FILM CLUB (КРУГ 5) (205. Dogtooth: 18.11-01.12.2024)

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.667
Поени од реакции
10.007
Е па од кога реков дека ќе ги изгледам. И не е фер, кога си веќе член на клубот, треба сите да ги испочитуваш :LOL: Уште 3 ми останаа, ќе мора да ме трпите.
 
W

wicked_1

Гостин
Е па од кога реков дека ќе ги изгледам. И не е фер, кога си веќе член на клубот, треба сите да ги испочитуваш :LOL: Уште 3 ми останаа, ќе мора да ме трпите.
Submarino прв пат сега го гледаше или?
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.667
Поени од реакции
10.007
Submarino прв пат сега го гледаше или?
Да. Од сите филмови, само мојот ( A simple plan) и Rebecca ги имав претходно гледано. И Alive некогаш како дете. Друго се за прв пат.
 
Член од
27 јуни 2007
Мислења
2.157
Поени од реакции
507
Gett: The Trial of Viviane Amsalem. Каков филм луѓе!!! Признавам дека во првите 14 минути имав потреба да го исклучам, но исто така признавам дека доколку го направев тоа ќе згрешев. Одличен пример како се прави добар филм независно од буџетот.
Јас пред се го доживеав како комедија. На неколку пати здраво се изнасмеав. Најзаслужен за тоа беше чичето (записничарот) што работеше на компјутер и што ги дочекуваше и испраќаше луѓето. Потоа судиите ми беа исто така хит, како и братот (адвокатот) на сопругот. Дел од сведоците беа лудило. Исто така и сопругот ми беше интересен со својот стемнет и циничен лик. Токму поради тоа јас го доживеав како пародија на реалноста, односно комедија. На почетокот не ми беше јасно зошто разводот никако не може да се спроведе. Исто така ми беше чудна функцијата на судиите, кои практично немаа некои големи ингеренции нарочито во однос на сопругот. На почетокот се ми изгледаше толку незамисливо и чудно. Судски процес за развод кој трае 5 години?
Како и да е, ако ја тргнам на страна комичноста која што јас ја видов во филмов, тогаш работите стануваат малку посериозни. И сега кој е виновен: тој што сака? или тој што не сака? Мислам дека ги разбрав и двајцата. Таа е незадоволна и несреќна; не го сака својот сопруг; конечно се решила да го напушти; сака тој кошмар што побрзо да заврши. Нејзина одлука, иако никогаш не била удрена или малтретирана (за разлика од него... мислам). Тој е циничен и очаен; ја сака премногу (па дури ја доживува како своина); се обидува на свој начин да го зачува бракот кој одамна завршил. Според мене погрешно, но сепак, негова одлука.
Почесто се поистоветував со сопругот. Па дури и ми падна жал за него кога даваше изјава дека сите неа ја гледаат како жртва, па дури и нивните деца. Таа плачела и била кршлива, а тој бил силен и сталожен. Браво за ликов. Колку само е тешко да останеш смирен покрај таква личност. Тој не сака да се претстави како жртва во ниту еден момент, иако бил жртва. Се прашував како јас би постапил на негово место. Да не се лажеме, љубовта во бракот најчесто преоѓа во нешто друго или умира после втората, третата година од живеењето во таа заедница. Плус луѓето во брак се менуваат. Ништо не останува исто. Јас сум човек кој секогаш се трудел да живее со одговорноста и последиците. Зарем не е бракот доброволно заточеништво и континуирани компромиси? Некој ќе каже не. Сепак, ако во тој контекст го анализирам бракот, тогаш најверојатно и моите требало одамна да се разведат. Но, не само моите, туку и 99% од луѓето во брак. Јас лично не сум во брак, па затоа ќе се затнам со мудрување. Сепак, мислам дека и двајцата се жртви. Не е таа единствената која пати.
Според мене одличен филм. Не очекував ништо, нарочито на почетокот. Пријатно се изненадив. Глумата на сите ми беше пријатна за очи. Одлично изнесена приказна и ликови (нарочито на сопругот и сопругата). Се беше во одличен ред и хармонија што се однесува до тој аспект. Освен тоа, ете како се прави одличен филм снимен во 2 простории, со десетина глумци. Од мене една јака 8-ка!!! Сега ќе читам што кажале другите за филмов и дали воопшто некој се смеел додека го гледал.[DOUBLEPOST=1475689177][/DOUBLEPOST]@Хоуп :zver:
 
