Споредуваш кинез, со јапанци! Даикин е самиот врв во климатизацујата, со 5-6 бренда (и тие јапонски) најдобрите топлотни пумпи на Свет, другиот јапонски бренд во опцијата што ја имаш е Панасоник, кој беше втора лига во климатизацијата се до лани кога го купи (превзеде) делот на Sanyo за топлински пумпи, кој исто така беше врв во климатизацијата и греењето.
Е сега ќе те убедуваат дека и Gree е Daikin, дека заедно развивале компресори во Ланда.... (што се манда у ладна вода!?).... и тн и тн и дека е сличен па прочитавме и подобар од Daikin... е сега за Low Budget клиенти и навистина развиваат клими и со Gree за посиромашната целна група.... и со тоа го земаа најголемиот колач од оваа бранша (кинескиот пазар им троши 80-90% индискиот такуѓере и сега јасно ти е зошто ... На времето најтиражен весник во светот беше Жен Мин Жибао, глумец со најголем број фанови во Свет беше Бата Живојиновиќ (затоа што беше најпопуларен во Кина)... денес е некоја Индиска глумица, на која овие денешниве холивудски можат вода да и носат по број на фанови, дури и по заработка! Но тоа (тиражот) како и за климите и инвертерите никако не значи дека се најдобри или дека по квалитетот се доближени до јапонците, од кои некои модели и можеби се склопуваат во Кина, но тоа го прават по нивни стандарди на работа нивни инженери, најнова технологија, контрола и слично (Исто како што го прави и Мерцедес или незнам кој) високи стандарди...а не се прават у гаража или у хангар некој вон европски или УСА стандарди, макар и да е со јапонска технологија такво едно производство но се разбира со застарено... Види не велам дека Кинезите еден ден нема да развијат нешто и за лична потрошувачка, како што за престиж развиваат вселенсли програми, оружје и тн и тн... но до ден денешен немаат ниеден производ за лична потрошувачка кој е приближно сличен на европскиот јапонскиот или американскиот стандард па ниту во климатизацијата или ајде имаат еден бренд од мобилните телефони кој само се приближи....
Тие вообичаено само копираат и ден денес го прават тоа Еве ти еден пример..
Кинески Хамер A black Dongfeng ‘Hummer’ police car in China
...
и амерички Хамер...
ама кинескиот коштал 50,000$ помалку, а бе види, кошта, ама каде ќе те извози кинескиот, каде америчкиот, колку ќе те трае кинескиот, колку америчкиот, колку си сигурен во кинескиот (колку звезди на креш тест има, а колку америчкиот)...
Или појди од себе... кои патики би ги купил? Кинеските во Runners кои чинат 2200,,,2,300 денари или Reebok на 50 метри во ГТЦ кои чинат 2800 или 3,000 или Nike нешто поскапи кои веројатно пак се направени во Кина или Малезија???
Да се вратам на темата, за 1,000 Евра буџет сигурно имаш подобар квалитет од кинезот во јапонските брендови што ги спомна или за некоја иљадарка повеќе исто од врвниот бренд во климатизацијата и затоплувањето Mitsubishi....
знаеш не е се во тежината на надворешната, колку чила фреон имал колку ЦОП колку воздух у саат 800-900м3... иако се многу битни и тие податоци, но најбитен е квалитетот на производот! Колку тој производ од својата употребна вредност ќе губи со текот на годините, колку кварови ќе имаш, колку години ќе те служи.... сите губат на употребната вредност те на квалитетот со тек на годините, јапонските најмалку, сите се расипуваат, само не јапонските... или ова беше реклама за Toyota (сеедно) голема вистина! Јапонските брендови се докажани со квалитет и се стари по 50-100 години! Кинеските 50-100 месеци... па сеа ти види!