Криминалот и Политиката во Македонија
Се подразбира, но сепак ке напоменам дека не се мисли на политички криминал, идејата е врската помеѓу криминалците и политичките партии, политичарите и власта кај нас.
Во времето на Југославија до смртта на Ј.Б. Тито речиси и немало соединетост на криминалците и политичарите а и тогашните криминалци биле шверцери на крадена роба од типот гардероба, цигари и слично, одосно далеку понесериозен тип на криминал. Посериозните типови на криминал се развиваат подоцна кога веке имало можност за политичка поткрепа, со почетоци во осумдесетите и официјален расцут во деведесетите години со чинот на осамостојување на Р.М.
Ќазим Пајтонџијата е еден од најраните попознати криминалци со политичка врска, Ќазим бил познат по криминални дела уште во Југославија. Се раскажува дека бил прв човек на Лазар Колишевски. (Има зборувања и за други криминалци кои кариерата ја почнале уште во Југославија, но ништо од тоа не може да се гарантира и не е потврдено.)
Аслан Нуиши има историја на голема политичка криминална врска (Кој е Аслан Нуиши Пода читајте на стр.24) Аслан е уапсен во 1995 поради сомнение за учество во атентатот на претседателот Киро Глигоров (Братиславска врска) и набргу ослободен по кратко време повторно ослободен а потоа повторно пуштен и вратен му е хрватскиот фалсификуван пасош него и на неговиот брат а неговиот брат Наим Лесковица загинува во мистериозна сообраќајна несреќа на патот Тетово - Гостивар во текот на големите истраги за атентатот на Киро Глигоров како и многу други блиски до настанот. По второто пуштање од распит Аслан заминува за Чешка каде долги години живее и гради голема кариера а за возврат и благодарност, На претседателот Киро му подарува блиндиран Мерцедес кој подоцна се докажало дека всушност не е блиндиран и дека е украден од Германија или Чешка а по Мерцедесот имало и меѓународна потера, се зборува дека тогашниот министер за внатрешни Љубомир Фрчковски (СДСМ) си го усвоил Мерцедесот и од тогаш се губи таа историја која го истакна Аслан.
Басри Бајрами еден од т.н. легенди на албанското македонско подземје покрај многуте скандали е дел и од еден од најголемите политичко криминални скандали на Р. Македонија Басри во 1993 успева да извади македонско државјанство кое му го издава МВР наводно по легален пат, Една година подоцна 1994 МВР му го одзема државјанството. Љубомир Фрчковски тогашен министер за внарешни тврди дека не памети ниеден случај на одземање државјанство за екстрадиција во странство, Поповски тогаш побарал одговор за овој скандал директно од прецедателот Киро Глигоров и премиерот Бранко Црвенковски, Глигоров на ова одговорил "А што ке му правиме ние тука, ние не можеме тука да го осудиме и да бидеме сигурни дека тој ке ја одлежи казната, он избегал од таму ке избега и тука." Финалната историја за настанот е дека Македонската тогашна власт (СДСМ) наводно го продала Басри на Белгија за 5 милиони германски марки и ветување за политичка поддршка а всушност Басри бил екстрадиран во смрт поради срамот киднапирање на Белгијскиот премиер додека бил со швалерката, Белгиската власт го барала Басри да го убие а затворксата казна тамошна од која тој избегал била мамка за да го добијат на нивна територија. (Подетално за Басри страниците на темава)
Аце Боцевски Циганот е исто така битен играч во подземјето на тогашната власт (СДСМ) која му овозможи нелегално да побегне од Р.М. Бил уапсен и осуден на 15 години затвор за убиство на Сеад Ибраими, го убил на семафори во Скопје поради претходна пресметка, при оваква пресуда за вакво дело е невозможен домашен притвор а токму тоа му го овозможуваат на Аце Циганот тогашните власти тоа и потоа се инсценира дека од домашниот притвор побегнува и му се губи секаква трага до ден денес. (Кој е Аце на стр. 1)
Марјан Тушевски Поштар и неговата криминална историја како и неговото убиство се многу длабока политичка точка. Од кого му е дадена криминалната слобода и моќ на Марјан низ целите девеесетти не е познато, но познато е дека е еден од најмоќните во подземјето во тоа време. Во Декември 2001 се убиени со неговиот телохранител Киро Јанев Бамбус во Тафталиџе кога излегувале од кафаната Витраж, убиени се на професионален начин со точно испланиран атентат.
И историјата на Петрит Аме и Диме Ицковски Поштар се дел од овој период на Поштар малку подоцна после воените дејствија. Поради големата нејасност на случаите пишувам кратко.
Петрит Аме еден од најголемите играчи во албанското подземје во МК го истакна највеке скандалот со изчезнувањето на неколку килограми кокаин од просториите на МВР во средината на деведесетие, човекот бил под директна заштита на албанските тајни служби (голем шпион) и америка која ги контролирала нив сета моќ на Аме е на нивна благодарност, крајот на деведесетите исчезнува и има дилема дали умрен или живее во Скандинавија. Диме Поштар бранител и припадник на Лавовите имал низа контраверзности и пред војната а по војната се зборуваше дека поради не доволно валидни обвиненија ситни кражби го бара полицијата да го уапси, вешто бега подолго време иако при обидите за апсење и се пука на него а го убиваат некаде 2003 година при полициска потера во некоја од скопските населби каде има дилема дека тој се нашол таму поради неговата девојка или пак имал закажана средба со некој од тајните служби кој ке го спасел со што ке му помогнел да избега од Македонија. Ицковски и по медиумите зборувал во еден наврат дека го бараат да го убијат не да го уапсат од МВР поради непознати причини, а всушност се шпекулира дека Диме нешто знаел за некој голем скандал и затоа треба да биде убиен исто шпекулација е дека тој од тајните служби со кој требало да се сретне го излажал само за да го лоцираат и елиминираат. И Мујо како и Диме Поштар наводно раскажувал дека сакаат да го убијат од вакви причини а атентатот врз Мачето и Брада се смета дека има вакви мотиви како и убиството на Коло во Прилеп, наводно се било маска целта била само елиминирање на Лавовите кои знаеле многу.
Воениот Конфликт во 2001, Лавовите и криминално - политичките врски.
Колку и да се негира јасно е дека во единицата Лавови голем број од припадниците, доброволците беа со криминални досиеа а и самите водачи на единицата. Мотивот на криминалците обично луѓе што во се гледаат ќар и корист да пристапат на борбените редови освен што бил материјална корист, се грабало од напуштените куќи на евакуираното население без разлика дали куќите се на наше или албанско население, најчесто и највеке злато и техничка роба, мотив биле и бенефициите после војната, многу од нив станале полициски службеници а со тоа имале и подобар грб за нивните стари бизниси највеке рекетирање.
Горан Ѓорѓиевски Мујо командант на единицата Лавови има голема криминална историја и од многу извори неговото дејствие освен од докажан патриотизам бил и некакво вработувачко место во единиците ако не опстане едиицата и падне неговото командантско место, план кој не му успева единицата се расформира 2002 година и ништо понатаму од тие идеали. Мујо политички бил на страната на (ВМРО-ДПМНЕ) каде и помагал како обезбедување на некој од функционерите при разни политички демонстрации и протести во текот на нивната власт од 1998 до 2002. Со политичкот неуспех на ДПМНЕ 2002 да ја продолжи власта после војната пропаѓаат и усепесите негови.
Командант Сашо Брада пријател на Мујо не знам од каде е, но и зад него има разни раскажани криминални истории ништо значително или поголемо, но еден е од поголемите во историјата на Лавовите затоа го споменувам. Беше атентиран со Марјан Мачето од Прилеп наводно од страна на полицајци во заседа на автопат, и двајцата преживеаа.
Прилепската тајфа Лавови е добро позната Никола Мојсоски Коло, Сашо Тасески Прчето, Бруно Зографоски, Марјан Марковски Мачето. Во една кратка рецензија овие криминалци од Прилеп се сплотиле со Мујо и неговата Кумановска екипа во главно благодарение на војната иако Мујо бил стар пријател со Коло, заеднички криминали помеѓу овие групи не се познати досега. Во кратка рецензија Коло е стар криминалец во Прилеп и добро познат во главно по рекетирање по војната станува сообраќаец во СВР Прилеп и ги засилува рекет дејствијата поради посилен грб по што го убиваат на Пивофест поради рекет несогласица 2005 година. Прчето и Бруно (ортаци) исто така стари во приказните за асфалтот некој посебни бенефиции од војната немале нивните крими дела се непознати и мали а тепачките и конфликтите низ цела македонија познати убиени се набрзо еден по друг поради стари тепачки. Марјан Мачето прави најголем успех, го сметаат за наследник на Коло од после војната не ми е познато дали станува припадник на МВР ама од тогаш до големата акција 2008 година каде е уапсен он и неговата екипа бил главен во градот.
