Акции на СЈО (Генерална дискусија)

Статус
Затворена за нови мислења.

Rigil

Tu te reconnaîtras
Член од
14 јуни 2015
Мислења
6.611
Поени од реакции
7.737
Се додека во оваа земја со закон не се забрани лице осудено да извршува државни функции ние нигде нема да мрднеме. Абе еј основна работа што ти ја бараат секаде во странство ДОКУМЕНТ ЗА НЕОСУДУВАНОСТ, кај нас такво нешто не постои!!! СРАМОТА! Пратеник (Амди, Љубе) да можеш да станеш а си осудуван, во обвинителство (Бургија) да можеш да работиш а си осудуван, срамота! Мизерија македонска вечна за вечни векови.
Па и секаде во светов најчесто има период од 5 години каде што таа судска пресуда е заведена потоа се брише и можеш да извадиш потврда за неосудуваност. Всушност се бара дали има забрана за вршење на дејност (а тоа е случај ако си осуден за некое дело а не поминале 5 години од издржување на казната).
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.151
Поени од реакции
8.946
Се е ставено на една карта- изборите. Ако власта ги добие изборите нема да се види ниту сјо ниту опозиција, нема шанси низ судовите да помине ниту една пресуда. Доколку опозицијата ги добие изборите, сваровски судиите веднаш ке ги сменат капите и ке почнат да си ја бркаат работата како што треба па ке фрчат обвиненија, притвори, пресуди, тогаш ниту уставен нема да им биде од помош.... Овие избори ке бидат пекол.
Постапките на СЈО и работата нема да запрат без разлика на изборите. Овој процес го туркаат најверојатно странски центри на моќ. Да не мислиш ти дека аболицијата се повлече под притисок на шарената револуција (не дека таа немаше удел)
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Постапките на СЈО и работата нема да запрат без разлика на изборите. Овој процес го туркаат најверојатно странски центри на моќ. Да не мислиш ти дека аболицијата се повлече под притисок на шарената револуција (не дека таа немаше удел)
Мислиш ли дека ќе се бара поништување на аболицијата на Бранко Ц. за Зоран З.?
 
W

wicked_1

Гостин
Кој е тој член од законот каде се дозволува формирање паралелна институција како СЈО ?
Во член 1 во Законот за СЈО е уреден начин на основање, надлежности итн итн.

За сите грабежи и криминали ќутеше досеа, за ова новото пак ќе ќутиш? Голем македонец си бил ти.
 
S

silmarillion

Гостин
Па и секаде во светов најчесто има период од 5 години каде што таа судска пресуда е заведена потоа се брише и можеш да извадиш потврда за неосудуваност. Всушност се бара дали има забрана за вршење на дејност (а тоа е случај ако си осуден за некое дело а не поминале 5 години од издржување на казната).
Абе не ме заебавај какви 5 години. Самиот факт што тоа не е услов е скандал сам по себе.
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.696
Поени од реакции
6.034
Кој е тој член од законот каде се дозволува формирање паралелна институција како СЈО ?
И ти јак правник ко Џорџе....
Еве ти го законот со сите негови членови. Ако мислиш на член од Уставот, треба да ти е јасно дека Уставот не носи закони, туку Собранието. А видиш, тоа Собрание го донела законот. Сеа, шу праиме?

Инаку, исто можам да ти кажам - ти најди ми член од Уставот каде е забрането да се прави ајвар?
 

Rigil

Tu te reconnaîtras
Член од
14 јуни 2015
Мислења
6.611
Поени од реакции
7.737
„Се уште не сме влезени во системот. Од УБК сме известени дека тие две лица ќе се вратат во текот на денот и се надеваме дека тогаш ќе пристапиме кон наредбата. Чудно е што никој во државата нема пристап во овој систем освен овие лица. Податоците кои ги бараме во УБК се од круцијално значење за да се утврди кои телефонски броеви биле следени. Специјалната јавна обвинителка со тим од СЈО во моментот е таму и ќе останат се додека не добиеме пристап до системот“, рече обвинителката Ленче Рисовска.

