Сте чуле за Редот?

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Веќе некое време кружат муабети за ова тајно друштво/братство/организација од Македонија, во кое наводно членуваат одбрани од најразлични професии, само со покана, кои поминале процес на иницијација.

Чул некој нешто повеќе?
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Не знам точно за кој Ред прашуваш. Ако е за масоните, тие се горе долу јавна организација.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Не, не се Масоните.
Напиши нешто повеќе, ме заинтересира. Во масонската ложа во Македонија членуваат еден куп богати и влијателни луѓе од Македонија, не знам кој би бил тој друг ред.
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Напиши нешто повеќе, ме заинтересира. Во масонската ложа во Македонија членуваат еден куп богати и влијателни луѓе од Македонија, не знам кој би бил тој друг ред.
Не се масонска ложа. Наводно се основани тука, не припаѓаат на други редови. Да знаев повеќе немаше да отворам тема и да прашам дали некој чул нешто повеќе :)
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
2.436
Поени од реакции
5.478
Во Македонија имаш Масони, Малтешки витези и се прави пробив за Редот на Змејот односно Драконите...
Се останато е детска игра....
 

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.302
Поени од реакции
21.430
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.026
Го знаете ли името на оној кој се Васко Ефтов во следнава емисија во недела го прикажа како главен на масонската ложа во Македонија?
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.516
Го знаете ли името на оној кој се Васко Ефтов во следнава емисија во недела го прикажа како главен на масонската ложа во Македонија?
Јoвицa Угринoвски се викa чoвекoт, мислaм декa е хирург.
 
J

joe.b

Гостин
Што ви е бе луѓе? И да сме чуле и да не сме чуле та преку тасета... кого уште го заболе за пар буржоази кој глумат дека некого можат да контролираат и дека ги држат работите под контрола?
Па не е ова 19 век, па срања попут масони, илуминати, редови, ориенти, црни и бели папи и останати куротресотини да владеат и командаат со светот, криво ми е кога гледам како млади луѓе се навлечени и сеуште веруваат во овие глупости.
Вакви и слични ложи низ балканов од секогаш постоеле и можеби сеуште постојат не викам не, но од секогаш целта на овие багри (низ Македонија и екс Ју) им била една а тоа е ``лична корист`` да се налапаат пари, да договорат некоја мутна зделка а во меѓувреме да го извадат гзот со муабет сличен на овој (Јас сум принц на големата ложа на ориентот јас сум масон од не знам таму кој ред) јас сум Дончо уствари..
2016 е мајку му, живееме во време каде што технологијата гази се пред себе, и драстично влијае над човековиот ум (го прави имун на овие прикаски и глупости)
Не се замарајте, и да постојат, не ви можат ништо лично на вас или на човештвото.
Слободни ѕидари, редови,секти,ложи,групи, курци-палци и останати ВИСТИНСКИ организации во Македонија изумреа одамна, (кој уште верува во овие глупости?) сега ова што го има низ Македонија се обични криминалци кој нашле начин како да си го извлечат газот и да склопат некој дил со вакви приказни.. а народ ко народ, си верува...
Да е така ко што веруваат многу испрани мозоци низ Македонија, еден Бајруш, Јане Тица,Аце Циганот и останати кримоси и гангстери се поголеми редови,масони или што ти ја знам таму од тие "вистинските'' што се представуваат дека се.
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Де бре Џо, ама си ги намразил :)

Имам начуено нешто за постоењето на оваа група што се нарекува Редот, ама не доаѓам до никакви информации. Обично ваквите групи во Македонија се пуваат со сајтови, слики од собири и други глупости, демек се тајни, а се фалат кај стигнат. Редот некако многу внимава на дискрецијата.

Тоа што го имам слушнато е дека се нормални луѓе (не богаташи, олигарси, корумпирани политичари или сл.) донекаде дисиденти во однос на тоа како се кај нас поставени работите (во државен и приватен сектор), као се помагаат и поддржуваат меѓу себе т.е. практично си го чуваат грбот.

На пример, ако еден член на Редот е нормален човек, вработен во, да речеме УЈП и разбере дека друг член на Редот кој има некоја скромна фирма, ама некој од политички или од аспект на нелојална конкуренција сака да му прави сопки, едниот му помага колку што може на другиот итн.

Ги разбирам како некој вид на тивок отпор против општествово кое полно со подмолност, сељачизам, злоупотреба на моќ, козата на комшијата и сл.

Ако знае некој повеќе, нека пише.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.183
Поени од реакции
12.160
Не се замарајте, и да постојат, не ви можат ништо лично на вас или на човештвото.
Не сум криминалец :)
И ова што го зборуваш дојде од такви тајни Редови, дека не ти може никој ништо, ниту човек ниту бог...
Работата е што се менува човештвото преку овие Редови... на одредени временски интервали „се појавуваат“ објавуваат што имаат да кажат и пак одат во „илегала“.
Човекот сам потоа одлучува што е што во играта на Земјата... нормално, колку ти е капацитетот.

TpH_Bo_OkO ако сакаш погледни го овој текст. Може си слушнал, не си дослушнал сказната, а и можеби тој што ја раскажува бааги зачини и додава :)

Ете извадок од текстот, кој што ако забележиш спаѓа под „Обврски на Браќата“ :)

„6. Браќата треба да ја искористат секоја прилика за да си помагаат едни на други во нивните потреби, работи и професии било да се работи за непосредна соработка со Браќата која треба да има предност пред другите, или да се зборува добро за нив или според потребите и околностите.
Пожелно е, доколку е можно, двајца или повеќе Браќа од истата Ложа што се вклучени во иста работа, да се спремат да ја спојат истата преку влегување во партнерски однос. Така со тек на време големи и моќни корпорации може да произлезат од малите индивидуални претпријатија.

7. Тие ќе бидат трудољубиви во циркулирањето на сите расправи, манифести и сите други објави кои Редот може повремено да ги издаде заради подучување или еманципација на профаните.“

--- Liber CI - Отворено писмо до оние кои би сакале да му се придружат на Редот

Редот бре... Името на Редот било РЕДОТ! :D
Теории на Заговори на македонски начин :)
 

Мацо_Д()

Бизнисмен
Член од
23 ноември 2015
Мислења
373
Поени од реакции
158
Го знаете ли името на оној кој се Васко Ефтов во следнава емисија во недела го прикажа како главен на масонската ложа во Македонија?
Не сум го гледал Васко Ефтов во последно време и не знам што подразираш под „главен на масонската ложа“. Некаде прочитав дека голем мајстор на македонската масонска ложа е професорот Венко Андоновски.

Ако не е тајна масоните нека потврдат.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom