Според тебе, што би требало да му стори Бог на именуваниот крадец?
И, од кај виде дека именуваниот навистина украл? Или, така ти кажале, а ти им поверува на „жими мајка„?
Денешната интронизација на г. Методиј во митрополит на Американско-канадската епархија која е закажана во црквата во Ајакс, Канада, од
свечен и значаен чин за верниците на Македонската православна црква многу лесно може да се претвори во протест.
Револтот на нашинците од Америка и од Канада е упатен кон
протоѓаконот Ратомир Гроздановски, досегашен секретар на Синодот на МПЦ и нов декан на Богословскиот факултет, кого македонските иселеници
го обвинуваат за проневера од 20.000 долари, направена пред десетина години. Тој, заедно со архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан, и владиците Агатангел и Пимен е дел од официјалната делегација на МПЦ која ќе учествува на интронизацијата на митрополитот Методиј и на големиот црковно нареден собир во Канада.
Според пишувањата на весникот „Македонски глас" од Америка,
Гроздановски во 1995 година добил 20.000 долари од Македонците во дијаспората како нивна донација за средното богословско училиште и Богословскиот факултет во Скопје, но парите никогаш не стасале таму каде што биле наменети. Протоѓакон Гроздановски донацијата ја примил во својство на секретар на Американско-канадската македонска православна епархија, кога прв духовник на МПЦ бил архиепископот г.г. Михаил. Иако проневерата за која го обвинуваат Гроздановски, се случила пред повеќе години, досега никој официјално не ги информирал каде завршиле нивните пари.
Дека е можен
протест за време на интронизацијата на митрополитот Методиј, архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан, беше предупреден и пред заминувањето за Америка.
Во неколку наврати му било нагласено дека Ратомир Гроздановски мора да одговара за наводната проневера и дека е непожелен меѓу нашинците во Америка и во Канада. Наспроти овие сериозни предупредувања кои на поглаварот Стефан му беа лично соопштени и на осветувањето на црквата во Подмочани, на кое присуствуваа и група наши иселеници, не беа доволни протоѓаконот Гроздановски да не биде дел од официјалната делегација.
Според извори на „Утрински весник", и новиот американско-канадски митрополит г. Методиј му предочил на архиепископот дека
не е упатно во делегацијата да се најде и протоѓаконот, кој не е добредојден во Америка и во Канада. Зошто поглаварот останал глув на сите предупредувања, останува во сферата на шпекулациите. Извесно е дека Гроздановски важи за негов близок соработник.
Претседателот на Одборот на црквата „Св. Петар и Павле" во Краун Поинт, Димитар Пејовски, и секретарот Борис Веловски,
уште пред неколку години барале разврска на случајот со злоупотребената донација и тогаш му се обратиле на сега актуелниот поглавар Стефан, кој во тоа време бил ректор на Богословијата. Тие тврдат дека г.г.
Стефан ги информирал дека како прв човек на Богословијата не го добил износот од 20.000 долари, туку само некои помали средства кои ги искористил за купување фрижидер.
MПЦ има фрижидер од 20.000 долари.
Мики камо дедо боже да се јави во акви случаеви и да прати ангели да казнат тие шо краделе или тие шо лажно сведочеле.
Видовме дега госпот не го интересираат ниту се меша околу гладни деца, болни деца, деца шо умираат во војни, ами за проневерени пари и скандали во негота црква меѓу негови верници и негови свештеници? и тоа ли не го интересира?