Ве молам некој да ми каже како најлесно да ја заборавам старата љубов т.е да ја искоренам од мене некоја алтернатива еве барам помош од вас.Но тоа повеќе беше како мамка во која паднав и така натаму,да не раскажувам многу.
Ви благодарам однапред
Поздрав
Слушај ваму синко,ти мораш да се потрудиш да ја заборавиш,па што сака нека биде,ние тука не знаеме како да ти помогнеме побрзо да ја заборавиш,ама бар обиди се,за проба не се плака.
Таа ти е бивша и мораш да го запомтиш ова,се додека мислеш на неа не можеш да ја заборавиш.Троши го времето на други работи,најди нешто што те прави срекен,јас така успеав,ама секако сите сме различни.
-плачев со денови, недели...и ми помогна-веќе немам солзи да трошам на него.
-почнав да пишувам, наместо на него-на лист хартија кажав се што имав да му кажам.
-зборував со другарките, тие ми беа од најголема помош.
И не е nothing hard туку е very hard, можеш да успееш само ако ти сакаш и најбитното-да сфатиш дека има уште многу риби во морето.
Се е во ред,само тоа за плачењето,и јас плачев,се убивав во солзи за на крај да сватам дека не заслужува ниту една моја солза.
Има една поговорка,да те сакал немало да те натера да плачеш,настрана од тие филозофии,ама ниту едно машко не заслужува да плачи девојка за него а исто и обратно,пошто ние жените знаеме да бидеме кучки и да си го дигаме егото,после машките вака машките онака.
И она за второто,јас не пишувам на лист,туку што имам да кажам си го кажувам за да не се каам подоцна за пропуштената шанса што му немам кажано.
Тоа е тоа.