По линија на прпадноста во Лавови и бранителските бенефиции и многу други од цела Македонија помалку или повеке матни типови си фатија и задржаа до ден денес полициски места.
По воената состојба 2002 се до 2006 е матнеж и во политиката и во подземјето а и во сите сектори на целата држава. Овој матнеж е искористен и многу сметки се расчистени во подземјето тука во овие години, а владеачка партија е СДСМ и поголемо директни поврзаности нема меѓу партијата и случувањата во подземјето. Една од најтажните работи во овој период е тоа што Али Ахмети и тогаш формираната ДУИ на чело со него го добиваат списокот на бранители и поисистакнатите ги убиваат во наредните години чисто одмазнички, претежно албанските криминалците кои биле дел од УЧК. Мора да се спомне и дека старата позната Скопска криминална фамилија Ајети по потекло Арачиово, на чело со Џељо беа дел од УЧК за останатите членови не е сигурно но за братот на Џељо, Наим е сигурно. Зија Асани еден од најголемите нарко босови на МК исто така бил дел од УЧК и беше обвинет ми се чини за убиство на тројца полицајци во некое од село, и многу други помалку или повеке познати ликови од албанско македонското подземје. Убиството на Сашо Боксер (истакнат човек на СДСМ тепал новинари и обезбедувал функционери) во Куманово 2005 година од страна на Бајруш Сејдиу близок роднина на Хашим Тачи (албанска СДСМ гранка) се смета дека има пред се национална основа повеке одколку борба за територија, Бајруш т.н. крал на Куманово беше уапсен и осуден на голема казна некаде 2009 во власт на ВМРО ДПМНЕ.
Во овие години Тони Перовски (телохранител на Владо Бучковски, денес бизнисмен) беше значително голем во подземјето особено во шверцот со цигари тандем со Коста Јанковски еден од најголемите балкански тобако босови и еден од најбогатите македонци (голем двоено политички играч) кој го одбележа тоа што во власта на ВМРО ДПМНЕ од 1998 до 2004 ја купува вилата на Љубчо Ѓорѓиевски на Водно за да се заташкаат криминалите и да не се разберат испраните милиони од фалсификувањето цигари, некаде во тој период (поточно 2000 или 2001) и Љубе Бошковски со пиштол му ги зема на Данчо Шутурков (тобако легенда, учител и роднина на Јанковски) неколку стотици илјади евра од сефот и по тоа и он добива куќа на Водно во која до ден денес живее неговото семејство а Шутурков набрзо починува. Се зборува дека првите неколку милиони евра што во живо со свои очи ги видел Ѓорѓиевски се токму испрани од тобако криминал инициран од Јанковски. Крими фамилијата Хаџибулиќ на чело со Харун е неминовно да се спомне поради нивната децениска верност на СДСМ во најдобрите времиња на СДСМ девеесетите Харун и фамилијата уживале голема заштита и моќ поради оваа политичка врска.
Веке 2006-та година со доаѓање на власт на актуелната ВМРО ДПМНЕ се се менува и структурата поставена во подземјето која и до денес е во горе доле иста формација почнува да се гради токму тогаш. Како што во Југославија најсилна мафија била УДБА, од 2006 наваму е Директорот на УБК Сашо Мијалков човекот е, пардон беше и многу повеке од само директор на УБК всушност ги држеше сите тајни служби и целото подземје кое и сеуште му е во контрола. Од 2006 па се до денес ако политички не си во согласност со ВМРО ДПМНЕ или ке те изеде темницата или затворска казна што поголема добиваш. Еве неколку ликови од новата ера, последнава деценија: Влатко Стефановски Рамче (телохранител на Љубчо Ѓорѓиевски, близок на Урко и негов партнер за отворање на Лупус агенција со која Урко ја почна рекет кариерата), Дејан Митровски Урко (Телохранител на Никола Груевски, најголем рекетар низ СК до пред ерата на Мијалковата СГС, повеке скандали со насилство и шверц со дрога шпекулации), Ален Зекиров (Телохранител на Сашо Мијалков, првобитно растурач на кокаин низ Скопје подоцна дел од поголеми рекет и дрога зделки, многу скандали со насилства), Тоше Зафиров (другар и колега од Волците на Урко подоцна телохранител на Груевски - веке поранешен, трговија со дрога како и посредник на скандалот со Неготинската нарко врска), Драган Стоименов Дацо Белски (Поранешен телохранител на Груевски благодарение на пријателството со Урко од специјалните единици, Рекет легенда на Кочани и околијата, по падот на Урко миленик на Мијалков) И еден куп поситни кој уживаат моќ и заштита поради пријателствата со претходно кажаниве. Еве неколку Славчо Пинда (Струмица), Димче Грунец (Охрид трговија со дрога), Таир Зендели (Главен на СГС за албанскиот предел човек на Сашо со УЧК кариера), Александар Василевски Нинџа (брат на восачот на Мијалков), Борис Мутков Фантом (близок до Ајети фамилијата, Василевски возачот на Мијалков и Орце Камчев, дрога и лихварење).
Албанските крими сили во последнава деценија се во тајност а се во апсолутна контрола на Мијалков добро познато е дека албанско чешката линија за дрога е одамна разработена а и дека Мијалков има тамошна историја уште пред сето ова па се нашле на иста линија за бизнис, старите албански мафијаши во оваа нивна деценија или беа убиени или заглавија на големи пресуди затоа што не беа послушни (Џ. Ајети, Б. Сајдиу, З. Асани, А. Нуиши и уште неколку).
Генерално земено ВМРО ДПМНЕ одсекогаш имале повеке насилници и луѓе за конфликти одколку СДСМ особено во Велес а моќта и контролата во подземјето што ја остварија односно ја оствари еден, главниот, Мијалков никоја власт ја нема остварено.
Интересни се и приказните на групи и поединци кои имале крими хармонија со ВМРО и се раскинала случаи поретки кај СДСМ. Кочани порано беше една крими структура во главно во контрола на Урко со неговиот почеток на паѓање Дацо Белски се оддели навреме си направи своја екипа му се поклни на Мијалков и сеуште работи а екипата верна на Урко која има и длабока стара СДСМ врска ја средија преку ноќ во акцијата Детонатор. Неготино исто така ја има една од најинтересните приказни од овој карактер акцијата Керозин... Љупчо Џаволот и неговиот ученик Александар Цандо врската кон Урко ја имале преку Тоше Зафиров бидејки е по потекло Тоше од Неготино, Тоше е одстранет од функцијата телохранител на Грујо бидејки за врат фаќа еден од пратениците кои ги намирисал криминалите со нафта во Неготино и околијата и сакал да ги каже пред останатите, интересот на Тоше да не ги откријат и осудат преварите на Ѓаволот со нафта е затоа што ке се открие и позадината на тој бизнис односно главниот бизнис на Ѓаволот а тоа е трговија со дрога во хармонија со Велешката Франкфурт Мафија, Урко паѓа со него и Тоше Ѓаволот не успева да се договори со Мијалков во меѓувреме неговиот потрчко Цандо успева преку неговото руско потекло да се догребе до Мијалков (сега е главен во Неготино) набргу се озваничува се и доаѓа Керозин и крајот на Ѓаволот и неговата фамилија (татко, мајка и сл.) кој добија големи пресуди сега се на страна на СДСМ и смена на власта им е надежта а за таткото на Ѓаволот се зборува дека е еден од најстарите во подземјето од време на Југославија. Франкфурт Мафија е најгорда на својата политичка независност и на тоа што низ разни политички власти се одржа отприлика дваесетина години, но при нејзиниот крај почнува да смрди на политика. Јасно е дека е распадната поради недоволна политичка цврстина и поткрепа ама иако неуспешен при крајот имало обид за политичко врзување. Двајцата босови на Ф.М. Јордан Јорданов Ркулот и Зоран Манасков Скршениот беа главните водачи немаше гранка од оваа група а да нема поврзаност со еден од овие водачи и тие да немаат ќар од таа зделка иначе ученици и двајцата на еден посебен лик, Скршениот постојано си бил на страната на СДСМ и тоа било така многу одамна додека Ркулот (помлад а поуспешен во бизнисот) го убија на маса заедно со зет на Урко вработен во петтата управа, човек што веке пуштал краци во овој свет, а тоа го озваничил со пријателството со Ркулот додека него пак целта му била да се стигне до Урко тогаш сеуште моќен 2010 г. целта била да земат долг од неупешна пратка во која учествувал Тони Денковски Бели (човек на Трифун Костовски) всушност должникот, од огромна сума пари по што по некое време притисок ги убива. Впечатливи се и ваквиот тип на луѓе кои дејствуваат во подземјето, кои немаат политички грб туку се луѓе на некои, но обично не траат долго ако не најдат линија и врска до главните, во подземјето нема оригиналност и херојство.
Сегашните акции што ги гледаме по медиумите и интернет сајтовите се банални приказни и очајни обиди за уверување на странците и народот дека функцинираат законите и борба против криминалот постои а, врска меѓу власта и подземјето нема никаква.