TpH_Bo_OkO
Трноризец
- Член од
- 18 мај 2005
- Мислења
- 11.537
- Поени од реакции
- 878
За сите модели на брендот Хонда.
Веќе втора година возам Хонда за прв пат во животот, купена со многу скептичност, како што генерално гледав на автомобилите на Хонда. Не можам да кажам дека не сум ги слушал сите пофалби за Хонда и каква репутација ужива, едноставно не познавав луѓе кои се доволно стручни за да можат да ми ја одржуваат, од аспект на сервис.
Сега засега, имам многу позитивни импресии од моето возило. Се работи за моделот CR-V со дизел мотор од 2.2 м3 и погон на сите четири тркала. Единствен downside ми е тоа што деловите се потешки за наоѓање, како и сервис кој знае како со овој модел, а не сакам да го носам во сервисот на Макпетрол затоа што се неверојатно скапи и процедурално комплицирани.
Многу сум заинтересиран за некој понов модел на Хонда кој ќе ја има функционалноста и изгледот како на мојот модел, затоа што е со теренски предиспозиции. Сегашните и понови модели се претворени во „подигнати автомобили“, а тоа не треба да претставува CR-V.
Како вие гледате на Хонда?
Јавете се и вие Хондаши. Има ли членови на Кајгана кои се членови и на Honda Club Macedonia?