Криминалци и криминални групи во МК

Член од
17 јули 2008
Мислења
1.560
Поени од реакции
1.019
За Самсоненко ?Не верувам дека нешто може да се исчепка ! Прво доаѓа од доста голем град , второ штом излегол надвор и има амин да тера бизнис ( макар и туѓ ) има ФСБ ( КГБ) бекграунд а од таму информации ЈОК !
Единствено ако немал блиски средби со западни служби па имаат досие за него , тогаш е можно да го стават на лед , кога ке им затреба . Ама пак од друга страна ако е со таков товар не би се маткал по Македонијава .
 
Член од
23 октомври 2011
Мислења
887
Поени од реакции
2.207
Еве нешто за Самсоненко и неговите бизниси, директно криминал и поврзаност со криминални групи не се спомнува, но фактите во текстот фрлаат сомнеж врз легалноста на неговото богатство:

http://novatv.mk/index.php?navig=8&vest=20058&cat=20

Текстот е интересен затоа што објаснува кој навистина ја доби спортската сала во Аеродром на 35 години концесија и зошто Општина Аеродром го крие договорот? Ова истражување открива дека сопственикот на компанијата концесионер била фирма со тајно сопствеништво во карипската држава Белизе, каде што дели иста адреса со медиуми и со градежни компании поврзани со локални моќници од Македонија.
 

WeAreWhoWeAre

Mia san mia
Член од
12 јули 2015
Мислења
244
Поени од реакции
511
Можеби има и некој измислени работи, но од некој работи шо ги прочитав и од кој имам слушнено од лица кој биле директно засегнати(читај им е срушен животот) верувам во скоро секоја гадост на гомнариве набројани.Набилданиве рекетари обично најголема штета од нив е ќотек и рекет.

Случајно се најдов во кола со еден близок до споменти настрадани овде(не е криминалец туку поради непомагање го снема од живите), татковите солзи и бес во очите на човекот кога стана муабет вмровци, грујовци, урковци и мијалковци и кога раскажа накратко низ солзи низ приказката за својот син, кога барал одговор зошто, му одговориле имаш уште деца не прашувај веќе и гледај си ги нив.

Исто и нервозата, солзите и пропаѓањето на бизнисот на човек, а воедно и на него директно од Началниче.

И не, нема да пишувам ништо кој е. Не ми е до мене туку до семејството на личноста.
 
Последно уредено:
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Сакам кажам не знам речам. Црноризец барем си везе, приказните се читливи и забавни. Ова твоево на ништо не личи.
 

WeAreWhoWeAre

Mia san mia
Член од
12 јули 2015
Мислења
244
Поени од реакции
511
На муабетот дека само 10% точност дали има само се надоврзав...
 

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.309
Поени од реакции
3.697
Сакам кажам не знам речам. Црноризец барем си везе, приказните се читливи и забавни. Ова твоево на ништо не личи.
Ако мислиш дека тоа од црноризец се приказни тогаш дефинитивно убаво ти стојат розовите наочари ама гледај да не си го расипеш видот тотално па да скапеш во затвор и праќаш вакви поздрави.
123.PNG
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Ако мислиш дека тоа од црноризец се приказни тогаш дефинитивно убаво ти стојат розовите наочари ама гледај да не си го расипеш видот тотално па да скапеш во затвор и праќаш вакви поздрави.
Прегледај го приврзокот 125302
Не ми е јасно како влошувањето на видот би ме довело во идризово но добро се е можно по форумиве.
 

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.309
Поени од реакции
3.697
Не ми е јасно како влошувањето на видот би ме довело во идризово но добро се е можно по форумиве.
тоа е моментот кога „некој“ ти вика скокни во бунар и ти скокаш без да ги користиш мозочните келии кои ти останале ако ти остнале...
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.305
Поени од реакции
5.911
Лазе Николов (Лазе Чак) бил еден од најголемите лихвари и воопшто најголемите криминалци од Велес од времето во девеесетите па и порано. Лазе Чак од старата велешка населба Којник од која има еден куп криминалци главно се занимавал со лихва а околу него велешани кажуваат многу многу историја за престрелки и тепачки со другите локални криминалци. Лазе Чак (40) е убиен на 2 ноември 2002 година во кафе барот (Ас) во Велес наутро помеѓу 4 ипол и 5 часот. Убиен е со пиштол, со 3 истрели во градите и главата од кои починал на самото место и покрај лекарската помош која екстремно брзо реагирала поради блиската местоположба до настанот. Убиецот е Ристе Донев Читкуш иначе кум или кумашин на Лазе Чак. Го убил затоа што во последните месеци меѓу нив имало лоши односи поточно се работело за враќање на позајмица.