Обвинителката нагласи дека ова е нов систем од март 2015 година, но дека мора да да се провери и делот во употребата на новиот систем, односно дали се настанати злуопотреби и на овој систем, откако стариот систем е уништен.

Стариот систем го пресоваа двапати , а сега ќе им се открие дали прислушкувале и после објавување на аферата во 2014, односно со новиот систем што го набавиле . И после се ова некој ќе ги брани овде. :tapp:
 

Македонеро

Домаќин
Член од
15 декември 2008
Мислења
3.488
Поени од реакции
1.863
И ти јак правник ко Џорџе....
Еве ти го законот со сите негови членови. Ако мислиш на член од Уставот, треба да ти е јасно дека Уставот не носи закони, туку Собранието. А видиш, тоа Собрание го донела законот. Сеа, шу праиме?

Инаку, исто можам да ти кажам - ти најди ми член од Уставот каде е забрането да се прави ајвар?
Значи уставот не дозволува,требало да го сменат и уставот ама не го смениле.Уставот не носи закони ама ако нешто е неуставно тоа значи и дека е нелегално,сфаќаш?И сега шу прајме? И каква врска има ајварот со темава?
 
Последно уредено:

Rigil

Tu te reconnaîtras
Член од
14 јуни 2015
Мислења
6.611
Поени од реакции
7.737
Абе не ме заебавај какви 5 години. Самиот факт што тоа не е услов е скандал сам по себе.
Рехабилитација (бришење на правните последици од осудата)

Рехабилитацијата значи предвремен престанок на казните {то се состојат во забрани (кои се изречени во судска одлука) и на казната протерување на странец од земјата и правните последици од осудата и бри{ење на осудата од казнена евиденција (која се води во секој суд).
Рехабилитацијата може да настане по сила на закон (законска рехабилитација) и врз основа на судска одлука (судска рехабилитација).

1. Законска рехабилитација

Условите под кои се добива рехабилитација по законски пат се следни:

-за изречена алтернативна мерка во рок од 1 година од денот на правосилноста на судската одлука доколку сторителот не стори во тој период ново кривично дело;
- Условната осуда се брише по една година откако ќе помине периодот за провека доколку сторителот не стори во тој период ново кривично дело;
- Осудата парична казна и казната забрана за управување со моторно возило, изречена како единствена казна се брише по 3 години од денот на извршената застарената или простената казна доколку сторителот не стори во тој период ново кривично дело;
- Осудите на затвор до 3 години и малолетнички затвор, се бри{ат по 5 години од денот на извршената застарената или простената казна доколку сторителот не стори во тој период ново кривично дело;

- повеќе осуди на едно лице се бришат само истовремено и тоа ако постојат услови за бришење на секоја од тие осуди.


2. Судска рехабилитација

Лицето кое сака да биде рехабилитирано по пат на судска рехабилитација мора да поднесе до судот молба за брисење на правните последици од осудата во која треба да ги наведе:
- своите генералии,
- бројот на пресудата со која е осуден
- видот на казната која му е изречена и
- висината на казната која му е изречена.

Условите под кои се добива рехабилитација по судски пат се следни:

- По протекот на 3 години од денот на издржаната, застарената или простената казна, судот може да определи да престанат правните последици од осудата што се однесува на забрана на стекнување на определени права
- - По протекот на една година од денот на примена на казната забрана за вршење одделна дејност на правно лице, судот мозе да одлучi забраната да престане
- По протекот на 3 години од од денот на применувањњето на казната забрана за вр{ење на професија, дејност или должност и забрана за управување со моторно возило и времено протерување на странец од земјата како и казната трајна забрана за вршење дејност на правното лице, судот може да одлучи да престанат

- Судот може на молба на осудениот да одлучи да се брише од казнена евиденција осудата на затвор:

1. од 3 години до 5 години во рок од 5 години од денот на издржаната застарената или простената казна доколку сторителот не стори во тој период ново кривично дело;

