Ете ти така мислиш, Стрелец одма ми ја прогласи климата за ѓубре...
Само 15 дена кај мене топлификација грееше, кога го пуштија пробното парно. Тоа беше лани од 31 Декември до 15 Јануари. Не се крена температурата повеќе од 21 степен. Незнам сега како е кај комшите дали пуштаат повеќе (чисто сумљам). Јас обично држам на 23-24ц.
Муабетот што сакав со прошлиот пост да го кажам е дека во преодното време (а тоа е кратко) можеби ќарувам нешто, бидејќи Бег чат пат пушта греење а јас не грејам воопшто.
Него ми се падна ко порачан..
Баш сега ја гледав новата сметка на Бег, и ставиле колку станови се приклучени, од вкупно 126 стана само 53 се грејат на Бег.
Прашањето е, бидејќи е под 50% приклучени, има ли опција куќен совет да изгласа со мнозинство гласови цела зграда да се исклучи од топлификација?
Направив една проста математика, јас за 50м2 плаќам 283 месечно, цела година = 3396 ден.
Да земам просек (на пример 60евра) 73 стана * 60 евра = 4380 евра годишно Бег лапа само од нашата зграда!!! Шо би рекла Шекеринска - Бомбона бизнис...
[DOUBLEPOST=1476489082][/DOUBLEPOST]Го најдов овој линк, читајќи за Ytong блоковите, со кои планирам да ја изѕидам куќата.
Ептен интересно, си внесуваш што ѕид имаш или сакаш да имаш и одбираш изолација во дебелина и ти рачуна во која класа ти е куќата и колку ти треба за греење и ладење годишно.
http://www.ytong-calc.cmass3.info
Според ова во мојот стан, надворешниот ѕид (25цигла +10цм стиропор) е U = 0,274 W/m2K (<=
65 kWh/m2a)
Ако го разбирам ова точно бројката 65 е колку ми треба kWh годишно за греење и за ладење.
Значи 65*50м2= 3250kWh годишно. Ако го поделам на 12 месеци искача месечно ми треба 270 kWh и ако тоа го поделам на 30 дена искача 9 kWh дневно.
Ова ваљда е просек ама е многу блиску со тоа јас колку потрошив ланска година.
Ако не ми е во ред математиката нека ме корегира некој
Еве истата математика за иста квадратура ако имаш само 25цм цигла и малтер.
POTROŠNJA >
163 kWh/m2a * 50м2 = 22,6 kWh дневно !!!!
Или преведено во пари, ако јас потрошам 1800 денари месечно, друг ќе потроши 4500 !!!
Значи ова е НАЈЕКОНОМИЧНОТО ГРЕЕЊЕ И ЛАДЕЊЕ, ИЗОЛАЦИЈА...
Појаснување за тоа У вредност:
U-
values measure how effective a material is an insulator. The lower the
U-
value is, the better the material is as a heat insulator.