Акции на СЈО (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Grmys
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
А гујo нештo рaсплaкaн беше нa интервјувo
Зaмисли aмериве дa и нaредaт нa свaрoвски судијкaвa дa гo oсуди
А зошто да ѝ наредат, подобро е самите да го осудат. Подемократски и полегално ќе биде.
 
Не е оффтопик, !!
на времето, во мој клас учеше и познат фудбалер на фкВардар а и младинска репрезентација на сфрј... се играше една утакмица во Скопје меѓу Вардар и Партизан и заврши нерешено, 2:2 ... утакмицата беше остра и со многу грубости... тој подоцна кажа во друштво, утакмицата беше наместена ( не поради обложувалници); еден се чуди, па зошто тогаш толку остро играа ??
За да не биде сомнително:cool:

.. е сега во оваа игра со СЈО едино ми е нејасно кој се е замешан, дали само власта и сјо, дали и опозиционите партии, па дури дали и чадорот ??
Едно време мислев дека власта сака да купи време за да не дојде до позиција да мора да пресече , што е и добро, бидејќи нато членките од Европа ќе треба да даваат топовско месо за војна со Русија...
.. но РМ не е битен фактор, нема капацитет, мислам дека сме повеќе ПОЛИГОН за тестирање на методи за Србија...
 
кога ја бираа Катица за јавен обвинител согласни беа позиција и опозиција дека е правата личност за тоа, сега газат едните врз своите ставови и мислења ??

иначе многу јасно дека Катица е поставена да одолговлекува овде и служи како пионче, ако се работело против државата и народот тоа се санкционира брзо,ефикасно и безмилосно ,а не да се влечат предмети по 50 години
Дали мислиш дека некој воопшто знаел дека постои некој(а) која се вика Катица Јанева сѐ до нејзиниот избор, па да кажат дека е вистинската личност за „тоа“? Јас се сомневам, мислам дека некој ја донел со намера и им наметнал на партиите да имаат некакви „ставови и мислења“.
 
Сигурно не е Катица најспособниот обвинител во Македонија, ама кај нас пак каде најспособните луѓе ги добиваат најодговорните позиции. Во ваква ситуација јас верувам дека СЈО е добар тим кој што ќе се надополнува и дека капка по капка ќе се чисти морето криминал што е направено.

Каква иронија е вмро да се буни дека Катица е неспособна, а од друга страна речиси сите предмети се против нив. Нели е логично ако сум обвинет да сакам да ме истражува неспособен обвинител.
 
Зедд... се гледа „капацитетот“ на Катица „од Марс“. Навистина жената е дааааалеку од она што приближно треба да го има за таква функција. (Без разлика дали и други има такви, има, и тоа многу, за жал)[DOUBLEPOST=1474619328][/DOUBLEPOST]
Добро утро Ѓорѓи, лесна смена.
И тебе нека ти е со лесно. Ги имаш ли инструкциите напишано или усно те координираа?
 
Дали мислиш дека некој воопшто знаел дека постои некој(а) која се вика Катица Јанева сѐ до нејзиниот избор, па да кажат дека е вистинската личност за „тоа“? Јас се сомневам, мислам дека некој ја донел со намера и им наметнал на партиите да имаат некакви „ставови и мислења“.
Се сложувам со тебе. Катица Јанева е имагинарен лик кој не постоел дур не се создаде СЈО. Конспирацијата не завршува тука!!! Катица Јанева не постои воопшто !!! :sekc:
 
Претседателот на Советот на обвинители Петар Аневски ја доби својата награда за борбата против СЈО.

Иако согласно закон не може да добие втор мандат, сепак заслужно овој првиот ќе му биде продолжен на неодредено време.
 
Претседателот на Советот на обвинители Петар Аневски ја доби својата награда за борбата против СЈО.

Иако согласно закон не може да добие втор мандат, сепак заслужно овој првиот ќе му биде продолжен на неодредено време.

Има уште :
http://a1on.mk/wordpress/archives/648567

Дали ќе се даде образложение како на Аневски сега му сметаат нов мандат, кога законски дозволениот го заврши? Вадење дека е нов состав на Советот не држи, зошто тоа може така да се толкува во недоглед.

Дали ќе се молчи како во случајот со Анета Арнаудовска, која со повеќе од две години истечен мандат, се уште се претставува како директор на Академијата за судии и обвинители, па имаше и желба да биде во Судот во Стразбур.
За директор е избрана во октомври 2006 година, а реизбрана во септември 2010 година.

Според Законот таа нема право на трет мандат, но се уште седи во директорската фотеља. Доколку беа испочитувани прописите, Арнаудовска пред повеќе од две години требаше да се врати во Основен 1, од каде што и дојде на позицијата директор. Во јавноста повеќе пати беше поставувано прашањето зошто Арнаудовска е незаменлива како директор на Агенцијата.

Дискутабилен е случајот и со поранешниот претседател, потоа член на Советот на јавни обвинители Костадин Кизов, инаку пензионер и награден од владеачкото мнозинство и избран за член на Судскиот совет.
Кизов е роден на 13 август 1952 година, и со навршени 64 години, според Решението на Советот на јавни обвинители наместо да ужива во пензионерските денови како и група обвинители, тој сега носи одлуки во Судскиот совет. Дали одлуките што ги носат се незаконски, бидејќи таму седи пензионер.
И Законот за Судски совет пропишал дека еден од условите за престанок на мандатот на член на советот е и исполнување на условите за старосна пензија.

Органите кои треба да го спроведуваат закон го кршат и после сакате правна држава :lolzz:
 
Претседателот на Советот на обвинители Петар Аневски ја доби својата награда за борбата против СЈО.

Иако согласно закон не може да добие втор мандат, сепак заслужно овој првиот ќе му биде продолжен на неодредено време.
Овој е изгледа од тие што имаат многу капацитет

Како викаше вчера Латас на Нова, ќе го ценел СЈО ако за прв човек бил избран некој како Михајло Маневски, човекот што земаше пензија и плата и кога го фатија како ништо да не било
 
Претседателот на Советот на обвинители Петар Аневски ја доби својата награда за борбата против СЈО.
Иако согласно закон не може да добие втор мандат, сепак заслужно овој првиот ќе му биде продолжен на неодредено време.

Не му е продолжен. Доби втор мандат како претседател на Совет на Обвинители. И сам си кажува фино како стојат работите.

"Не е точно дека незаконски сум избран. Од Хелсиншкиот комитет убаво нека го читаат законот. Точно е дека бев претседател до август 2016 година, а сега повторно сум избран, но во нов, трет мандат на Советот, значи не сум реизбран во ист мандат, појаснува Аневски."

Во меѓувреме Законот за Советот на јавните обвинители ( pravda.gov.mk/download.asp?Lang=mak&id=359 ) гласи " Мандатот на претседателот на Советот трае две години, без право на повторен избор."

Па види ти дали треба специјални институции за пиздариите што се прават.
 
Па се смееш кога немаш аргументиран одговор, само со смеење. Што е смешно, нелогично? Еве, прашувам, дај ми одговор: Ако СЈО има надлежност само врз предмети произлезени од нелегално снимени разговори, зошто презема предмети кои не се произлезени од таквите разговори? Или па, објасни зошто воопшто ги презело истите, можеби ОК е, ама кажи зошто.
Затоа што од ЈО се неписмени, глупи, не работат ништо а земаат плата, ги плаќаме за да не работат, 10 години криминал а од ЈО се замараа со крадени ќебапи, украден точак, испушен џоинт и слични глупости. Замижуваа пред големиот криминал затоа што се дел од него, е сега гори под газот, епа гори ебате неработниците.
Да е до мене би ги дал сите предмети на СЈО.
Дали мислиш дека некој воопшто знаел дека постои некој(а) која се вика Катица Јанева сѐ до нејзиниот избор, па да кажат дека е вистинската личност за „тоа“? Јас се сомневам, мислам дека некој ја донел со намера и им наметнал на партиите да имаат некакви „ставови и мислења“.
Аха, значи овие од Вмро не мислат дека Катица е глупава бидејќи тоа им е наметнато така да мислат?
Друго прашање. Дали со ова навредување и кочење на нејзината работа уствари признаваат дека се виновни па не сакаат да им се суди? Зошто ако се невини не помогнат во работата, а не само да прашуваат до каде сте, глупи сте, не знаете. Е не тие знаат им ебам лоповите смрдливи.
 
Овде ептен се игра. Нема право на повторен избор, значи, може да е само еден мандат од 2 години и толку.
 
Овој го враќаа од пензија да брка неистомисленици на лудаците од најниска до највисока судска инстанца. Тоа барем секој го гледаше со свои очи, закоп на правосудството.
Не го враќаа. Си беше уште во пензија, ама и си бркаше човекот работа.
 
Не можеш да и ги дадеш сите предмети на СЈО оти за тоа нема законска покриеност. Катица мислам дека е донесена да е СЈО со дадена задача, тотален анонимус беше, како што кажа Солза Грчева... „работејќи на бракоразводни случаи“... или што вели Стевчо Јакимовски... „втора лига југ“... Нејсе, поставена е и тоа е тоа... како и многу други. Но, очигледна е нејзината работа дека е тенденциозна кон одредена партија. Без разлика дали и други не чинат, тоа не е професионално работење.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom