Здраво (темава ми е изгледа втор дом )
Што предвидива новиот закон за извршување ?
Законот за извршување (,,Службен весник на РМ” бр. 35/05, 50/06, 129/06, 8/08, 83/09,
50/10, 83/10, 88/10,171/10 и 148/11) донесен во мај 2005 година, чија примена започна од
26 мај 2006 година, претставуваше најреволуционерното решение во сферата на
правосудниот систем на Република Македонија.
Беше востановен системот на приватни извршители, кои како лица со јавни овластувања
целосно го преземаа извршувањето од рацете на судовите, и самостојно и независно
одлучуваат за преземањето на сите потребни извршни дејствија во правец на успешна и
брза реализација на правото воспоставено со извршната исправа. За таа цел
извршителите, за реализација на конкретно барање на извршување имаат право на
пристап до сите регистри и бази на податоци со цел да се приберат податоци за имотната
состојба на должникот.Имено, комплетно беше напуштен институтот на “дозволување на
извршување„ со што еднаш донесената правосилна и извршна судска и конечна управна
одлука, стана извршна исправа. Новини беа воведени и во времето на извршувањето, кое
што се одвива секојдневно од 06:00 до 21:00 часот. Се намали на минимални граници
можноста за одлоговлекување на извршувањето, но се водеше сметка за тоа должникот
да не остане без никаква заштита при неправилности во извршувањето. Имено се
востанови можноста за приговор против сторена неправилност во извршувањето до
претседателот на основниот суд, кој пак е должен во рок од три дена да одлучи по
поднесениот приговор. Извршувањето може да се одложи на одредено време по барање
на доверителот, но и по барање на должникот за што одлучува претседателот на судот,
кој одложувањето може да го услови со депонирање на гаранција. Големa новина беше
внесена и во одредбите кои се однесуваат на посебните одредби за извршување врз
имотот на правните лица заради наплата на парично побаруваwе, каде се предвиде
можноста извршувањето да се врши од сите расположиви средства на должникот. Се
востанови униформиран налог за извршување со цел да им се поедностави на
носителите на платниот промет процесот на спроведување на пренос на средтвата од
сметката на должникот на сметката на доверителот, а прецизиран е и начинот на пренос
на средства од трезорскиот систем.
Министерството за правда низ годините наназад постојано и непречено го следи
функционирањето на новиот систем на извршување, и тоа како од аспект на ефекти од
извршувањето, така и од аспект на успешност на работата на извршителската должност.
Притоа со задоволство се констатираше, дека новиот систем на извршување на
извршните исправи, е исклучително функционален, ефикасен и дава екстремно позитивни
резултати. Имено за изминативе години извршителите имаат добиено во работа над
900.000 предмети, при што само за предметите кои се однесуваат на наплата на парични
побарувања се наплатени приближно 800 милиони Евра, кои повторно се влеале во
правниот промет на земјата и нормално се ефектуирале на стопанството на земјата.
Притоа, следењето на динамиката на извршувањето покажа дека 54% од извршените
предмети завршиле во рок од 3 месеци, 10% до 6 месеци, 11% до 1 година, а остатокот
над 1 година. Ова покажа дека воспоставениот сиситем на извршување овозможува брза
реализација на извршните исправи, се разбира ако должникот воопшто има средства, и
дека целосно е надминат проблемот со екстремно бавната реализација на извршните
исправи.
Меѓутоа, со оглед на фактот што при креирањето на новиот систем не се следеше
конкретно туѓо искуство, туку малубројните Европски искуства се прилагодуваа на
македонските прилики, имплементацијата на Законот покажа дека одредени законски
решенија останаа недоречеени, други пак праксата ги лоцираше како нефункционални,
што предизвика различна примена и толкување од страна на извршителите, што остави
можност за различна примена при спроведување на извршувањето.
Заради тоа, изминатиов период беа извршени 10 законски измени и дополнувања, кои во
комбинација со динамичноста на целокупниот правен промет и постојаниот техничко
технолошки развој создадоа дополнителен проблем како во примената на постојниот
Закон од страна на извршителите, така и на поимањето на извршувањето од страна на
јавноста.
Токму заради сето напред изнесено се предлага донесување на целосно нов Закон за
извршување, во правец на прецизирање на законските одредби во делот на
постапувањето на извршителите при спроведување на извршувањето, надминување на
проблемите со различното постапување на извршителите и пропишување на јасни
законски одредби во насока на ефикасно спроведување на извршувањето.
Законот за извршување ќе има исклучително позитивни економски влијанија, со оглед на
фактот што истиот овозможува уште побрза, и поефикасна наплата на побарувањата на
доверителите, што овозможува побрз обрт на средставата во стопанството и подбра
бизнис клима.
Донесувањето на нов Закон за извршување има за цел да придонесе за поефикасно
остварување на правата на граѓаните и правните лица и сите учесници во постапката пред
извршител, а со правец на надградување на системот за брзо и ефикасно спроведување
на извршување и остварување на правата на доверителите.
При изработката на новото законско решение се ценеа препораките на Doing business за
подобрување на бизнис климата во Република Македонија, па се направи сериозна
измена во делот на извршување врз недвижности. Скратен е рокот за утврдување на
вредноста на недвижностите од страна на проценителите од 15 на 8 дена, и отстранета е
можноста за трето јавно надавање на недвижностите, со цел да се дестимулираат
манипулациите на потенцијалните купувачи за намалување на цената на недвижностите
со што се оштетуваа должниците и доверителите, а бенефит имаа само
„професионалните„ учесници на јавните наддавања. На тој начин се скратува времето на
извршувањето врз недвижност за најмалку 45 дена. и се гарантира вредноста на
недвижноста, бидејќи цената на недвижноста не може да спушти под 75% од проценетата
вредност. Се очекува со ваквата измена да се стимулираат купувачите да ги купуваат
недвижностите на јавно нададавање со можност на лицитирање на повисоки цени, а не да
се калкулира со рушење на цените на недвижностите. Продажба со непосредна спогодба
може да се склучи во секое време по одржана прва јавна продажба, но не подоцна од 90
дена по одржана втора јавна продажба. Воедно се предвиде обврска за задолжителна
електронска комуникација на извршителот со катастарот со што значајно ќе се скрати
времето за вршење на уписи во Катастарот, но и прибирање на податоци од него, со што
ќе се зголеми ефикасноста на постапувањето, и ќе се намалат трошоците во истата.
Воедно, со законско решение има за цел прецизирање на досегашните одредби од
постојниот закон, пополнување на правните празнини, номотехничко и содржинско
преуредување на структурата на законот, проширување на надлежноста на извршителите
со воведување на вонсудска наплата на долгови врз основа на веродостојна исправа,
воведување на електронско полагање на испитот за извршители, допрецизирање на
одредбите за дисциплинската постапка, дисциплинските повреди и дисциплинските мерки,
како и допрецизирање на одредбите кои доведуваа до различна примена од страна на
извршителите при спроведување на извршувањето.
Предложеното законско решение се темели на следните начела: заштита на странките,
учесниците во постапката и нивните семејства, итност и редослед на постапување,
редоследно намирување на доверителите.
Сите решенија преточени во одредбите од Нацрт на Законот за извршување се одраз на
потребите од решавањето на постојните проблеми со кои се соочуваат извршителите во
пракса, а граѓаните во полесниот пристап до остварувањето на нивните права и интереси
и подобрување на системот за извршување.
Со новиот закон ќе се обезбеди воедначена примена на Тарифата за награда и
надоместок на другите трошоци за работата на извршителот од страна на извршителите и
спречување на нелојална конкуренција.
Посебен акцент е ставен на одредбите кои го регулираат надзорот над работата на
извршителите и Комората на извршители на Република Македонија. Регулирано е
вршењето на надзорот од страна на Министерството за правда над работата на
извршителите и на Комората на извршители на Република Македонија со што се
обезбедува законито, ефикасно и стручно вршење на должноста извршител, како и
воедначено постапување од страна на извршителите.
Прецизирани се дисциплинските мерки кои се соодветни на тежината на сторените
дисциплински повреди кои ќе делуваат превентивно и на другите извршители и се
обезбедува правната сигурност на граѓаните во Република Македонија.
Со новите законски одредби се предвиде поголема правна сигурност и заштита на
граѓаните и правните лица во реализација на своите права .
Новото законско решение воведува и целосно ново извршно дејствие по барање на
извршителите, Имено станува збор за Вонсудска наплата на долгови по основ на
веродостојна исправа, со што на доверителите им се овозможува, користејќи го неспорно
ефикасниот систем на извршителите, да им ги предочат обврските на должниците, како и
правните последици од нивното ненавремено намирување. Ова дејствие ќе се презема
исклучиво по барање и на трошок на доверителот, шти значи дека нема да ги кумулира
трошоците за должникот. Главната цел е да се обезбеди уредна достава на
веродостојните исправи до должниците пред воопшто да се започне постапка за нивна
присилна наплата.
Од новото законско решение целосно е отстранет делот кој се однесуваше на процесот за
донесување на решение со кое се дозволува извршување врз основа на веродостојна
исправа, со оглед на околнмоста дека целиот овој процес е вграден во Предлог Законот за
Нотаријат кој е веќе во Владина постапка. Имено со оглед на фактот дека целиот овој дел
уредуваше постапка на донесување на решение за извршување врз основа на
веродостојна исправа од страна на нотарите во Република Македонија, се сметаше дека е
најцелисходно овој дел да се смести во матичниот Закон за нотаријат. Извршувањето на
истите е веќе опфатен со член 12 од Предлог Законот.
Новиот закон создава дополнителни трошоци за извршителите, кои ќе треба да
обезбедат квалификуван сертификат издаден од овластен издавач (електронски потпис)
за електронско потпишување на предметите во постапките пред катастарот, но и другите
институции и носителите на платнуиот промет со цел да се поедностави и забрза
постапувањето пред нив.
Новина во законската регулатива е и воведувањето на главата за прекршочни одреди, во
којa што се предвидуваат прекршочни казни за сторени прекршоци од страна на
Претседателот на Комората на извршители на Република Македонија, и други лица кои не
ги почитуваат одредбите од законот, кои се во целост усогласени со Законот за
прекршоци.
Воедно Законот е усогласен и со Законот за општа управна постапка, а системот на
полагање на испитот за извршители е целосно усогласен со Законот за полагање на
правосудниот испит.
Донесувањето на новиот Закон за извршување ќе предизвика потреба од целосна
ревизија и усвојување на подзаконски акти предвидени со ова законско решение, како и на
нова Тарифа за награда и надоместок за работата на извршителите.