4 рунда од Шампионската Лига.
Прешов-Елверум
Татран ме изненади во првото со Ла Риоха,многу јако изиграа,да си мислиш дека Барса игра,сериозно,имаа и еден нов играч шо ако не се лажам не играше со Античките,Пешков,десен бек,искина во прво.
Во второ сосема друга слика,ама нема врска добар впечаток оставија Татран,и со Монпеље во првото играа машки,ама изгледа немаат сила за цел меч,ги фаќа некоја огромна црна дупка па се губат тоталка,и со античките на почеток се изгубија,имаа среќа шо им дозволија да се вратат,ИНАЧЕ

Ако играат барем приближно како во Логроњо ќе тепаат,овие Елверум не ми оставија никаков впечаток.
Почнав да ја гледам снимката од нивниот меч со Монпеље ама не ја догледав,само дел од првото,сеуште ми е јасно како успеаа да тепаат,сериозно.
Иако имаат интересна екипа,добри подвижни бекови,со добра контрола на топка,добро ги користат крилата.
Интересен меч во секој случај,мислам дека Татран е во предност,домашна екипа се,ќе нагазат,би требало да има и голови,двете екипи играат некојси отворен ракомет,па би требало да е интересен меч.
АНТИЧКИТЕ-Ла Риоха
Овај е мечот на денот(за мене)

каков Веспрем каков Кил бе

Чиката

повторно КАБАДАЈСКИ вика дека
"НЕ СЕ СРАМИМЕ ОД ДОСЕГАШНИТЕ РЕЗУЛТАТИ"
Е па ако не ти е срам да водиш 9-2 и на крај да изгубиш со -5 секоја чест,изгуби од третиот тим на Загреб со БРАЧА ВУЈИЌИ

,изгуби како Грчка,а играше претежно со прв тим.
И тоа кој во прв тим,Драгаш

,а Нелоски,Дрогата и компанија на клупа бришат прашина додека БРАЧА ВУЈИЌИ го полнат Металург.

Дај бе чика срамота е бе,на реномето шо ги имаш(е),не ги дупи луѓето шо сеуште ти идат на утакмици,срамота е,срамота е и за родителите на тие деца шо ги спомнуваш,дека се иднината,дека тие се темелот на екипапата а ги играш по 10 минути во просек(дали и толку).
Еве сеа и повредите на Марчец и Младеновиќ се проблем,зошто за неполн месец дури два играчи заработија тешки повреди?Дали е малер или до тренинзите?
Како прво,ни амбиции ни ништо,едноставно се игра колку да се изигра,односно колку повеќе да се згреши,онаков блед напад само во наша лига има,послаб напад нема во цела ЛШ,сериозно.

а не се толку лоши играчите за вакви статистики,има потенцијал.
Да се вратам на мечот,ЛА РИОХА,опасна екипа,како тргнале ќе си бидат на прво место,ќе го избегнат Нант и ќе добијат некој од екипи како Динамо,Мотор шо е сосема ок ждрепка.
Во многу незгоден момент гостуваат во Скопје,против најнезгоден тим.
Мислам дека има сили Линчолург да ги заеби,барем да ги намачи,како шо не се навикнати на ДРЖ-НЕДАЈ игра циркус ќе биди во БТ,посебно ако успее одбраната да си ја заврши работата.,
Ако ја убие брзината и инвентивноста во нападот на Шпанците има шанса Металург,ќе ги фати нервоза Шпанците,ќе се изгубат,со Татран се изгубија во првото,не знаеја кај се,имаа среќа шо Татран не знае да игра одбрана,а Металург барем за ова го бива.
Интересно ќе е,има сила Линчолург за подвиг,барем нема да ја продадат кожата лесно,не знам дали ќе игра Илиќ,ако игра овај и да добие слобода од чиката ќе напрај добра работа,страшно копиле е,без пардон,далеку подобра опција од Марчец.
Веспрем-Кил
Дербито на денот,како шо е во криза Веспрем а во нагорна линија Кил овде се бива.
Иако е неподлив неколку сезони Веспрем на своето буниште ама утре нема да ме чуди Билик и Нилсон да ги попарат,страшна екипа ќе е Кил за брзо.
Посебно ако се разигра Кркмата,доста го штедат сеа,посебно на послабите текми,единствен вистински плеј е,одморен за Веспрем,сигурно ќе има мотив.
Веспрем од друга страна ако не игра Ласло ќе наебат,посебно во одбрана,доста шуплово делуваат,Винчек и Тофт има да ги издоминираат на средина,посебно ако се отвори простор од бековите.
Се бива овде,неблагодарно е да се типува,сепак јас ќе истипувам машки за победа на Кил,или пак во најмала рака тесен пораз за Зебрите.
Брага-Динамо
Динамо влезе во криза,или пак толку им беше силата.
Врзаа неколку неуспеси,во средата го сркнаа од Добруџа Суд,екс Констанца на Бранче Ангеловски,Чутура,Ракчевиќ,Челица,Шијан голманот(уште брани овај орелот)

