Капа им симињам на качаците. Им се може БЕ. Илјада евра еј. А за руинирање на арената Филип Втори, исфиркување на државната химна, национачлистички скандирања и слично, за тоа ни опомена не се добива по правилникот на ФФМ. Секако оваа правило важи само „белите мечки„ во нашето општество.
СКАНДАЛОЗНА ОДЛУКА: Шкендија се извлече со 1.000 евра
И покрај тоа што тетовскиот клуб го прекршиле правилото на ФФМ да играат барем со еден фудбалер до 21 година, кој мора да биде стартер и да одигра барем едно полувреме, заработи казна од само 1.000 евра.
3 0
објавено: 26 септември 2016 - 12:05
Срамна и чудна одлука на ФФМ за случајот Шкендија. За големиот пропуст на дуелот со Силекс во првото коло од новата сезона во ПМФЛ, во кој тетовскиот клуб го прекршиле правилото на ФФМ да играат барем со еден фудбалер до 21 година, кој мора да биде стартер и да одигра барем едно полувреме, заработи казна од само 1.000 евра.
Во составот на Шкендија против Силекс играле Шчиприм Таипи и Бесир Демири, играчи кои не го задоволуваат правилото на ФФМ.
Таипи е помлад од 21 година, но тој е пријавен како странец со српски пасош и не се смета во категоријата младинци до 21 година, бидејќи играчот мора да е со наш пасош. И што е најлошо тој е бележан во запсиникот како младинец. Демири го утка правилото за една седмица и наполнил 22 години на 1. август, а шампионатот почна на 7. август.
Една од главните причини поради која тетовските црвено-црни минале без голема казна е тоа што тимот од Кратово не поднел жалба до ФФМ.
Доколку ваков пропуст се случеше во некоја друга земја, екипата во случајов Шкендија најмалку ќе го загубеше мечот со службен резултат од 0-3 и да добие бодовна казна.
http://sportmedia.mk/fudbal/domashno-prvenstvo/skandalozna-odluka-shkendija-mina-samo-so-1000-evra