гледа
 
Овластеното лице дошло вечерта, кажало дека не се чувствува компетентно да направи такво нешто. Вработените во УБК исто. Самата Лена кажа дека ќе чекаат човек од надвор.

И затоа што овде се јавија луѓе што го дообјаснија соопштението на Ериксон, и очигледно се добро упатени во нивните ставови, само искористив прилика да прашам што направиле Ериксон со стручното лице. Кога ќе го праќаат.
Што се случува кога убк, за потребите на убк треба да извади податоци од системот? Чекаат сертифицирано лице од ериксон?
 
Па сигурно, нашиве глупи се не знаат, сигурно ја гледаат опремата и викаат што ли е сега ова.
Ниту ќе дојде некој од Ериксон ниту ништо, ќе си ги дадат сами податоците. Така е тоа, ќе доаѓа некој во Македонија само за да им одвои податоци. Абе ајде немојте, не сте глупи.
 
Што се случува кога убк, за потребите на убк треба да извади податоци од системот? Чекаат сертифицирано лице од ериксон?

Најверојатно сака да каже дека УБК со оваа фора ги дупчат СЈО. Дека немале компетентни лица.[DOUBLEPOST=1477307850][/DOUBLEPOST]
Луѓе, знае некој што се дешава со Хорхе? После бисерите со аболициите никаде го нема. Скоро да почна да ми недостига.

Најверојатно е отиден на свечено отварање на деновите на зелникот во село Житоше.
 
Последно уредено:
Ептен јaкo ги дупчaт, уште пoјaкo ќе ги дупчaт кoгa ќе ги oткријaт декa прoдoлжиле сo прислушкувaње. Тoгaш нaјјaкo ќе дупчaт.
 
Луѓе, знае некој што се дешава со Хорхе? После бисерите со аболициите никаде го нема. Скоро да почна да ми недостига.
На секој празник дава изјава дека треба народот да се сплоти заедно. Еве мој предлог е нека си даде оставка и да види како сите заедно ќе славиме.
 
Зошто УБК се мачи од петни жили да ги оневозможи СЈО

Ако СЈО само стои до системот, а нема пасворд да влезе, тогаш е не само возможно и реалистично, туку и сосема лесно некој од надвор, од било каде, којшто добил пристап од администраторот, во случајот тоа е УБК, и тој некој може да прави што сака: да менува, да брише, да додава, а со доволно време и да се потруди да ги прикрие трагите,објаснува д-р Трајковски

Според Трајковски, под претпоставка дека е така, постојат милијарди начии и простор за манипулации да се избришат трагите, ако се има во предвид колку денови поминаа. А без директен пристап на истражителите од СЈО во системот, не е толку важно дали пред компјутерот стоел некој или никој. Доволно е тој некој да има администраторски пристап и може да прави што сака од каде сака, а секој кој не е внатре во системот во исто време не може ништо да контролира и гледа
Да, со team viewer може.
 
Ексклузивно: Eве го планот на СДСМ и СЈО до крајот на изборите
Ексклузивно го дознаваме планот на СДСМ и СЈО за дејствување до крајот на изборите. Соочени со вистински дебакл во работењето, отежнати со бројните афери и скандали кои се врзуваат со СЈО и по поглед на непотизмот, финансиското работење на институцијата и најважно бруталното пречекорување на овластувањата и кршењето на законите, но и од друга страна извесноста дека СДСМ ќе ги загуби изборите и нискиот рејтинг којшто го има, кој говори дека ВМРО-ДПМНЕ е со двојна предност во однос на СДСМ, Катица Јанева и Зоран Заев смислиле прецизен план до крајот на изборите главната тежа на политичка битка да ја префрлат токму на Специјалното обвинителство.

Наместо правда, СЈО ќе води политичка кампања

Имено, по неколкуте средби и комуникации што меѓусебно ги имале СДСМ и СЈО, договориле до 11 декември Специјалното јавно обвинителство да излезе со 13 до 16 барања за истраги и 6 обвиненија. Важна била бројката и тенденцијата што е можно повеќе луѓе од раководството на ВМРО-ДПМНЕ да се опфатат со нивните прес-конференции директно атакувајќи врз нивниот углед, употребувајќи политички етикети, а со цел да се влијае на нивниот кредибилитет.

Набрзина се штанцале наводи и се измислувале аргументи колку-толку да се најде некаков основ да се скандализираат што е можно повеќе случаи. Целта било кога веќе не може СДСМ да победи ниту да се приближи до рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ, да се направи штета и доколку е можно, да се влијае на намалување на поддршката на ВМРО-ДПМНЕ.

Од она што било договорано, во игра било покренување обвинение за случајот за наводни изборни нерегуларности „Титаник“. По неуспехот на Заев и СДСМ да прикажат постоење на избирачки фантоми, како и избивањето на тезата дека избирачкиот список е непрочистен, СДСМ и СЈО ќе го бараат спасот преку обвинение за „Титаник“, и тоа намерно пред почетокот на изборите, а сè во функција на изборната кампања. Иако и на СЈО и на СДСМ им било јасно дека нема никаков еклатантен доказ за постоење на какви било нерегуларности, намерата е да се подготват алибија кои би можеле да се искористат за правдање и на претстојниот изборен пораз, кој многу веројатно ќе уследи.

