Сте чуле за Редот?

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.183
Поени од реакции
12.160
Небитно е кој степен е некој по патот на својата иницијација... Ништо не ви значи тоа вам... реално.
Многу малку им значи на луѓето денес било што, не пак степени и тајни Редови за кои слушнале во некоја „жолта штампа“ која си билда читаност со објавување „бомбастични“ изјави... ништо страшно...[DOUBLEPOST=1477081704][/DOUBLEPOST]
True...
Затоа го напишав ова во врска со тој „Македонски Ред“ кој што не постои... некако многу слично со О.Т.О. па си велам некој да не слушнал, па да не дослушал и си гради мистерии за да му е интересно во животот... :)
TpH_Bo_OkO ако сакаш погледни го овој текст. Може си слушнал, не си дослушнал сказната, а и можеби тој што ја раскажува бааги зачини и додава :)

Ете извадок од текстот, кој што ако забележиш спаѓа под „Обврски на Браќата“ :)

„6. Браќата треба да ја искористат секоја прилика за да си помагаат едни на други во нивните потреби, работи и професии било да се работи за непосредна соработка со Браќата која треба да има предност пред другите, или да се зборува добро за нив или според потребите и околностите.
Пожелно е, доколку е можно, двајца или повеќе Браќа од истата Ложа што се вклучени во иста работа, да се спремат да ја спојат истата преку влегување во партнерски однос. Така со тек на време големи и моќни корпорации може да произлезат од малите индивидуални претпријатија.

7. Тие ќе бидат трудољубиви во циркулирањето на сите расправи, манифести и сите други објави кои Редот може повремено да ги издаде заради подучување или еманципација на профаните.“

--- Liber CI - Отворено писмо до оние кои би сакале да му се придружат на Редот

Редот бре... Името на Редот било РЕДОТ! :D
Теории на Заговори на македонски начин :)
 
Член од
21 февруари 2012
Мислења
1.649
Поени од реакции
867
Што ви е бе луѓе? И да сме чуле и да не сме чуле та преку тасета... кого уште го заболе за пар буржоази кој глумат дека некого можат да контролираат и дека ги држат работите под контрола?
Па не е ова 19 век, па срања попут масони, илуминати, редови, ориенти, црни и бели папи и останати куротресотини да владеат и командаат со светот, криво ми е кога гледам како млади луѓе се навлечени и сеуште веруваат во овие глупости.
Вакви и слични ложи низ балканов од секогаш постоеле и можеби сеуште постојат не викам не, но од секогаш целта на овие багри (низ Македонија и екс Ју) им била една а тоа е ``лична корист`` да се налапаат пари, да договорат некоја мутна зделка а во меѓувреме да го извадат гзот со муабет сличен на овој (Јас сум принц на големата ложа на ориентот јас сум масон од не знам таму кој ред) јас сум Дончо уствари..
2016 е мајку му, живееме во време каде што технологијата гази се пред себе, и драстично влијае над човековиот ум (го прави имун на овие прикаски и глупости)
Не се замарајте, и да постојат, не ви можат ништо лично на вас или на човештвото.
Слободни ѕидари, редови,секти,ложи,групи, курци-палци и останати ВИСТИНСКИ организации во Македонија изумреа одамна, (кој уште верува во овие глупости?) сега ова што го има низ Македонија се обични криминалци кој нашле начин како да си го извлечат газот и да склопат некој дил со вакви приказни.. а народ ко народ, си верува...
Да е така ко што веруваат многу испрани мозоци низ Македонија, еден Бајруш, Јане Тица,Аце Циганот и останати кримоси и гангстери се поголеми редови,масони или што ти ја знам таму од тие "вистинските'' што се представуваат дека се.
За муабетот имаш пиво од мене.
:pivo2:[DOUBLEPOST=1477086631][/DOUBLEPOST]

Јас сум член на овој Ред: Ordo Templi Orientis, или О.Т.О кој што го шири Законот на Телема.
Не на тој Ред кој што си наслушнал дека се вика „Редот“ :)

На мојот блог повеќе ќе дознаеш за О.Т.О., Телема и останато, но не верувам дека тоа е „Редот“ околу кој се креваат теории на заговори во Македонија за кој ти нешто си наслушнал :)

А може и да е, не знам со сигурност... се може да измисли Македонецот денес :)
И што правите во тој ред?[DOUBLEPOST=1477086723][/DOUBLEPOST]
Пази леџа на 11-тo ниво во O.T.O :)

Му доаѓа нешто као флипер, пред 11-то ниво ти доаѓа главниот и сака анален секс со тебе. Така е или погрешно сум разбрал?

Инаку, нели е контрадикторно со слободна волја тоа што од друга страна за иницијација во 11-то ниво браќата задолжително треба да дадат газе? Кај е слободната волја тука?

Инаку, не е темава за О.Т.О, за друг ред е, наречен Редот. Ако чул некој нешто за нив, нека каже.
Веројатно од тоа доаѓа името "Редот", дека им се редат. :D
 
D

Daedalus

Гостин
Ако ова „Редот“, не е некоја македонска измишљотина и/или неколку будали коишто сакаат да прават страшни и безобразни работи додека слушаат Мехем, тогаш једино нешто што најдов, е некој мормонски Ред којшто уште се вика и „Редот“.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.034
Поени од реакции
83.467

Ха, има еден тон тајни здруженија по белиов свет кои локално ги викаат Редот.
Мене ми личи дек Редот кај нас не постои, како засебен ред со транспарентна идеологија (што само по себе е смешно).
 
Све тоа е еден перенијализам. Што е Надвор, тоа е и Внатре. Што е Горе, тоа е и Доле. Сите сме Едно, Едното е Сите.
Така да што и да е тој Ред, каква и да е таа идеологија, све е тоа исто и веќе кажано во староеонските религии, само обвиткано со друг јазик.

Единственото нешто што е вистина е Бесконечната Љубов, све друго е илузија.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
ОТО
Друго такво друштво, братство, ред се ОТО. Начелно, се занимаваат со просветлување на личноста преку осознавање и спроведување на нејзината вистинска воља. Користат прастари магијски/ритуални пракси, повикуваат демони, медитираат, прават црни магии, сексуални магии користат и слично. Во пракса, станува збор за луѓе кои само сакаат да легнат некоја нова членка, зашеметена од силната мистика, или некоја слична нискост.
Алал да ти е на логикава, според неа, ти како деклариран православен христијанин, би значело дека живееш според примерот и делата на свештеници од типот на српскиот Качеванда, што би значело дека си педофил што има секс со тинејџерски момчиња и живее во раскош, на сметка на наивни и лекоумни верници.
Која е таа пракса? Колку членови познаваш лично? Дали тие одговараат на ова што го кажа?
Инаку, нели е контрадикторно со слободна волја тоа што од друга страна за иницијација во 11-то ниво браќата задолжително треба да дадат газе? Кај е слободната волја тука?
Епа погрешно си разбрал, како прво не станува збор за слободна волја туку за вистинска - чиста волја. Друга работа, без разлика дали се работи за прв степен или за последниот, за сите важи едно едноставно правило, а тоа е дека никој нема право да примора некого на било што кое е спротивно на неговата чиста волја. Така да, глупостиве што си ги истресол немаат врска со реалноста.[DOUBLEPOST=1477249000][/DOUBLEPOST]
Веројатно од тоа доаѓа името "Редот", дека им се редат. :D
Од лично искуство ова?
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.034
Поени од реакции
83.467
Алал да ти е на логикава, според неа, ти како деклариран православен христијанин, би значело дека живееш според примерот и делата на свештеници од типот на српскиот Качеванда, што би значело дека си педофил што има секс со тинејџерски момчиња и живее во раскош, на сметка на наивни и лекоумни верници.
Која е таа пракса? Колку членови познаваш лично? Дали тие одговараат на ова што го кажа?
Генерализирање. Тоа е твојата поплака.
Не генерализирав, споменав дека постојат исклучоци:
Е сега, мора да се истакне дека секогаш, речиси во секоја таква организација (ОТО, Темплари, Масони, партии, здруженија...), има искрени подржувачи на идејата и верници, кои ретко завршуваат на истата позиција. Обично или во пракса капитулираат со подршката на идеалите од фундаментот на организацијата, односно стануваат како и другите, или пак разочарани ја напуштаат организацијата, не можејќи да се помират со фактичката состојба во организацијата, која ни од далеку не е одраз на теоријата зад која стои таа.
Злоупотребата на мистичните редови, братства и нивните високи идеали, не е од завчера. Уште во времето на западниот магијски препород инстантно се накотиле разноразни шалабајзери (најчесто свежо пристигнати од Индија), кои основале свои редови/братства/окултни кружоци, базирани на оваа или онаа традиција, а кои всушност само сакаа да легнат некоја безделничка-дама од високите кругови на викторијанска и поствикторијанска Британија. Психичка Самоодбрана е полна со такви примери (кои можат лесно да се најдат и надвор од неа).
За жал, таквите практики на злоупотреба се неодвоиви од човековата природа која е иста и тогаш и денес. Искрените трагачи по вистината, како Вескот, Медерс, Форчн...не добија никогаш поголем удар и штета, од штетата која им ја нанесуваат расипаните јајца од сопствените редови, на кои законот им се примордијалните пориви, а не духовниот напредок.
"Ќе ги познаете по делата" И навистина така е.