1. Вест за настанот. http://star.vest.com.mk/default.asp?id=23622&idg=2&idb=502&rubrika=Crna+Hronika

2. Утрински за настанот. http://star.utrinski.com.mk/?pBroj=815&stID=4775
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.882
Поени од реакции
36.934
Deka mene mi go zemal biznisot za pochetok. Pa deka na Vlado mu go zemal, pa na Dani...kao za pochetok!
Ke zaboraev...a deka ne me obezbeduva sgs!! A sea sho praime!
Напиши кој си и кој ти е бизнисот и ќе ти кажеме дали ти го лапнал или не :гик:
 

Казаки

Атаманот - Army of Christ
Член од
2 септември 2011
Мислења
1.526
Поени од реакции
1.969
Некој да не знае нешто за Енвер Мурџа? Од се што знам е дека сега е мртов (убиен), а на нет за него го има само ова:

Три години затвор оти пукал во преполн кафе бар во центарот на Скопје

Судскиот совет во Основниот суд 1 во Скопје, Ќазими Енвер со прекар Мурџо, обвинет за кривично дело: насилство го прогласи за виновен и му изрече затворска казна од три години.
Според обвинителниот акт, Ќазими е осуден оти во јануари пред две години околу 1,30 часот во кафе барот "Публико" во центарот на Скопје ,сопственост на браќата Крлиу, испукал еден куршум. Тој се обидел да влезе во барот, од споредна врата која била заклучена. Испукал еден куршум во стаклото од вратата. Откако отворил, влегол во кафе барот и мавтајќи со пиштолот пез причина ги навредувал, малтретирал и заплашувал гостите и персоналот. Испуканиот куршум завршил во една од столиците. Уплашените гости избегале, а Ќазими откако се изпразнила кафеаната, избегал. Тој и во текот на судскиот процес бил недостапен за органите на прогонот.
Неговиот адвокат барал од судот Ќазими да биде ослободен од кривична одговорност оти наводно немало доволно докази. Но дел од гостите и сопствениците потврдиле дека тој бил во кафеаната и ги малтретирал. Ова не е првпат Ќазими да биде во судир со законот. Тој досега бил осудуван на повеќе годишни затворски казни, за предизвикување општа опасност, тешки телесни повреди и кражби. (К.М.)

http://star.vest.com.mk/default.asp?id=35410&idg=2&idb=594&rubrika=Crna+Hronika
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.305
Поени од реакции
5.911
Има некој нешто за ова? Поконкретно за Јасмин Лесковица?
http://vecer.mk/smrtni-zakani-vo-sudnicata-na-presudata-za-hadzhibulikj
Смртни закани во судницата на пресудата за Хаџибулиќ
Кога пишував за Хаџибулиќ за Харун (главниот) и воопшто целата крими фамилија спомнав и за последниот конфликт на Харун односно кога со Јасмин Лесковица убија некој пред 3, 4 години. Али само спомнав пошто ги набројував сите поголеми инциденти. Зошто е убиството не се знае само они си знаат. Како и сите поголеми криминалци така и Харун си има потрчковци е за вакви употреби каде за убиство со негов интерес соучесникот го одлежува целото дело а Харун минималното и притоа ниту тоа не го одлежува поради ѓаволските адвокати...[DOUBLEPOST=1439757571][/DOUBLEPOST]Мало освежување после долго време. Да се разбереме човекот за кого пишувам не е достојна темава поради неговата личност и карактер, но се крена голема фама на Фејсбук каде имаше страница на која за овој човек имаше напишано малку текст и гласеше некако пр. (Убиец, криминалец на слобода...)

Благојче Коруноски
1545998_701588969874479_330477939_n.jpg

Бале Коруно како што по прилепски си го викаат пријателите и фамилијата е една тешка битанга. Се извинувам на зборовите ама подруго неможе да се опише и затоа и не е достоен ваков криминалец на темава, но само и само поради големата галама околу него го пишувам ова.
Ова не се сигурни информации, но имам информација дека Благојче е братучед на Миле Јанакиески и дека преку Миле, Благојче има добри релации со Мијалков за рекет игрите. На текстот на страницата за него на фб пишуваше дека Благојче е убиец и насилник и ги пишуваше некои од делата за жал не ги паметам, но беа поврзани со насилство и беа тешки кривични дела. Пишуваше и дека Благојче минатово зимо бил осуден на голема затворска казна, но лежел само неколку недели а потоа под дијагноза за некаква хирушка интервенција (операција) излегол од затвор по што до ден денес се нема појавено а не се знае и дали воопшто имало здравствен проблем и потреба од операција кај Благојче.

Овој истиов Благојче Коруноски лично тврдам и со две раце потпишувам дека во Велес го рекетираше Ресторан Базен Снупи по што ги доведе и СГС за и Началниче да се напие малку крв. Благојче идел секој ден од Скопје за Велес за да ги контролира финансиските работи на локалот. Баго ебаго идеше со бело БМВ М5 со скопски регистерски таблички и кога се броеа пари, заработка, се правеше попис он беше седнат до газдата и им земаше проценти од хоби ама баш онака колку што му е ќејф. Ораганизирал и неколку шабански забави по негов стил на базентот чисто за негова желба не за да ја поттикне работата на локалот. Кон крајот на сезоната Благојче му се партнеро-наметнувал на газдата на Снупи кои освен летниов локал базентот зимно време држи и друг локал мал ресторан по што Благојче и од таму сакал да срка и крка. Па баџанакот на газдата на Снупи се противел на математиките на Баго по што добил тешко претепување со тешки телесни повреди. И ништо, нормално... Баго е заштитен џабе судски трошкови ако пробаш да го тужиш со тоа има шанса и да добиеш втор ќотек. СГС крлежот што Баго го донесе во локалот си останал само него го нема пошто доволно исцица за да базентот пропадне и повеке не му е интересно.

И за оваа информација не сум сигурен, но има голема веројатност да наведениов Благојче Коруноски е некаков роднина со убиениот легендарен Орце Коруноски Пикадили кои го убија 2002 во Варна Бугарија.
 
Последно уредено:
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.305
Поени од реакции
5.911
Миле Хаџиски

mile-hadziski.jpg
По повод апсењето на Миле Хаџиски се сетив на неговото дамнешно дело и решив да средам едно мало текстче. Драмата за избеглиштвото на Миле Хаџиски која траела цели 22 години е најголемиот случај во МК во кој сторителот на делото успева да се задржи во бегство. Всушност 19 години Миле успешно бил во бегство поради што го уапсија во 2012 во Швајцарија, Лозана, но поради договорот и дозволите за екстрадиција еве по три години конечно го екстрадираа во Македонија. Кој бил и каков бил Миле пред убиството речиси никој не знае освен неговите најблиски зошто бил премногу млад за да биде успешен во криминалот.

Убиството
На 18 Јуни 1993 година околу 12 часот Миле Хаџиски ја убил својата девојка Мери Јошевска. Наводно по кратка расправија веројатно по телефон која кулминирала поради подолго време несогласици Миле отишол во станот каде се наоѓала Мери на билевар Авној, Скопје и по кратко продолжување на расправијата тој почнал да ја дави за врат по што таа почнала да се брани со рацете, по што следувало удирање со масивен пеплник (пепељара) по рамото и главата од кои удари Мери се онесвестила па Миле со кујнсики нож кој си го носел со него и нанел 40 убоди со нож од кои таа починала. Извештајот гласел дека е почината од внатрешно и надворешно крварење. По убодите Миле го собрал целото злато од станот и избегал од местото па по неколку дена успешно и од државата. Судењето во отсуство околу овој случај беше и повеке од контроверзно и со многу одлагања. Миле во истажниот затвор во Швајцарија тврдел дека случајот му бил апсолутно наместен и дека тој не е убиецот.

Што и како и каде во тие 19 години бегство.
Е тоа е веке најголемата мистерија во врска со него. Јасно е дека живеел на релација Франција Швајцарија, но не и многу повеке од тоа. Миле тврдел дека декретот за француско државјанство го добил од франц. амбасадор во Џибути 2002. Но дали е така и дали било вистинско државјанство не се знае затоа што во Швајцарија тој е уасен под името Зоран Томовиќ со такви документи и така се преставувал.
Според многу се смета дека Миле бил и дел од групата најголеми ограбувачи во светот Пинк Пантери. Што е и восможно поради што сите дела во Швајцарија и Франција му се за тешки грабежи.

Нова Македонија 2012 за апсењето на Миле. http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=21412925172&id=12&setIzdanie=22505

Република текст во кој е спомената изјавата на Миле дека не е виновен. http://republika.mk/?p=117160

Канал 5 за екстрадицијата на Миле која се случи вчера на 21 Август од Фрнација до Македонија и правец Идризово. http://www.kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=76899
 

Kajgana Shop

На врв Bottom