Македонски тим??? Кој македонски тим? Колку македонски играчи имате? Трењер да не ви е македонец или србин да не е? Нека си изгради Стевчо една сала за 15 души у Подржикоњ и тамо да си играте, пооголем селски тим нити имало нити ќе има, можете да купите колку сакате играчи и судии,пак селски тим ќе си останате, па се чудел вашиот селски тренер зашто македонски играчи не сакале да играат у соколи...
Конечно сте личеле на тим демек црнецот ви бил проблем, на кој тим бе личите, ви се смејат сите...
Фер навивање од двете страни, од кои бе две страни???
Иди тамо у штаб кај татко ти Стевчо па дудлај му малко, најди си занимација...
Хејтот ти го разбирам, многу луѓе, па така и ти, сте напатени од релативно стабилниот но брз напредок на соколи од втора МК лига до сосема силната регионална АБА лига (македонски синдром - да му умре козата на комшијата). Сепак, тоа сигурно не е случајно и си има зашто баш они а не Работнички, Куманово или други потрадиционални клубови од МК не успеале во тоа.
Сарказмот и иронијата те прават смешен пред и за оние кои имаат малце подиректен удел во кошаркарските збиднувања во МК кошарката и пошироко во регионот.
Па така, ќе се запрашаш „кој македонски тим“, небаре државната припадност на тимот се одредувала по бројот на МК играчи...за понатаму да се запрашаш колку МК играчи имале и дали македонец им бил тренер?? Демек јакиот патриот...
Сеа вака ќе ти кажам, мaкедонски тим е соколи и секој пат коа гледаш пренос се споменува Македонија..не викаат тимот соколи со 2-3ца македонски и останатите странски кошаркари..значи апсолутно, нивното присуство во аба лига, какво такво, е позитивно за македонија и за македонските (какви такви колку се толку играчи).
Тренер, ајде посочи еден пример на македонски тренер кој може да носи клуб во АБА лига? Рајковиќ го видовме...Малинков? у БИБЛ има проблеми...Србиновски? На Куманово е тренер...нема што повеќе тука... Марин можеби, но не сме имале шанса да видиме дали навистина може. Па така, нажалост останува да се бара спасот во странски тренери. Не дека овој на соколи е Фил Џексон, ама му оставам време и простор, ипак тимот а и самиот тој се дебитанти.
Истото се однесува на МК играчи...Погледни ги статистиките па и игрите на МК играчите во АБА? Ма погледни ги како изгледаа МК играчите на последниве квалификации за репрезентација...Да не случајно ти текне да ми ги споменеш Курчо, Мачки, Караџа и Караколев...ќе ми биде за џабе трудов.
Се ова за Стевчо, сала у Подржикоњ, селски тим, селски тренер, МК играчи не сакале да играат у соколи...не ти има логика, тимот е од Карпош, од Скопје - тотална спротивност на село, Стевчо а не Циц, Жерновски или Заев го издигна тимот до АБА и ако продолжат да работат како досега, нема да ме чуди да изградат и сала со што би станале уште повеќе сериозен клуб поставен на одлични темели за иден развој и промоција на МК кошарка и МК играчи.
Дека личеа на тим со Партизан, личеа...колку и да ти се субјективни ставовите, прочитај си го и Џикиќ на пресот после утакмицата и ќе се увериш. Да си искрен ќе признаш дека очекуваше разнесување од 30-40 разлика, но остана разочаран.
Навивање...срамота е да го споменеш, срамота се тие суштества што во слободно време се македонци а на утакмица за Партизан wanna be срби поголеми од самите срби. Иначе, од другата страна имаше публика, да, и тоа каква обичните гледачи посакуваат. Тоа што во твојот ментален склоп е останато дека навивање по дефиниција значи плукање, пцуење, нереди, тепачки, проблеми, недолично скандирање и транспаренти, е само доказ за еволутивниот стадиум во кој си застанал.
Гореспоменатата моја констатација ја потврдуваш во твојата последна реченица од постот....ги побиваш теориите на Дарвин за еволиција...