Секако дека и во религиите, потполно истото се случува. Нормално - затоа што човековата природа е таа. Свештениците се грешни, ама црквата е света.
 
Последно уредено:

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Генерализирање. Тоа е твојата поплака.
Не генерализирав, споменав дека постојат исклучоци:

Злоупотребата на мистичните редови, братства и нивните високи идеали, не е од завчера. Уште во времето на западниот магијски препород инстантно се накотиле разноразни шалабајзери (најчесто свежо пристигнати од Индија) кои основале свои редови/братства/окултни кружоци, базирани на оваа или онаа традиција, а кои всушност само сакаа да легнат некоја безделничка-дама од високите кругови на викторијанска и поствикторијанска Британија. Психичка Самоодбрана е полна со такви примери (кои можат лесно да се најдат и надвор од неа).
За жал, таквите практики на злоупотреба се неодвоиви од човековата природа која е иста и тогаш и денес. Искрените трагачи по вистината, како Вескот, Медерс, Форчн...не добија никогаш поголем удар и штета, од штетата која им ја нанесуваат расипаните јајца од сопствените редови, на кои законот им се примодијалните пориви, а не духовниот напредок.
"Ќе ги познаете по делата" И навистина така е.

Секако дека и во религиите, потполно истото се случува. Нормално - затоа што човековата природа е таа. Свештениците се грешни, ама црквата е света.
Спомна дека имало исклучоци, да, но исто така изнесе и сопствен заклучок дека тие исклучоци завршувале или разочарано или го напуштале Редот, со што алудираше на тоа дека во пракса, евентуално нема никој од тие искрени ,,исклучоци".
Ништо подалеку од реалноста неможе да биде, всушност реалноста е токму спротивна. Самиот кажа дека случаите на поединци што влегувале од погрешни причини денеска не постојат. Не ми одговори ниту на прашањето колку сегашни - постоечки членови познаваш и за колку од нив важат квалификациите што ги изнесе.
Ако твојата оценка и проценка се реални и објективни, зошто не ги спомна членовите што се угледни лекари, правници, бизнисмени и интелектуалци? Реални - постоечки членови, не од некое минато време.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.034
Поени од реакции
83.467
Спомна дека имало исклучоци, да, но исто така изнесе и сопствен заклучок дека тие исклучоци завршувале или разочарано или го напуштале Редот, со што алудираше на тоа дека таа во таа пракса што ја спомна евентуално нема никој од тие искрени ,,исклучоци".
Тоа беше од моја страна обид, да се доловат дилемите на новопримениот брат/член, кој веднаш забележува разноглсие и неконзистентност помеѓу прокламираните заложби и идеи од една страна и практиката.
На пример, член на ВМРО ДПМНЕ и искрен подржувач на идеалите зад кои стои партијата, приметува континуирано флагрантно отстапување од споменатите премиси. Што ќе прави?
Може да тера со стадото понесен од примитивниот прагматизам, кој можеби ќе му донесе некаква лична социо-економска корист и со тоа да ја стави под черга причината заради која се придружил. Или пак може да се оддалечи, токму поради тоа, од партијата.
Во секојдневието тоа е неговиот избор. Во романтичниот свет, правилниот потег е да продолжи да дејствува во рамките на организацијата со цел да ја донесе на прав пат. Но, колку ти личи возможно тоа во примерот кој го споменав?

Да, во реалноста навистина постојат искрени подржувачи на идеја, кои сепак не излегуваат од множеството и продолжуваат да дејствуваат барем себеси, лично не компромитирајќи се притоа (колку што можат). Но, колку навистина тие не се компромитирани како еден од запчаниците на расипаниот механизам?

Така да, вистинското прашање се сведува на тоа колку е механизмот компромитиран како целина?

Самиот кажа дека случаите на поединци што влегувале од погрешни причини денеска не постојат.
Не сум рекол дека не постојат денес такви примери. Напротив.

Не ми одговори ниту на прашањето колку сегашни - постоечки членови познаваш и за колку од нив важат квалификациите што ги изнесе.
.
Точно. Не одговорив на тоа прашање.
 
Последно уредено:

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Тоа беше од моја страна обид, да се доловат дилемите на новопримениот брат/член, кој веднаш забележува разноглсие и неконзистентност помеѓу прокламираните заложби и идеи од една страна и практиката.
На пример, член на ВМРО ДПМНЕ и искрен подржувач на идеалите зад кои стои партијата и идејата, приметува континуирано флагрантно отстапување од споменатите премиси. Што ќе прави?
Може да тера со стадото понесен од примитивниот прагматизам, кој можеби ќе му донесе некаква лична социо-економска корист и со тоа да ја стави под черга причината заради која се придружил. Или пак може да се оддалечи, токму поради тоа, од партијата.
Во секојдневието тоа е неговиот избор. Во романтичниот свет, правилниот потег е да продолжи да дејствува во рамките на организацијата со цел да ја донесе на прав пат. Но, колку ти личи возможно тоа во примерот кој го споменав?

Да, во реалноста навистина постојат искрени подржувачи на идеја, кои сепак не излегуваат од множеството и продолжуваат да дејствуваат барем себеси, лично не компромитирајќи се притоа (колку што можат). Но, колку навистина тие не се компромитирани како еден од запчаниците на расипаниот механизам?

Така да, вистинското прашање се сведува на тоа колку е механизмот компромитиран како целина?
Мешање баби и жаби. Што мешаш ВМРО и остали политички партии со конкретниов муабет?! Ти изнесе еден куп гнасотии за нас, на конкретен предизвик да изнесеш објективни аргументи за гнасотиите што ги изнакажа, ти ми цепидлачиш за импресиите на некој лепач на плакати од некоја си политичка партија! Како ќе знаеш какви дилеми имал новопримениот брат/член? Со споредби на членови од политичка партија?! Што имаш ти како аргумент дека механизмот бил компримитиран како целина?
Не сум рекол дека не постојат денес такви примери. Напротив.
Велат ако баба лаже, рог не лаже. Ти зборуваше за настани што се случувале во СФРЈ, и еве што кажа за истите:
Во СФРЈ ОТО клапата се растури (осумдесетите беше тоа) исто така заради авторски права и заради тоа што врвот на ОТО се претставуваше далеку полиберален, одошто стварно беше.
Точно. Не одговорив на тоа прашање.
Е оти така? Или битно да само да се исплука нечие достоинство? За аргументи нема потреба?
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.034
Поени од реакции
83.467
Велат ако баба лаже, рог не лаже. Ти зборуваше за настани што се случувале во СФРЈ, и еве што кажа за истите:
Да, зборував за настани во СФРЈ, но никаде не реков дека денес нема такви работи.

А во контекст на темава има ли некој друг овде нешто да чул за "Редот"?
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Да, зборував за настани во СФРЈ, но никаде не реков дека денес нема такви работи.
Ти многу нешта не кажа. Измеша баби и жаби, изнесе клевети и обвинувања за кои немаш аргументи.... Зошто, ти си знаеш.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.034
Поени од реакции
83.467
Ти многу нешта не кажа. Измеша баби и жаби, изнесе клевети и обвинувања за кои немаш аргументи.... .
За жал, болна вистина е дека човековите ниски страсти и пориви им наштетија на речиси сите негови здруженија кои имаат високи идеали. Па прашувам, зошто не би било така и во "Редот"?
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.795
Поени од реакции
6.209
Ред се редат Маре мори.......

ако ви кажам ќе треба да ве убијам
 
Kajgana Shop

На врв Bottom