Фан Клуб: Интер

Сезона 2023/2024

  • Вкупно гласачи
    58
  • Гласањето е завршено на .

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Што ќе му е Погба на Реал Мадрид ај размисли самиот?..сигурен си дека ги одби или медиумите измислуваа глупости за да ја напумпаат цената?.. Погба беше одамна капарен во Манчестер и во никој случај Реал Мадрид не седнаа на преговарачка маса бидејќи не му е потребен и нема шанси да сакаа да го ангажираат покрај
http://www.independent.co.uk/sport/football/transfers/paul-pogba-manchester-united-latest-news-real-madrid-zinedine-zidane-transfer-a7351656.html Зборови од Зидан, не од Џонтра. Ќе леташе Хамес во тој случај и Реал ќе ја избалансираа сметката, затоа повлечи - потегни беше неговата ситуација цело лето.
 
Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Не знам ја тоа кај ќе го користеа не сум Зидан. Си имал човекот план кај да го користи го барал ги одбил. Ако нејќе играчот да ти дојде во тим џабе е кој сакаш биди нема да ти дојде.Ти до утре можеш се инатиш без врска ама таа е реалноста. Не се сите будали ко Ковачич клупа да греат. Точно е дека можат повеќето играчи да ги земат ама дека само освен од Барса и Атлетико не можеле мало морген. Си има сеуште играчи кои би го одбиле Реал макар и Реал се трескал од земја за да ги земе. Не се Реал единствен избор на пазарот па ако посака секој играч да може да го купи.
Ај размисли самиот дали Погба му требаше на Реал или не?..ти набројв 7-8 преквалитетни играчи во средниот ред што се тепаат за место и ти мислиш дека Реал трчале по Погба да платат 100 и кусуро милиони?:pos:

Јас досега не се сеќавам дека некој играч го одбил Реал ако овие навистина сакале да го купат..не дека играчите неможат да му одолеат на клубот туку поради тоа што Реал Мадрид е финансиски семоќен клуб и можи секоја понуда да ја израмни и башка тоа што квантитативно и играчки се прејаки и нон стоп се борат за сите титули..Кака на онаква верност што ја покажуваше кон Милан го купија,Манчестер што се пребогати му го купија најдобриот играч и тоа Фергусон што се инаетеше а камоли другите клубови..

Не се Реал единствен избор ама верувај тие се најголем избор..секогаш се знае дека после големо натпреварување Реал Мадрид ги купува играчите што најмногу се покажале на истото..години наназад тоа е така бидејќи си можат..а Икарди на мајтап ќе го купат ако сакаат да не се лажиме[DOUBLEPOST=1476013284][/DOUBLEPOST]
http://www.independent.co.uk/sport/football/transfers/paul-pogba-manchester-united-latest-news-real-madrid-zinedine-zidane-transfer-a7351656.html Зборови од Зидан, не од Џонтра. Ќе леташе Хамес во тој случај и Реал ќе ја избалансираа сметката, затоа повлечи - потегни беше неговата ситуација цело лето.
Џабе ќе се расправаме..Реал Мадрид нема теорија да понуди 100 милиони за резерва..Зидан тоа што изјави е едно ,а како работи менаџментот е друго..Крос и Модрич ќе играа пред него и пак ништо немаше да биди па затоа не ни се обидуваа да седнат на преговарачка маса со Јувентус..

Плус Реал Мадрид има скоцкан тим веќе две сезони па затоа не се расфрлаат со пари..како што напишав,ако Реал Мадрид имаа распад сезона како во 2013 ќе видиш дали немаше да го купат Погба и со уште некој во пакет...вака непотребен му беше на 7-8 играчи во средниот ред...треба да размислите малце а не само да читате медиумски глупости за да се форсираат цените на фудбалерите
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Џони севселенскиот познавач на Реал Мадрид, сигурно му е прв советник на Флорентино.

Едноставно неможам да ти објаснам џабе..ЗНАЧИ ИКАРДИ НЕ МУ Е ПОТРЕБЕН НА РЕАЛ МАДРИД БИДЕЈЌИ НЕ Е НЕШТО ПОКВАЛИТЕТЕН ОД МОРАТА И БЕНЗЕМА И НЕМОЖИ ДА НАПРАВИ РАЗЛИКА НА ТЕРЕНОТ ТОА МИ БЕШЕ ПОЕНТАТА...

