Абе, кажи ми тоа што те прашав бе, што пишуваш глупости. Ако си во право повели одговори тоа што прашав.
.
Што би ти одговорил на глупостите што си ги напишал?
Едноставно ништо од тоа што го напиша нема никакаква допирна точка со реалноста и ти тоа многу добро го знаеш или ти немаш допирна точка со реалноста па ти се имаат измешано брзините. Кое е од тие двете ти најдобро си знаеш.
А сега да земам да ти објаснувам како на мало дете што е диктатура и зошто ова не е како да кажам ни на крај на памет ми паѓа.
Ако ти е за утеха не е ни демократија , барем не онаква која холивуд ни ја прикажува, но далеку далекуууу од диктатура. Ќе речиме дека повеќе наликуваме на карикатура од демократија, посебно во последните неколку години.
Туку пошто се расфрлаш со тешки зборови како режими, диктатури, ќе можеш вака да ми посочиш некоја друга држава слична на нашата, онака ради споредба само. Ај за овде сме пристрасни, но кога се работи за таму некаде некогаш работите можат да бидат малце појасни. Ете повели одбери некоја држава што според тебе е диктатура, владее режим и има најслична ситуација со нашата па да направиме споредба.