,салам го сркнаа,машки.
Сеа на едно многу незгодно гостување,против шампионот на Португалија и Челинџ купот,опасна екипа е Брага,многу брзо играат,онај левиот бек парче прај,симултанки на секој меч.
За разлика од нив,Динамо е во криза на бековите,само дуото Ецтеки игра,другите спијат,посебно Вранковиќ.тешко да извади нешто Динамо од Португалија,треба да има и многу голови,можеби и над 60,како игра Брага сосема нормално е ова.
Бешикташ-Мотор
Циркузантите,посмешна екипа од овие нема

,ГЛОУБРОТЕРСКИ РАКОМЕТ ИГРААТ,ако тепаме арно,ако не уште поарно,егзебиција.
Мотор е фаворит овде,ама и тие чкрипат надвор,одбраната им е криминал,се бива,иако Мотор има подобра екипа,нема дилеми,треба да има доста голови.
Киелце-Цеље
Уште еден РАН ЕНД ГАН меч,ќе си издоминира уште еднаш Киелце,си газат засега,на Цеље децата ќе се испуцаат и тие,и овде треба да има 60ка+.
ППД-Мешков
Меч за спас на сезоната за Вујо,во најнезгоден момент доаѓа најнезгодниот противник,
Никогаш посилен Мешков,а како игра Загреб никогаш послаб(барем не во последните неколку сезони).
Одбраната е доста слаба,а требаше да е обратно,во напад без класичен организатор тешко оди,насила Мандалиниќ се обидува,или пак со сите сили се бара Вори,дури и Хорват го игра како бек некогаш Вујо

,тој кутриот од шо е дебел не можи ни да диши повеќе

,одвај оди кутриот,како балонче е

Со игра како досега многу тешко да тепа Загреб,освен ако не ја стегнат сериозно одбраната па во еден МИНИМАЛЕЦ со примени некаде до 25 гола да пробаат да искористат транзиција и да даваат лесни голови,ако одат позиционо и чекаат од ШЕБЕ да ги извади наебаа

Мешков од друга страна во голема еуфорија си доаѓа во Загреб,си имаа лесен тренинг со Цеље пред некој ден во СЕХА,сеа овде бараат шанса да се ИЗДИГНАТ во групата,ако тепаат овде отворено напаѓаат за трето место,најмалку четврто,ако изгубат ќе се вратат пак долу на табела,ама имаа и тежок распоред досега.
Сеа ќе видиме шо научиле,имаат далеку подобра клупа од Загреб,ако ги изротира Бебешко добро силите и да не грешат многу во напад имаат барем 50-50% шанси да тепаат во Арената,иако ќе е тешко.макар и ваков Загреб тешко губи два меча со ред,ќе ги накурчи Вујо до даска играчите,некое ултиматумче од типот ОДЛАЗИМ,ШТА ЈЕ ОВО,НИСТЕ ФРАЕРИ

и ќе изиграат играчите за него
Монпеље-Медведи
Шо да се искоментира за овие тутурутки?
Треба да тепа Монпеље овде,ама нема да ме изненади и да се изнамачат,криминал игра во ЛШ имаат.
Холстебро-Нант
Овде Нант е голем фаворит,треба да си добие лаганица,исто многу голови се очекуваат,овие Холстебро нетипична екипа за Дански ракомет,обично важат за подобри во одбрана.овие сосема спротивно.
Силкеборг-Висла
Ова е многу интересен меч,сигурно до крај ќе се тегнат,Силкеброг е тврда екипа,посебно дома,Висла имаше најтежок распоред во првите 3 кола,сеа ќе бараат шанса за прва победа.
Очекувам игра на одбраните,да нема премногу голови,тесен меч треба да е,нема да ме чуди и нерешено да заврши,сепак мала предност за Висла,некако подобро ми делуваат,иако и Силкеброг не се без шанси,посебно дома.
Вардар-Сегед
Ќе си добие овде Вардар лаганица,Сегед сеуште се бара,имаат добри моменти,ама имаат и премногу дупки во играта.
Со Киелце ја имаа победата в раце на крај ебаа се шо градеа,исто и со РНЛ 2 разлика на помалку од 2 минути до крај и нерешено им извадија оние германските апаши.
Премногу изгуби Сегед со Бомбач,па и Миндегиа,сеа нема кој да ја ЛЕГНИ ТОПКАТА кога е густо,кога еден Сандро факин Обрановиќ им организира игра јасно е.
Им дели ја минутажата Пастор со Стас Скубе,сепак кепецот далеку подобро делува од Сандро кој никогаш не играл среден бек,и сеа стигна напад да организира

Ај со Загреб се провлекоа некако,ама со Киелце и Вардар нема шанси со таква игра полна со грешки да не те избушат.
Ќе си тепа Вардар убедливо според мене,барем 4.5 комада.
ПСЖ-ФЛЕНСБУРГ
Дерби на денот,ПСЖ освен киксовите со Фуше и Кил нема пораз,не му лежат Швабите.
Се врати Карабатокот против Данкерк вчера,имаше некоја поситна повреда,страшно делува нападот на ПСж.
Од друга страна Фленсбург во Бундеслига е одличен,во ЛШ штеди сили Врањеш.
Не ми се верува да имаат сили за сензација,ќе дадат отпор сигурно,ама против онај напад на лудаците многу тешко,иако и одбраната на ПСЖ не блеска,доста примаат голови.
И овде треба да префрли граница над 60,пребрзо играат и едните и другите.
Победа на ПСЖ,од 1-4 разлика.