Не знам како да ти напишам појасно..Реал не ги купија Милито и Мајкон поради возраста а не тоа што не се квалитетни и неможеа место да фатат..кога се купува играч се зема во предвид и самите години односно уште колку време можи да настапи и да понуди за клубот..Пак ќе се навратам на тоа дека Реал Мадрид тогаш ги имаше младите звезди во подем Игуаин и Бензема што беа сличен квалитет со Милито..за кој кур му беше Милито?..што ќе понудеше повеќе од овие двата?..Мајкон признавам повеќе ќе понудеше од Рамос но Мајкон тогаш веќе беше во опаѓање а Морати бараше ненормални суми..е да беше 26-27 години верувај ќе лупнеа 40 милиони и ќе го земеа а вака беше ризик за нив.

Вака ќе ти напишам најпросто..Икарди да беше на класата на Агуеро и Суарез односно играч што можи да направи разлика Реал Мадрид ќе го купеа..вака дали тој дали Мората нема некоја разлика само што за Мората си платија помалце пари на Интер требаше еден кош пари да му платат за непотребен играч.

Значи да разјасниме.

Потребен играч ,непотребен играч..тоа е таа разлика за Реал Мадрид..ако му требаше ќе го купеа а не вака ги одбивале играчи што веќе си знаат дека ќе бидат резерва.фала богу дека Икарди не е ненормален да биди резерва ама 100000% сум сигурен дека Реал Мадрид не запна за него и самиот знајш дека е така ама не знам зошто се расправаш со мене за глупости
Не Џони, Реал Мадрид не ги купи Милито и Маикон пошто Морати така сакаше а не дека не му беа потребни. Тоа се твои заклучоци, ги имале младите и у подем Игуаин и Бензема, тој период Милито за овие двајца беше тата. Цело лето ги бараше Мурџо, Морати не прифати да ги продаде и чао. Еве ти ја семоќноста на Реал.

На страна тоа дали им бил потребен Икарди или не, не можеш тоа ти да го знаеш и да си влечеш заклучоци пошто имале играчи. Имаа играчи и на времето коа ги купија Роналдо и Кака па ги откачија Робен и Снајдер по брза постапка. Го имаа и Ди Марија па го откачија по пребрза постапка коа го земаа Џејмс.

Џабе си ги земаш за пример играчите што си ги набројал кога сите тие самите издејствуваа трансфер во Реал, Роналдо уште кога дошол во Манчестер му рекол на Ферги дека сака да игра во Реал, Кака отиде зошто им стигна прејака понуда на Милан плус овој имаше веќе хронична повреда на коленото, Крос со цел Баерн се искара за да отиде таму, истото се дешаваше и со Модриќ и Бејл.

Нема што да разјаснуваме, јасно е, ако играчот не сака да биде продаден и клубот не сака да го продаде, џабе ти е, ни свети Илија нема да го реализира тој трансфер.

Ене ти погоре изјава од Зидан и сеа ти и него ќе го убедуваш дека нема поима и дека не му требал Погба. Имаше изјави и од Флорентино дека не можеле да се носат со таа понуда на Манчестер и дека изборот на Погба бил Јунајтед.
 
Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Ене ти погоре изјава од Зидан и сеа ти и него ќе го убедуваш дека нема поима и дека не му требал Погба. Имаше изјави и од Флорентино дека не можеле да се носат со таа понуда на Манчестер и дека изборот на Погба бил Јунајтед.
Види сега во каква стапица се стави самиот....па нормално дека нема да се носат со таа понуда бидејќи на Реал Мадрид не му е потребен Погба колку што му е на Манчестер..колку пати ова треба да ти го спомнам?.

Реал Мадрид има скоцкан тим(по илјада пати го пишам истото не ми се верува) па нема потреба да се расфрлаат со милиони..

Ако ги снајдеше иста судбина како во 2013(по илјада пати го пишам истото) ќе праевме тогаш мубает дали ќе ги одбиеше некој кога ќе влезеа дрско на трансфер пазарот ..и дека Милито беше тата за Игуаин и Бензема во 2010 можи на некој од 2014 година што почнал да прати фудбал да му го кажваш..добар беше Милито ама не беше физички и кондициски спремен со Бензема и Игуаин каде беа по 22-23 години и поефективни за на подолг рок..за кој кур му беше потребен Милито при вави двајца напаѓачи?..ти мислиш дека Морати му рече чао..оти Морати не му рече чао на Сити за Балотели кога овие лупнаа 35 милиони?..бидејќи едноставно голема беше сумата..и Реал да понудеше поголема сума ќе видеше дали ќе речеше чао.

И во 2009 Реал немаа ниту играчи ниту ништо..барем мене не ме прај будала..тогаш Барса освои тројна круна и тотално го понижи Реал на Бернабеу 2-6..во Реал Мадрид тогаш играа Ласана Диара,Мамаду Диара,Робињо,Раул и Хунтелар..во Реал Мадрид тогаш Робен(повреден нон стоп) и Снајдер беа искарани со цел тим и Хуанде Рамос ги водеше до крајот на сезоната каде со просечен тим успеа да врзи 13-14 победи со ред..значи во 2008/2009 Реал Мадрид имаше просечен тим за Барселона што всушност се виде и по самите резултати па му требаше очајнички јаки засилувања што ќе го подигнат нивото на квалитет..па затоа ги купија Роналдо,Алонсо,Арбелоа,Кака,Бензема,Гранедо си го вратија и уште не знам кој друг..БИДЕЈЌИ ДОАЃАА ОД ЛОША СЕЗОНА(РАСПАД СИСТЕМ) И НОРМАЛНО НИКОЈ НЕ ГИ ОДБИ СПОРЕД ТВОЈАТА ЛОГИКА..

Да му се случеше ваква сезона сега во 2016 ќе видиш тогаш дали немаше Икарди и Погба да ги купат..имаше сосе Дибала и Ројс во пакет да ги купеа..ама ете како што гледаш Реал Мадрид сега има пресилен состав со солидни резрви па нема потреба да се распукуваат со пари.

Барем мене за фудбал не ми објаснувај..
 
Од кај знаеш дека не им е потребен Погба на Реал? Како не им е потребен КОГА САКАА ДА ГО КУПАТ.
Да Џони, Морати му рече чао на Реал кога сакаа да ги купат Милито и Маикон, значи имаше понуди, Мурињо цело лето сакаше да ги купи, даваа по 25-30 милиони евра, Морати им рече НЕ ВИ ГИ ДАВАМ И ЧАО.
Тоа за што кур им бил потребен Милито прашај го Мурињо.

Види го, оти Морати не му рекол чао на Сити за Балотели, не ми се верува дека за ова треба да ти објаснувам. Зашто понудата за Марио беше предобра а овој беше искаран со цел Милано.

Како бе Снајдер и Робен биле искарани коа двајцата не ни сакаа да си идат ама беа приморани пошто овие ги доведоа Роналдо и Кака. Не реков дека имале кујзне колку јак тим, сакав само да ти укажам дека преку кур ако имаат играчи на тие позиции (твојот муабет за Икарди, Бензема и Мората) кога може да ги откачат по брза постапка.

Океј нема тебе да ти објаснувам за фудбал, све докажа со Милер-Тоти муабетот.
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
9.024
Поени од реакции
5.947
Држи вода муабетов на Џони. :)

Реал кога стварно сака одреден играч тогаш и не остава премногу простор за преговарање, односно доаѓа на преговори со понуда која што не се одбива. Ќе ти дојдат во Милано со куфер и 200м во него за Хандановиќ и Икарди и иди одби ги да те видам. Џабе тоа што тимот сака да ги задржи или самите играчи не сакаат да си одат кога станува збор за огромни пари кои што ниту еден бизнисмен не би ги одбил, а денес реално фудбалот е еден голем бизнис.

На страна тоа што моментално трансфер на релација Милано-Мадрид е напредок од десет чекори во кариерата т.е. скок од полумртво ретардирано магаре на коњ.
 
Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Од кај знаеш дека не им е потребен Погба на Реал? Како не им е потребен КОГА САКАА ДА ГО КУПАТ.
Да Џони, Морати му рече чао на Реал кога сакаа да ги купат Милито и Маикон, значи имаше понуди, Мурињо цело лето сакаше да ги купи, даваа по 25-30 милиони евра, Морати им рече НЕ ВИ ГИ ДАВАМ И ЧАО.
Тоа за што кур им бил потребен Милито прашај го Мурињо.

Види го, оти Морати не му рекол чао на Сити за Балотели, не ми се верува дека за ова треба да ти објаснувам. Зашто понудата за Марио беше предобра а овој беше искаран со цел Милано.

Како бе Снајдер и Робен биле искарани коа двајцата не ни сакаа да си идат ама беа приморани пошто овие ги доведоа Роналдо и Кака. Не реков дека имале кујзне колку јак тим, сакав само да ти укажам дека преку кур ако имаат играчи на тие позиции (твојот муабет за Икарди, Бензема и Мората) кога може да ги откачат по брза постапка.

Океј нема тебе да ти објаснувам за фудбал, све докажа со Милер-Тоти муабетот.
Не разбираш џабе..треба да ти се нацрта дека Реал кога сака некој играч не се заебава со понуди од 25-30 милиони и да се чипчи цело лето..ти за муабетот со Милито и Мајкон како за Арсенал да прајш муабет а не Реал Мадрид.

За Погба сакаа да го купат ама прашањето е КОЛКУ САКАА ДА ГО КУПАТ?..и јас сакам да купам БМВ 320 и Рено Меган ама прашање е колку сакам да ги купам?..што ќе ми се реално кога си имам солиден Голф 4 каде ми врши работа?..да лупнам 4000-5000 евра и дополнителни 200-300 евра за сервис,осигурување и регистрација за кола што не ми е потребна?..еве ти поинаков приказ на работите ако не разбираш

И јас неможам да верувам дека треба да ти објаснувам за Милито и Мајкон зошто Реал Мадрид како клуб не сакаше да ги земи..можеби Мурињо имаше желба да ги види во тимот ама со оглед на околностите дека двата беа 30+ во години,истрошени играчи,се бараше голема сума за двата и плус не беа неопходни се решија да не ги купат..не знам како ова не го разбра?..треба 10 пати истото да ти го пишам?

Снајдер и Робен во 2009 беа никој и ништо за Кака и Роналдо и во фудбалски план и во маркетиншки план..кога дојдоа овие играчи што ти ги набројав веднаш го подигнаа квалитетот на Реал Мадрид за две скалила рамо до рамо со Барса во тоа време..и логично дека не сакаа да си заминат од Реал бидејќи земаа голема плата и му беше убаво во Шпанија..кој е будала сам да побара трансфер од Реал Мадрид?..и Озил(2013) и ДИ Марија(2014) ги продадоа сосила само за да ги купат Бејл(2013) и Џејмс(2014) да не сакаа случајно сами да си заминат?..Ди Марија уште што не му клекнаа на колена само да си замини,како куче го избркаа.

за муабетот Милер Тоти убаво ми беше се објаснато..јас не ни ги споредував бидејќи се различни играчи,вие што се разбирате во фудбал почнавте да ги споредвате
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Последно уредено од модератор:
Член од
16 април 2014
Мислења
7.072
Поени од реакции
11.056
Abe deka moze da gi odbie nekoj real, moze.
Ama deka ako im treba igrac od INTER ke gi odbieme, malo morgen.Koj sakaaat da go zemat ke go zemat od kaj nas .I arno vi veli dzoni deka ne e takva klasa icardi pa da im napravi razlika,ako bil ttakov tip na igrac nema sansi da gozadrzevme.
 
Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Abe deka moze da gi odbie nekoj real, moze.
Ama deka ako im treba igrac od INTER ke gi odbieme, malo morgen.Koj sakaaat da go zemat ke go zemat od kaj nas .I arno vi veli dzoni deka ne e takva klasa icardi pa da im napravi razlika,ako bil ttakov tip na igrac nema sansi da gozadrzevme.
Јасно е дека може да ги одбие..ама зависи со каква намера го сакаат односно дали навистина сакаат да го купат а не како Погба држ недај .јас колку што памтам само Фалкао ги одби(делумно) поради притисок од самиот клуб(Атлетико Мадрид) и навивачите на истиот каде што му се закануваа со смртни казни..затоа реков дека освен Атлетико и Барса..а за било кој друг клуб да се работи нема да има проблем да го купат а камоли за Интер да се работи..мачкина кашлица ќе му биди Икарди ако сакаат да го земат
 
C

Castiel

Гостин
Ај размисли самиот дали Погба му требаше на Реал или не?..ти набројв 7-8 преквалитетни играчи во средниот ред што се тепаат за место и ти мислиш дека Реал трчале по Погба да платат 100 и кусуро милиони?:pos:

Јас досега не се сеќавам дека некој играч го одбил Реал ако овие навистина сакале да го купат..не дека играчите неможат да му одолеат на клубот туку поради тоа што Реал Мадрид е финансиски семоќен клуб и можи секоја понуда да ја израмни и башка тоа што квантитативно и играчки се прејаки и нон стоп се борат за сите титули..Кака на онаква верност што ја покажуваше кон Милан го купија,Манчестер што се пребогати му го купија најдобриот играч и тоа Фергусон што се инаетеше а камоли другите клубови..

Не се Реал единствен избор ама верувај тие се најголем избор..секогаш се знае дека после големо натпреварување Реал Мадрид ги купува играчите што најмногу се покажале на истото..години наназад тоа е така бидејќи си можат..а Икарди на мајтап ќе го купат ако сакаат да не се лажиме[DOUBLEPOST=1476013284][/DOUBLEPOST]

Џабе ќе се расправаме..Реал Мадрид нема теорија да понуди 100 милиони за резерва..Зидан тоа што изјави е едно ,а како работи менаџментот е друго..Крос и Модрич ќе играа пред него и пак ништо немаше да биди па затоа не ни се обидуваа да седнат на преговарачка маса со Јувентус..

Плус Реал Мадрид има скоцкан тим веќе две сезони па затоа не се расфрлаат со пари..како што напишав,ако Реал Мадрид имаа распад сезона како во 2013 ќе видиш дали немаше да го купат Погба и со уште некој во пакет...вака непотребен му беше на 7-8 играчи во средниот ред...треба да размислите малце а не само да читате медиумски глупости за да се форсираат цените на фудбалерите
Чекај малку сеа и ти си контракдиторен. Прво викаш Реал се финансиски семоќен и после смешно ти е дека трчале по Погба за 100 и кусур милиони. А дека се тие 7-8 играчи сите поквалитетни од Погба за тебе не значи дека за Зидан се. Башка и не претерувај ти толку си има причина зашто Погба вредеше толку на пазарот. Значи да не се разбореме погрешно Реал има финансиски средства да го купи кој играч сака дури и Меси, ама доколку клубот и играчот нејќат да отидат во Реал џабе се тие пари. И не. Не е реал најдобар избор на пазарот за секој играч. За млади крила кои би грееле клупа на Роналдо и Бејл како е Реал објасними најдобар избор. Место да се развиваат и да играат редовно што им е потребно они клупа ќе греат и ќе стагнираат и нема да го исполнат потенцијалот. Како е тоа надобар избор за нив? Не претерувај и ти сеа. Реал се моќен клуб ама не се семоќен да се разбереме. Ниеден клуб не е семоќен.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.159
Поени од реакции
107.595
Бреј Бензема бил физички многу помоќен од Милито 2010. :LOL: Бензема еј, телето најмртво на светот. :D

И да, зашто Икарди да не ги одбие Реал?? Па во Интер е капитен, најдобар играч, сите го сакаат, ги има сите предуслови да стане легенда на тимот и да биде долги години лидер. Дојдоа Сунинг летово, одма почнаа да вложуваат, имаат долгорочни и високи амбиции. За кур му е у Реал да иде и да му подава на Роналдо за овој да си го полни егото.

Џони, Балотели си потпиша трансфер уште на мечот со Барселона каде го фрли дресот пред 80 000 на Меаца. Не треси зелени те молам.

И да, сеуште немаш објаснето зошто не го земаа Тоти 2005/2006 година кога даваа цело богатство за него, а тогаш знаеме кој и што беше Тоти во светот на фудбалот.
 
Уживај дека и тебе ќе ти пишувам реферати само за да ти докажам..прочитајси ги две страни наназад внимателно мојте мислења и ќе ме разбериш(можеби)..вака да ти цртам пак подетално нема грешка
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.159
Поени од реакции
107.595
Уживај дека и тебе ќе ти пишувам реферати само за да ти докажам..прочитајси ги две страни наназад внимателно мојте мислења и ќе ме разбериш(можеби)..вака да ти цртам пак подетално нема грешка
Епа викаш дека никој не може да го одбие Реал ако сериозно запнат за него. Ете прашај ако не веруваш, има навиачи на Рома и на Реал на форумот и ќе ти потврдат дека Реал даваше цело богатство за Тоти пред десетина и кусур години. Факт е дека повеќето фудбалери се топат на понудите на Барса и Реал, јебига гиганти се и ретко кој би ги одбил, ама па и не е дека нема такви што не ги одбиле до сега. Најозбилно, Икарди има милион и една причина да ги одбие Реал Мадрид, хипотетички зборувам ова, без разлика дали имало или немало понуда за него летово.
 
Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.846
Поени од реакции
8.693
Dzoni, ima izjava na Perez kade veli deka probal se za da go donese Totti vo Real ali ne uspeal

Real Madrid's Galactico that never was
 
Kajgana Shop

На врв Bottom