Меѓу случаите за кој се работело забрзано од страна на СЈО да се отпочне со истрага, а со тоа да се одржи и јавна прес-конференција на која ќе се настапува со политички квалификации, било набавката на новите возила „шкода“ во МВР. Таму целта е дополнително валкање на угледот на полицијата, овој пат со наводен економски криминал.

Исто така, забрзано се работело и на покренување истрага за изградбата на автопатот Демир Капија – Смоквица, каде што потписник од другата страна е токму Европската унија. Иако ова внело доза колебање дали воопшто вреди да се отвора овој случај, особено што се работи за надворешен фактор и тоа што немало никакви докази, сепак во недостиг на време не се исфрлало можноста да се опфати и оваа тема.

Ќе се продолжело и со лична дискредитација на Груевски, па така СЈО и СДСМ се договориле да отворат истрага и за набавка на службениот мерцедес за потребите на ВИП-гостите кој го поседува МВР и кој ги задоволува највисоките безбедносни стандарди.

Личен атак врз угледот се спремал и врз министерот за здравство и потпретседател на Владата, кој исто така е дел од истурената постава на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров. Немајќи здрава основа, СЈО почнало да собира податоци за изградбата на болницата во Охрид, главните наоди им се основале на чаршиски рекла-казала муабети, површни обвинувања, без никакви докази. Дискредитацијата ќе продолжела и кон целото ВМРО-ДПМНЕ. Сигурно ќе атакуваат на сите носители на листите на ВМРО-ДПМНЕ, без разлика дали ги има во бомбите. Шефот на изборниот штаб, членовите на Извршниот комитет и пратеници за кои СДСМ ценело дека имаат доверба од народот и се авторитетмеѓу партиската структура, министри и потпретседатели на Влада и сите за кои Зоран Заев ќе одлучел дека му сметале или се достоинствени и вредат меѓу народот, ќе бидат предмет на овој линч.

Освен тоа, ќе атакувале и на Минитсрството за надворешни работи, на бизнисмени кои сакаат да ѝ помогнат на Македонија, ќе ги уценуваат со бомбите, а нема да ги поштеделе ни партиските активисти на локално ниво, кои се познати и авторитетни во народот.

Во обид СЈО да ги престави како злосторничко здружување, ќе ја испитувале легалната градба на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ и имотот на партијата, како и приходите кои ги имала во минатото, иако сè е чисто и достапно на транспаретен начин.

Притисок СЈО ќе врши и врз медиумите. Очигледно е дека на СДСМ повторно му се виновни медиумите за слабиот рејтинг, па затоа истражителите на СЈО собирале информации и за работата на одредени новинари кои отворено ја критикуваат СДСМ и СЈО.

Иако градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски, ја базираше целата своја изборна кампања дека ќе нашол еден куп незаконитости во „Скопје 2014“, и се увиди дека таму се е чисто и не извади ниту еден незаконски детал, СЈО мака мачело да го проблематизира градењето на објектите и спомениците и доколку може да најде поврзување и прикажување на злосторничко здружување за сите градби од проектот.

СЈО и СДСМ нема да го поштеди во политичката битка ниту ДУИ. Имено, на СДСМ отворено атакувајќи на албанските гласови со повиците за редифинирање на државата и вметнување на албанскиот јазик како втор службен јазик на територијата на целата држава, очигледно му смета ДУИ, а воедно сака да ја фавоиризира и БЕСА.Токму затоа СЈО се заангажирало да го испита и неуспешниот попис и доколку може, и тука да се скандализираат некои аспекти.

Фрустираноста во СДСМ растела со приближувањето на изборите. Свесни дека ниту бомбите ниту платеничката револуција не дадоа резултат, па политичката кампања ќе ја водат преку инструментот СЈО, кој е последниот адут во раковот на Заев.

anketa-katica-janeva-520x281.png


Бројките покажуваат дека две и пол години СДСМ не мрдна од дното на анкетите. Анкетите укажуваат и на очајно слаби резултати од работата на СЈО и Катица што јасно укажува дека граѓаните на СЈО гледаат како политички инструмент во рацете на СДСМ. Тоа се гледа и од анкетите на „Павел Шатев“ и на „Брима галуп“. Над две третини од граѓаните, поточно 60.9% имаат негативно мислење за специјалната обвинителка Катица Јанева. Точно 60% немаат никаква доверба во нејзината работа. Огромни 67,8 проценти од граѓаните сметаат дека обвиненијата на Катица Јанева и Специјалното обвинителство за одредени функционери на власта не се издржани и се политички мотивирани. 67,2проценти, пак, сметаат дека СЈО и Катица со нивната работа врши политички притисок врз власта.

Од анкетата на „Брима галуп“ се гледа дека огромното мнозинство од 35.4% сметаат дека Катица Јанева е поблиска до СДСМ, а само 1% сметаат дека е поблиска до ВМРО-ДПМНЕ. 19.9% сметаат дека таа следи упатсва и е под влијание на амбасадорите на САД и ЕУ.

Во ВМРО-ДПМНЕ се релаксирани и на ова гледаат како дел од театарот приредуват од Заев и Катица кој само ја зголемува разликата во поддршката на граѓаните. На луѓето од ВМРО-ДПМНЕ совршено јасно им е што може да очекуваат од СЈО, но нивен главен и најзнаќаен фокус кон кои се насочени е токму програмата со која ќе излезат пред граѓаните и теренот на кој постојано меѓу народот може да се видат функционерите на ВМРО-ДПМНЕ.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom