Мене Лападула ме купи со едно трчање по противничкиот играч некаде на 35-40 метри да му ја земе топката додека Абате и Сусо трчкараа покрај него и го гледаа, му оставаа простор као. Му ја зеде топката од нозе, му ја даде на Локатели и за 2 секунди беше назад во шеснаесетник.
Борбено куче е, многу трча, ангресивен играч. Ни фали нам таква енергија во тим и засега најсикрено, мене ми е Лападула пред Адриано во секој случај. Бака е друга категорија во моментов, ама Лападула ми е скроз ок као за негова замена.
Нијанг - копилето е увек одлучувачки фактор и има удел во многу голови на Милан сезонава (и нека продолжи така), а ипак ме ваѓа од памет увек коа ја има топката. Све нешто се сопка, ја заборава топката, се влече, се плетка. Даде скроз убав гол, да не поверуваш дека тој ја шутна онаа, а после тоа што го промаши на празен гол со глава од 3 метри беше невозможно. Копиле тешко.
Абате - тоа копиле никад не било полошо од сезонава и што побрзо на клоци да се избрка од прв тим, ако треба нека ме викнат јас ќе го исклоцам.
Ок е, личиме на нешто засеа, само не смее Јуве да не тресне од земја, све добро напраено околу самодовербата во тимот, би паднало во вода. Имаат многу утакмици во краток период, можда тоа може да се искористи.
А сеа СПАВАШ ЛИ МИРНО АЛЕГРИ МАСИМИЛИЈАНООО ?!?!1! СПАВАШ ЛИ МИРНО БУФОНЕ ЏАНЛУЈЏИ ?!1?!!