Нема потреба од Стевче, Драган Николич ке биде нов тренер.
Од она што можев да го прочитам, тоа е дека на почетокот од тренерската кариера бил помошник во ПСЖ. Потоа менува неколку клубови во кариерата. Една работа што го врзува за Македонија е тоа дека во минатото во 2 наврати ги водел Профитнес Охрид(?) жени но нема информации со каков успех. Исто така му бил и помошник на Дуда, откако замина Кесар.
Потоа го превзема Младост Земун од втора лига и експресно го внесува во прва. Во првата сезона завршува на 5то место, што е и најголем успех во историјата на клубот. Сеуште е тренер на Земун (од денес не), а тимот го остава со скор 3-1 на делба на првата позиција. Имаат само 1 пораз во сезоната, и тоа со 1 разлика.
Интересна работа е тоа што кај него во екипата е и Главчев, кој на сите досегашни натпревари не е испод 17 мин, стартер е, со индекс постојано во минус и на 3 натпревавари нема постигнато кош, па по тоа гледам дека скоро секој натпревар 1 полувреме го игра со 4 играчи.
Немам информации за каков тренер се работи и кои се неговите карактерни особини, каков стил на кошарка и играчи преферира. Она што го гледам и што јас мислам дека на овој тим му фали фајтер за тренер. Тренер што ќе може психички да ги олабави/спреми играчите повеќе отколку тренер кој ќе ги спреми тактички.
Прва задача ке му биде да го вклопи во системот Ричардс. Факт е дека е квалитетен центар, али Матич не успеа да го вклопи во системот со тие вртелешките на пик и постојано го мореше уместо да му спушти топка под кош па овој да игра грбно.
Второ, очекувам екипата да има подобра ротација, затоа што до сега имавме премногу честа ротација и играчите не можеа да влезат во ритам на натпреварот, нешто што најевидентно беше кај Ричардс.
Трето и најбитно е психолошката завеса да се тргне од екипата. Факт е дека имаме квалитетен состав, по мене подобар од оној на МЗТ, имаме играчи кои имаат играно по најдобрите лиги во Европа, но до сега тоа не клика.
Ова не е воопшто лесно, но ако успее барем во овие 2 од 3 работи тогаш ке биде многу подобро на терен.
Ке има тешка задача особено затоа што следни се натпреварите против Ѕвезда, Будучност, Цедевита, а наредното гостување ни е во Белград против ФМП.
Има малку време да ја спреми екипата до Понеделник. Не очекувам победа на гости (тоа е реткост во аба), но ако прикажеме добра игра тоа ке биде прв позитивен сигнал.