Де бре Џо, ама си ги намразил
Имам начуено нешто за постоењето на оваа група што се нарекува Редот, ама не доаѓам до никакви информации. Обично ваквите групи во Македонија се пуваат со сајтови, слики од собири и други глупости, демек се тајни, а се фалат кај стигнат. Редот некако многу внимава на дискрецијата.
Тоа што го имам слушнато е дека се нормални луѓе (не богаташи, олигарси, корумпирани политичари или сл.) донекаде дисиденти во однос на тоа како се кај нас поставени работите (во државен и приватен сектор), као се помагаат и поддржуваат меѓу себе т.е. практично си го чуваат грбот.
На пример, ако еден член на Редот е нормален човек, вработен во, да речеме УЈП и разбере дека друг член на Редот кој има некоја скромна фирма, ама некој од политички или од аспект на нелојална конкуренција сака да му прави сопки, едниот му помага колку што може на другиот итн.
Ги разбирам како некој вид на тивок отпор против општествово кое полно со подмолност, сељачизам, злоупотреба на моќ, козата на комшијата и сл.
Ако знае некој повеќе, нека пише.