Последно уредено:

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.745
Поени од реакции
27.744
братот беше комедии, се смеев и ја :D
 
Член од
1 декември 2010
Мислења
1.294
Поени од реакции
2.781
Не знам шо да мислам за разводот, сѐ ми е измешано. Ми беше колку-толку интересен за гледање, цело време се зборува, нема простор за невнимание... ваљда двајцата се у право, т.е. не се у право. Судот не го сфаќам па ич, која корист од него, апсолутно немоќен спроти мажот... освен шо на кратко го стави у затвор што и немаше некое значење, барем по мене... може 7ца за филмот.
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.667
Поени од реакции
10.007
The Congress
И јас почнав да го гледам и исто така се осеќав-едвај чекав да заврши. И на крај го оставив, си реков ќе соберам сили некој ден ќе го догледам, ама помина времето. Не е фер на некој да се гледа филмот на некој не, па сигурно ќе го изгледам, ама еве и на пола филм изгледан прв пат сигурна сум дека не е филм за мене и дека гарант нема да се премислам до крај.
Врска немаш.

Прво, сите ме разочаравте што на сите им кажувате дека површно ги гледаат филмовите, а кога ви се дало шанса да изгледате нешто што ќе ви даде шанса да се докажете дека не гледате површно-сте го изгледале најповршно што можете.
Robin Wright: Does that make sense? Or is this just in my mind?
Robot: Ultimately, everything make sense. And everything is in our mind.
Мене филмов сосема ме исклучи од реалноста, со толку концентрација не сум гледала ни еден друг филм, толку битни детали не сум видела во ниеден друг и колку што филмот одеше понатаму, толку стануваше поинтересен и поинтересен, со совршен вовед, тек и крај. Етен ептен ми се допадна, не е како оние триста глупости па кој како сака нека си ги протолкува, него се си беше вклопено во приказната, со секоја ситница на свое место (пример, ми текнува на ентериерот во собата каде што се разбуди Робин, опремен во стил на 80тите, времето кога Робин била млада и во полн сјај, или ракот што ја изеде рибата, па после ракот беше послужен за јадење, и многу други што ги заприметив кога гледав а не можам да се сетам сега а и многу други што мојот мал мозок не ги регистрирал)

Робин е мајка на едно болно дете и глумица на која и поминало времето. Светот околу неа е опседнат со нејзините години, а во нејзиниот свет постои само болка и загриженост за нејзиното дете. Притисоците од сите страни ја тераат да избега некаде далеку од нормалниот свет, онаму каде животот е како во бајка, весел, шарен и безгрижен, но во каков свет и да избегаш, никогаш не можеш да и побегнеш на својата потсвест.
Жал ми ми е што вие не сте го виделе филмот со мои очи.
9/10
 
Последно уредено:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.308
Поени од реакции
38.067
Жените се многу разгалени,тешко на мажите со нив.
Нека трепка ова!

Јас поголема фарса во животов немам видено! 5 години судски процес во кој се расправа како ако нешто никој не го видел, не се ни случило (како пример беше земена месечината која постоела зашто сите ја гледале :facepalm:), и за тоа како е смешно да го напуштиш сопругот ако он нема ни една физичка маана. Мислам, траги-комично беше целото судење. Само за facepalm-ови. Сепак, мислам дека со нашето судство не можат. :P Он топик повторно: јас некако не се ставив на ничија страна - ни на страната на посесивниот сопруг, ни на страната на жената која како и сите жени, никој не може да ја разбере и дефинира, ни нејзе, ни нејзините постапки и ставови. Затоа можеби и му давам само 7/10, зашто не ме трогна, не ме натера на размислување колку жените во Израел се обесправени, ниту пак колку мажите се вакви или онакви. Единствено за што размислував е колку судскиот систем на Евреите им е очаен исто како и нашиот.