2. од 5 години до 10 години во рок од 10 години од денот на изджаната застарената или простената казна доколку сторителот не стори во тој период ново кривично дело;

3. од 10 години до 15 години во рок од 15 години од денот на изджаната застарената или простената казна доколку сторителот не стори во тој период ново кривично дело;

4. од 20 години во рок од 20 години од денот на изджаната застарената или простената казна доколку сторителот не стори во тој период ново кривично дело;

Казната се брише откако судот ке донесе решение за бришење на правните последици од осудата.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
И ти јак правник ко Џорџе....
Еве ти го законот со сите негови членови. Ако мислиш на член од Уставот, треба да ти е јасно дека Уставот не носи закони, туку Собранието. А видиш, тоа Собрание го донела законот. Сеа, шу праиме?
Не е проблемот во законот, туку постоење на ваков закон. Собранието го носи, а проверка на уставноста врши Уставниот суд (по нечие барање). Не значи дека ако го донел Собранието дека тоа е „аксиома“.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.841
Поени од реакции
36.875
Овие два предмети им се многу добро правно средени. Со документација, со бројки, датуми, цел тек на активностите, основаност по закон за кривично дело.

При нормални околности овие два предмети се slam-dunk за осудување.
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.696
Поени од реакции
6.034
Значи уставот не дозволува,требало да го сменат и уставот ама не го смениле.И сега шу прајме?
Не е проблемот во законот, туку постоење на ваков закон. Собранието го носи, а проверка на уставноста врши Уставниот суд (по нечие барање). Не значи дека ако го донел Собранието дека тоа е „аксиома“.
Кур ве боли вас дали ИМА криминал, и како да го решиме, - туку во бранење на тој криминал битни ви се формалностите. На ист начин како што е формирано СЈО ( со закон ) е формирано и друго Специјално одделение - за организиран криминал, што нели , е согласно Уставот.

А зашто ова СЈО не под капата на сваровски судиите, само на неиформиран или на глуп човек не му е јасно
 
Член од
1 септември 2014
Мислења
625
Поени од реакции
606
СЈО се уште немаат пристап во системот бидејќи двајцата вработени кои можат да влезат во системот за следење на телекомуникациите не се во државата.

Двајца кои раководат со системот не се во државата, андонов го обвинува СЈО дека ја доведе во прашање безбедноста на државата. Кои криминалци и психопати се.
 

Rigil

Tu te reconnaîtras
Член од
14 јуни 2015
Мислења
6.611
Поени од реакции
7.737
СЈО се уште немаат пристап во системот бидејќи двајцата вработени кои можат да влезат во системот за следење на телекомуникациите не се во државата.

Двајца кои раководат со системот не се во државата, андонов го обвинува СЈО дека ја доведе во прашање безбедноста на државата. Кои криминалци и психопати се.
Приказната за безбедноста на државата е за овците нивни поддржувачи.[DOUBLEPOST=1476965993][/DOUBLEPOST]http://betonstip.com.mk/za-nas/
http://betonstip.com.mk/za-nas/

На годишното акционерско собрание одржано на 21.12.2012 година, од компанија со двостепен систем на управување се трансформиравме во компанија со едностепен систем на управување. На 24.4.2012 во Одборот на Директори за членови беа избрани: Зоранчо Митровски за претседател на одборот, Ванче Мијалчев за извршен директор, Валентина Димовска, Тодор Мирчевски и Цветан Панделески за неизвршни членови.

На ден 23.05.2014 година, на одржаното Собрание на акционери, за членови на Одбор на директори на местото на Валентина Димовска беше избран Јордан Камчев како независен неизвршен член, и на местото на Цветна Панделески, беше избран Дејан Панделески како неизвршен член на Одборот на директори на ГТД Бетон Штип а.д. Штип. Односно новиот состав на Одборот на директори на ГТД Бетон Штип а.д. Штип е следниот: Зоранчо митровски за претседател на одборот, Ванче Мијалчев за извршен директор, Јордан Камчев, Тодор Мирчевски и Дејан Панделески за неизвршни членови.
 
Последно уредено:
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom