Јас на пример отидов и на интезивна нега поради тоа...Инаку тоа се првите знаци (да не те плашам) ако не внимаваш може да биде и поголема работа. Мене прво ме стегаа градите а во меѓувремено и кај срцето прво си помислив недај боже срцев удар да ме фати ама не е тоа.. но после ќе се изгубеа па пак ќе го имаше сето тоа за на крај да ме држи скоро цела недела со интезивно и појака болка па на крај заминав на интезивна бидејќи веќе неможев ни воздух да зимам.
е сега што е проблемот кога се јавува барем мене така ми кажаа...
Најголемиот проблем се интезивните нервози и стресови плус недоволно внесување на витамини во телото, многу кафиња (ја ги пиев од 6 до 10 експреса дневно) недоволно внесување на храна на пример зеленчук - млечни производи и сето тоа резултира со тоа.
Мене ми кажаа да се хранам редовно по 3-4 пати дневно со убави оброци, максимум до 2 кафиња дневно, да не пијам газирани сокови ниту пак енергетски пијалоци, и витамин ц по 2 до три пати дневно плус б6 еднаш дневно.
Но сепак ова е кај мене а бидејќи кажа ти нешто слично така да најголем проблем се нервозите и недоволниот сон - храна - витамини.
Поздрав друже