А, да, и да не грешам душа - имаше контрастни моменти кои многу ми се допаднаа: адвокатот на сопругата од една страна, секогаш рационален, со кожна чанта, дотеран, и освен на крајот, при соопштување на пресудата, во ниту еден момент од филмот не стави капа на главата, иако еднаш судот му го наложи тоа (некако како да беше персонификација на Западот и про-западните навики и практики), а од друга страна братот на сопругот - рабин, повеќе тежнееше кон духовните и семејните вредности, отколку да бара рационални објаснувања за било чии постапки, документите ги носеше во брендирана најлонска кеса, секогаш поинаква од претходниот пат, и не знам зошто, многу ме потсеќаше на рандом трговец од Пластичарска кај нас ( :D ) - он беше типична персонификација на Израел и неговата „заостанатост“. За тоа и беше филмов, не само за судирот помеѓу навидум обесправена сопруга во бракот со сопруг кој навидум обесправува, туку и за судирот меѓу старото и новото, Израел и Западот, религиозните вредности наспроти модерните...

Убав филм, но сепак далеку од тоа дека ме запрепасти.[DOUBLEPOST=1475840904][/DOUBLEPOST]@grande-juve , @ManUtdChampions , @wot , @Iceboy , @wicked_1 , @Daedalus и @bobipp - само уште 3 дена имате.
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.958
Го изгледав пред некој ден, ама мањак на нет бев, еве да си го напишам домашното.
Интересен филм, сакам филмови со малку актери во една просторија што се случуваат (Rope, 12 Angry Men). Можеби затоа ми се допадна филмов, имаше некое темпо кое те држеше, иако рака на срце на крај малку ја затупеа, не знам дали сакаа да претстават дека сепак мажов ја сака Вивиан, дали да покажат дека едноставно не сака да ја препушти на друг маж, дали дека е еден од најголемите инати во историјата.
Од друга страна си обработува тема на израелските закони кои во најмала рака се смешни. Смешни се дури и за наши услови, а тоа кажува нешто. Не може бе некој цело време да се подјебава со правниот систем, да си тера по негово, да не се појавува на рочишта, да не прави ништо што ќе му се рече и пак он да биде во право. Мислам дека тука некаде, поради се ова и поради инаетот кој многу го мразам општо кај сите луѓе, жената ги има моите симпатии. Да, можеби нема никаква логика да бара развод, освен најоригиналното нешто, а тоа е слободата. Едноставно, престанала да го сака, не сака да го гледа повеќе, не сака да живее повеќе со него и никој, буквално никој на светов не може да и замери за тоа. Судов некако наговестува дека ако случајно беше обратна ситуацијата и ако мажот поради истата причина бара развод ќе му беше веднаш дозволен. Сакаа исто така да ја претстават и до некаде лошата позиција во која се наоѓаат жените поради религиозните верувања на Израелци (барем јас ова овака го сфатив), жената на комшијата нивни не смее сама да излегува во град, Вивиан не може 5 години да добие развод поради баналности.
Судиите па, посмешни од нашиве беа. Лути се на луѓево оти 5 години им доаѓаат во судницата, а тие која треба да се институцијата која ќе ги разреши овие работи имаат влијание исто колку и ние врз разводот на луѓево.
Адвокатот на Вивиан може да се рече дека најверојатно беше заљубен во неа.
Некој погоре спомна дека Вивиан доаѓала полугола во судницата со лакирани нокти. Имаше еден момент кога Вивиан му се развика него дека ќе ја запамети поради фактот што не и дава развод. Се до тој момент она си идеше потполно облечена, во чевли, ни нокти ни ништо не се гледаа. После тоа почна да доаѓа во покуси сукњи, со лакирани нокти, во сандали, ја распушти косата среде судница, како да сакаше да му даде до знаење дека може да му наштети и него и на сите оние работи во кои што верува и да го посрамоти пред сите. Сепак, ако не те заебе жена, нема кој да те заебе.
Се на се, 7/10.Ќе имаше и подобра оцена, ама крајот стварно беше издолжен, ја отекоа малку при крај и исто не ми е јасно зошто децата не беа викнати за никакви сведоци, некако најлогично ми е они да ја знаат најдобро ситуацијата во нивниот дом, па ќе видевме и дали стварно Вивиан ги вртела децата против татко им или тоа беше само лага од него.
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.812
Поени од реакции
44.141
Мене ми е симнат веќе 2-3 дена, ама излеа во Недела дури ќе го гледам. :)
 
D

Daedalus

Гостин
Gett: The Trial of Viviane Amsalem


Периодов немав време да го изглеам, па денес искористив прилика. Немам читано што сте коментирале погоре и можеби ќе се повторам со некој друг, ама како и да е, ќе пишам што мислам ја.

Има многу за пишување ама ќе гледам тоа што имам да го кажам, да го срочам во колку што е можно пократка и појасна анализа. Прво, ќе дискутирам за психологијата позади односот на Амсалемовци, па социјалните/религиозните динамици и моралното тло на кое стојам ја, а потоа за техничкиот аспект (глумата и све тоа).

Да почнеме со психолошката анализа. Ова суштински и покрај сите сиви зони е едноставно за објаснување. Типот е ниди, заљубен е во нејзе и вложува многу повеќе отколку она во него. Влегол во (не)пријателската зона и тешко му е да се помири со тоа. Она, пробувајќи потсвесно да најде причина зошто со текот на времето и' станал одбивен, ја наоѓа вината во тоа што не и' обраќал пажња, не носел цвеќиња и све тоа. Он, ко и секој којшто не може да ја има жената со која е опседнат и ја сака, е посесивен и пасивно агресивен. Се гледа и по други индикатори дека сака да биде по негово бидејќи ако не е, тоа може лесно да го повреди бидејќи е емотивно фрагилен. Колку понапорен станува, толку поиритантен и' станува, а после некое време тоа се развива во аверзија што ја има кон него. Тоа се дешава во милион врски, во двете насоки и не зависи од полот. Ја лично познавам многу луѓе што се копии на Елиша, собираат све у себе, емотивната интелигенција им е послаба страна и се инаетливи и ригидни.

Сега доаѓа другиот проблем, а тоа е што ова не е врска и според некои вредности кои се консензуално определни на општествено ниво, ова е брак и ентитет со поголема моќ (државата), одлучува за нивната „врска“. Тука има многу дебати за тоа дали бракот е добар на општествено ниво или не, дали за децата е подобро родителите да живеат заедно и да се мрзат или да се разведат, ама нема да навлегувам таму пошто ќе треба постов да го претворам у есеј. Она сака развод (читај, сака да му раскине), он се инаети и нејќе развод. Како адут, он ја користи традиционалната компонента (важноста на семејството, угледот и све тоа), кога длабоко у него, криво му е што е одбиен.
Ова да го гледавме како врска, а не како брак у Израел, друга ќе беше приказната. Тој конфучијански конзервативен пристап на ниво на држава е од сосема друг карактер и други размери. Работи како чест, име, општествен статус, што ќе кажат комшиите и слични концепти, се вреднуваат повеќе отколку слободата на избор, индивидуалноста и правото на жената да одбере со кој ќе се дупи и ќе живее. Вакви проблеми во помали или уште поголеми размери, постојат во скоро цела Африка, Близок Исток, Индија, Кина и така натаму, релативно во огромен дел од белиот свет, делумно најзастапени во несекуларни земји, но присутни и во земји кои се секуларни, во помала мера што е тема која е веќе долго дебатирана, а тоа се правата на жените од кои нема бегање кога зборуваме за филмов кој се базира на вистинска случка, а тоа е проблем којшто е стар стотици години.

