Некој од вас да ме советува што да правам.
Имам Голф 4 1,4 бензин веке 10 години го возам, додуша не премногу за 10 години 60К км.
Имам приметено дека последнава година време ми троши повеќе улје од обично(1,4 машините на ВВ трошат скоро сите) порано ми трошеше помалце сега некако повеќе, мислев да не е до бензинот ставав 100, потоа пак се вратив на 95 но не е до бензинот. Дали би можел да го решам овој проблем некако?
Каде би можел да најдам ауспух комплет од машина до крај бидејќи овој што е моментално е лом, задното грне е отидено одамна, а сега и на средното грне се појави добра дупка која почнува да ми смета во возење, и ми дава чувство дека колата трокира. Или да одам со промена на ауспухот од средното грне.
Мислам дека е катализаторот ми е запушен, бидејќи кога возам по надолнина низ ауспухот колата не ми исфрла чад. откако ке почнам да ја давам гас после надолница, машината не ја прима гаста, односно ми се гуши машината за после кратко време позади да направи еден добар облак од чадта која се насобрала во ауспухот (бела чад), и откако ќе ја исфрли одпозади потоа си се однесува нормално колата до наредната удолница

.
Дали би било добра идеја да го извадам катализаторот и да го исчистам и повторно да го местиме, да пробам со некој адитив во бензинот да го чистам, или наједноставно да го извадам и да возам без катализатор.Секако кај нас скоро никој не проверува при регистрирање издувни гасови.
И ориентационо колку би ме чинела промена на предницата, плочките за кочење ми се сменети пред неколку месеци?