Трамп и неговите потенцирани дела и приоритети.
1. Американците извршија неуспешна инвазија врз Виетнам. Како? Со помош на тајните служби им потпикаа на Кенедиеви лажни докази и тие ја однесоа Америка во војна. Прво со 100 војници, а потоа и неколку десетици илјади. Тие војници не можат да бидат воени херои! Тоа се воени злосторници. Колку милиони виетнамци загинале во таа војна? Колку од американската рака? Едно е да се фаворизира ветеранството како највисок идеал за гинење или ризикување на својот живот за државата или нејзините воени партнери, а друго е реално да се согледа кој и како придонел во таа војна. Тука само се покажале вилиците (по она што им е случило не можеме да кажеме забите) на Кина и СССР, а не на малиот виетнамски народ. Така што тоа е еден неуспех кој дури Ричард Никсон го поправил (а за да стигне до тој мир, војувал), па и го отвори патот за преговори со Кина и подобрување на државните односи на овие 2 држави. Затоа Мекејн не е ниту воен херој, ниту војник (вистинскиот војник не крева рака на цивил, а американската војска тој фактор го игнорирала и всушност бомбардирала и уништувала цели населби како било позиционирано цивилното население како било надвор од трупскиот радар). Политиката на Мекејн се одрази многу слабо, жртвување една држава за друга, факт е дека немаше ни доволно пари, републиканската партија остана разединета и тој не се покажа како лидер и иден претседател така што оставајќи друг(а) да му ја води кампањата, да дава контрадикторни изјави, јавно да се поставува над него и да води црна кампања против Обама. Сума сумарум- сето тоа лошо се одрази на крајот.
Трамп ги сака ветераните, но веќе за тоа се коментираше, па не би се повторувал.
2. Борбата против тероризмот. Клинтонка (за Косово) треба да добие златен медал за борба за тероризмот. Како она ќе се справи со фаноменот тероризам? Ќе отиде во војна, така што ќе ја уништи таа одредена држава, ќе ја остави во рацете на некој дебил и ќе направи вакуум простор за ширење на тероризмот. Примери од модерната историја Ирак, Либија и Сирија. Хуманитарна криза, политичка криза, воена криза и напад. Сега сето тоа е дестабилизирано и една слаба војска може без проблем да време и да освои некој помал град или тероририја. Тука имаме државност само на хартија, а хартијата трпи се’.
3. Трамп е против ЕУ. Јавно рече дека Британија треба да излезе од ЕУ. Патем ЕУ е никаква организација. Нема своја политика и се’ се чека од Германија и Фрација да добијат инструкции од Америка. Буквално се’ што ќе рече јавно Обама, тие одма прават корекции. Јасно е дека продолжената рака е всуност помошник за стеснува на кругот околу Русија, но ако сакаш да го стеснуваш и понатаму треба да се консолидираш затоа што Русија можеби го има и најдобриот политички тим во цела Европа, вклучувајќи ја и Америка.
3. Тој е и против Нато. Нато терористичкиот пакт е неуспешен проект. Патем тоа е всушност доставувачот на нафта. Тука се потребни промени. Има држави кои немаат своја регуларна војска (пр. Исланд) и се под капата на САД. Тоа се само губење на пари и ништо повеќе. Ако сакате заедници, треба сите да придонесете за истата, ако не јас не играм- тоа е политиката на Трамп.
4. Ѕидот. Тој е нужен. Тој мора да се изгради ако се сака малку поголема безбедност. Не може секој да влегува кога сака, како сака и каде сака. Јасно се дека тој дел некогаш америка го добила во војна, тоа е плус за Мексико, јасно е дека тие се во длабока економска криза (и тоа е плус за оние кој сакаат да дојдат во САД), но мора да постои процедува каде што тие и би станале граѓани на САД по извесен период. Вака можат да работат сезонски, со полно работно време би им пребале документи или да влезат во системот, а ако влезат и се види дека ја преминале границата нелегално ќе следува санкција. Што значи тешко кој би можел да обезбеди и пензија, стабилна плата, па и да плаќа или обезбеди живеалиште.
5.Системот не функционира! Ако во претседателската канпања има (пр.) 30 спонзори кои ќе дадат по (пр.) 30 милиони, треба услугата потоа да се врати. Како? На кој начин? Кршење на Законот, уништување на конкуренцијата или можеби војна!? Трамп речиси самиот се финансира, што е добро, додека Лудата зима пари од целиот свет, пишува говори за огромни пари и води црна кампања. Она не е способна да стане политички лидер, не затоа што е жена, жена е и лидер во Германија, жената како лидер била поставена и во Британија, Чиле, Бразил и Кина.....но оваа не е здрава. Како државен секретар водеше ужасна политика, тоа навистина е политичко искуство, но лошо. Искрено за нејзината политика во Њу Јорк не знам речиси ништо, но со оглед на тоа дека победи и се очекува таму да подеби (иако е град во кој победуваат демократите) би рекол дека била добра, но повторно, на повисоката улога се покажала ужасна и веќе не треба да глуми. Јасно е дека сака власт, јасно е дека сака внимание, јасно е дека не е феминистка и јасно е дека застанува зад лошото владеење на нејзиниот сопруг.
6. Држава треба да се води како бизнис или како едно семејство. Лидерот треба да се грижи за сите. И во овој сегмент Трамп е подобар. Не може идниот претседател да биде некој кој прави лице, користи цензура и ќе постапува спротивно од она што го вели. Не може еден лидер да биде позициониран против другите светски сили така што ќе го доведе во прашање животот на оние помали народи кој се помеѓу САД и Русија. Не може идниот претседател на САД да биде со една држава како Саудиска Арабија која секогаш е на раб на војна. Не може да биде финансиран од еден конзервативен свет, од кој бара отвореност, а добива пари. Уште еднаш, што ќе добие од Арабија ако стане она претседател? Претседателот треба да има перспактива, да биде квалифукуван, да има визија и да знае како таа визија да ја освтвари. Јас лично сметам дека Трамп го може тоа.
И Бушови се дебили. На почетокот тие биле пријатели со нацистите. Банката која дедото ја водел директно ги финансирала нацистите се додека Рузвелт не влегол во војна и им ставил санкции. Бушови ништо добро не направија во светот. Пример за нивниот идиотизам.
https://www.youtube.com/watch?v=Ct4IjMNvAU4 Како може овој да бил претседател!? Патетика. Ако застанеше зад него, тоа ќе беше повеќе негативно отколку позитивно.
Неговиот син е морон (пример горе), тој е масовен убиец, а татко му нацистички пријател. Башка имаат потешки и поболни банкроти од Трамп и сепак станаа претседатели.
И што мислите кој ќе тепа во понеделник, Трамп или Лудата!? Ќе биде интересно за гледање. Трапм е агресивен, има мало искуство и не е политичар. Она има огромно искуство, има политички став, но има премногу ужасни постапки и дела. Ќе биде тесно.