Од една страна, Елиша и неговите приврзаници поради нивната религија, сметаат дека работи како чест, божјите закони и сл. се најважни за среќата на човекот. Жената не вреди колку мажот (како и кај повеќето монотеистички религии), а со тоа, треба да е среќна што нејзиниот маж е добар, па дури и не крева рака врз нејзе. Смешно беше тоа што рабин Шимон, се чудеше, он и' дава да шета за време на Сабатот, не ја тепа, а она не чувствува ништо кон него, па нејзините пориви мора да се ирационални!!!
Според мене и моите морални вредности без разлика на тоа кој од нив двајца е виновен за тоа што она сака развод, тема што може да се ломоти со недели, а не верувам дека кривицата може да се посочи, правото она да избере да не биде у брак со него, е најважно, ако типката НЕЈЌЕ
да биде со него, има право ДА НЕ БИДЕ со него, толку е просто. Ако на нејзе и се скрати опцијата на избор, приморувањето да остане со него кога она више не го сака емотивно, а ниту е физички привлечена од него, на крајот од денот, не е ништо друго освен силување.
Он бара од нејзе да не биде со никој после него, ако сака да и' ја даде слободата, да биде разведена од него. Он, диктира со кој она ќе биде, а со кој не, не обратно. На него, ништо не му мења кога она више не е со него, дали она ќе биде со друг, ама тука го јебе посесивноста, пошто она мора да биде негова, он да ужива со нејзе, он да го има тоа што он сака да го има.
Со тоа, да не се повторуем, поддршката комплетно ми лежи на страната на Вивејн.

Од технички аспект, филмот е супер, ми ја има истата тежина која ја има „12 Аngry Мen“ поставувањето на морални дилеми кои ја покажуваат некомпетентноста на правниот систем го има и у двата филма, иако секако, темите се различни и дилемите се од сосема различен карактер, со што филмов не би го ставил на ниво на „12 Аngry Мen“, првенствено пошто овој се базира на вистински настан, не е исцениран и смислен како уметничко дело, а потоа, поради тоа што става на тапет други морални дилеми ко што спомнав.

Глумата беше мамата, тука нема збор, за останатите технички аспекти, немам никаква замерка.

Ја му давам 8.5/10
 
Последно уредено од модератор:

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.667
Поени од реакции
10.007
Once Upon a Time in the West
Cheyenne: By the way, you know anything about a man going around playing the harmonica? He's somebody you'd remember. Instead of talking, he plays. And when he better play, he talks.
Секој жанр си има своја публика, а јас дефинитивно не сум публика за вестерн филмови. Се на се на прсти од едната рака се бројат вестерните што сум ги изгледала, ама за мене најдобар, незаменлив и неповторлив вестерн на сите времиња е High Noon. И така и ќе остане затоа што тешко да седнам да гледам друг повторно.

Многу бавен, 10 минути гледам една мува кај што досадува, па многу пукања како за мој вкус, на почеток страв ми беше да не им снема глумци од што набрзина испоумреа десетина... Се ќе сфатам, ама толку високата оцена за овој филм нема да ја разберам. 7/10 едвај некако.
@grande-juve со твој превод го гледав :P
 
Последно уредено:
D

Daedalus

Гостин
@Хоуп замисли сеа вакво сценарио. После толку деца и све тоа, типот сфаќа дека он нејќе да има ништо со нејзе и сака развод пошто не го привлекува. И она не му дава да се разведат. Значи све исто, само инверзно. Го оправдуеш тоа?
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.667
Поени од реакции
10.007
Не не, далеку од тоа дека не оправдувам.. Разбирам дека е лошо и неподносливо тоа и дека има право да се разведе, па ако сака нека нема и причина, само не ми беше интересно да гледам цел еден филм за развод затоа што некоја престанала да го сака мажот затоа што не и обрнал внмание. И тие причини како "никогаш цвеќе не ми купил" ми беа глупи и банални.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom