ОК и да сакаш нема да гледаш/ме 4К канали во догледно време, моментално што гледаш од 4К филмови/серии, оние што се конвертирани од фул ХД во 4К и се по 10-20ГБ или изворно во 4К се снимани?
Според тоа што користиш Plex претпоставувам дека се тие, јас користам
Universal Media Server со вифи, и имам проблем со некои филмови на кој битрејтот и е поголем од 12-3Mb/s, не сум користел Plex, знам дека имаше проблем со титлови сега како што кажа ти може и да е средено тоа...
Дали можеш да гледаш со Plex филмови кои се околу 3-40GB blu ray без сецкање и слично?
Еден просечен филм во 4К блу реј е над 100GB (околу 150) дали имаш такви и од каде ги симнуваш ?
На која далечина гледаш 4К, според различни калкулатори и графици за 43 инчен ТВ како што имаш изнесува некаде од 0.9 до 1.6 метри далечина, дали гледаш на таа далечина 4К, а физички некаде до 1.8-2 метри максимум би можело да се детектира разлика од фул хд и 4к на некои сцени, дали е тоа така или не, дали би можел да потврдиш?
Истово прашање и до тебе, иако видов твојот е 49 инчи сони...