Björn
Does Your Mother Know?
- Член од
- 14 август 2006
- Мислења
- 45.034
- Поени од реакции
- 83.467
Редовите во Македонија, како и се друго, се само одек, бледа слика на оригиналот, кој некаде по светов можеби дава поверна слика на идеалите зад кои егзистира.
Масоните
Масоните се здружуваат, начелно, зад некои морални и етички идеали, борба за изградба на подобар човек/човештво и нешто мистика. Сепак, во пракса е нешто поинаку, па така ја имаме италијанската Пи ложа, која бескрупулозно се мешаше во политика и имаше врски во мафија. Кај нас имаме главниот мајстор да не им исплаќа плати на своите вработени, по пропаѓањето на неговата авио-компанија. Имаме масонски градежни фирми кои на секој ебан столб, фасада, ѕид, рекламираат дека се масонски. Идете позади тцБуњаковец и видете ја катната гаража. на колку места има залепено налепници со масонски знаци и дали воопшто можат да се избројат. Лупаат огромни шестари и G букви на сите фасади. Не би ме чудело и дома пред врата да напишал - овде живее масон, пазите се. Па уште ја крстил фирмата Масон инжинеринг.
Во Македонија масонството како и се друго е искривена слика на оригиналот, аберирана од духовниот пад на самите граѓани на земјава, од каде и доаѓаат членовите. Просто кажано, Масонството кај нас служи првенствено за дигање чалам во високите кругови. Да идеш и да ги прашаш основни работи, на пример што се Јахин и Боаз, ја се кладам дека ќе најдеш членови кои поима немаат.
Масонството во Македонија е на ниво на политичките партии. На пример, едно пишува во статутот на ВМРО ДПМНЕ, а друго прават челниците. Исто и за било која друга партија. Така е и во тајните и полутајните друштва кај нас.
ОТО
Друго такво друштво, братство, ред се ОТО. Начелно, се занимаваат со просветлување на личноста преку осознавање и спроведување на нејзината вистинска воља. Користат прастари магијски/ритуални пракси, повикуваат демони, медитираат, прават црни магии, сексуални магии користат и слично. Во пракса, станува збор за луѓе кои само сакаат да легнат некоја нова членка, зашеметена од силната мистика, или некоја слична нискост.
Магијски војни, клетви, уроци и друго, трештеа на сите страни, при војната на Алистер Кроули и Мекгрегор Медерс (основоположникот на редот од кој изникнаа други редови, па и ОТО). За што? Заради авторски права над книгите, називите и слично. Во СФРЈ ОТО клапата се растури (осумдесетите беше тоа) исто така заради авторски права и заради тоа што врвот на ОТО се претставуваше далеку полиберален, одошто стварно беше. Па оргиите предизвикаа малку завист и љубомора кај врховните мајстори (или како и да се викаат), што доведе до распад. Озбилно, ви личат ли ова на активности на просветлени ликови некои? Некои кои медитирале и се занимавале активно со напредок на лично, духовно ниво?
Ги имаме уште и Темпларите, имавме порано Црна Ружа и да не набројувам.
Поентата ми е, во фактот дека полутајните и тајните друштва, исто како и (да ги наречам) световните организации (партии, асоцијации, клубови...), патат од нефункционалност, во помала или поголема мера, заради несовршеноста на нивните членови, кои се само луѓе и кои не можат поради личниот пад, верно да ги пресликаат во пракса, идеалите зад кои стои друштвото/редот/братството. Па затоа, постојано (и денес и порано, и кај нас и по светов)имаме злоупотреби или целосно занемарување на основните идеали и принципи зад кои стои организацијата, во корист на личните интереси. за разлика од партиите како ВМРО или СДСМ, ова кај редовите, братствата и сл. е пофлагрантно како лош резултат, бидејќи суштински повеќето од тие редови и братства се стремат кон мистични пракси и идеали, при обликување на еден етички и морално подобар човек.
Да, зад сите тие тајни кодови на честа, медитации, просветленија, идеали... цело време (и порано и сега) стои човекот со своите ниски страсти, што често на нововлезените идеалисти не им е баш најјасно или пак сакаат да веруваат дека не е така. Е сега, мора да се истакне дека секогаш, речиси во секоја таква организација (ОТО, Темплари, Масони, партии, здруженија...), има искрени подржувачи на идејата и верници, кои ретко завршуваат на истата позиција. Обично или во пракса капитулираат со подршката на идеалите од фундаментот на организацијата, односно стануваат како и другите, или пак разочарани ја напуштаат организацијата, не можејќи да се помират со фактичката состојба во организацијата, која ни од далеку не е одраз на теоријата зад која стои таа.
Редот
За редот прв пат слушам. Но, доколку навистина постои, сето погоре кажано (како и други факти од историјата на оваквите множества), ми дава за право да се посомневам дека на крајот на краиштата, сепак постои огромна шанса да станува збор за нечија алатка во остварувње на личните интереси, амбиции и корист, а не за некаков заеднички напор кон постигнување на некое повисоко добро (доколку воопшто има таков карактер).
Факт е, дека голем дел од надворешните субјекти и ги разгледуваат овие организации, зачленувањето во нив, како можност за здобивање со лична корист, на полето на моќта, влијанијата и материјалната корист (во крајна линија) Ретко, надворешните субјекти/ идните членови, се поставуваат како искрени адепти, скокачи кон совршенството. Ретко тие се грижат за, или им се битни идеалите и принципите.