Видовме дека царската русија а подоцна и она комунистичката, во многу сегменти од својот живот, зависеше од западна а поготову америчка помош и испорака на нивна технологија.
Од областа на машинство, рударство транспорт преработка и експлоатација на нафта, возила, авиони, електрика... сето тоа беше развивано со амерички ум и наука.
Но најголем наплив на западната а посебно америчката технологија дојде во втората светска војна.
Имено Русија беше сојузник и приател на Хитлер и фашизмот додека Англија, Франција и другиот слободен свет се бореше против зло. Дури и заедно руски и германски армии напаѓаа други земји и ги окупираа (Полска).
Русите не сфатија она што Англија и други западни земји го знаеа, дека целта на хитлер е баш Русија, и продор на исток а не на запад. Секој кој ја прочитал книгата Мајн Капф ќе видеше дека тоа е зацртаната идеја на Хитлер, секој кој посматраше како Германија преку Чешка, Полска.. се доближува кон Русија, секој кој ќе видеше трупање на огромни воени сили на исток ќе знаеше дека се спрема војна со Русија, дури и денови пред нападот имаше и германски војници кои пребегнуваа кон русите јавувајќи им дека им престои напад, но најчесто беа стрелани како провокатори. Русите не сфатија се додека германсите армии не почнаа да јурат преку нивна земја дека против нив беше планирана и спреана војна од толкави размери. Недела дена Сталин лежел пијан во својата куќа неспособен да издаде наредба, не верувајќи дека неговиот приател и сојузник Хитлер, го нападна.
Ситуацијата беше катастрофална за Русите, порази од монументални размери, губитоци на цела воена техника и опрема, цели армии исчезнуваа како чад во воздухот, во рацете на германците паѓаа градови, територии, фарики индустриски капацитети, електрични централи, земјоделски површини руската армија беше деорганизирана и нефункционална, уште повеќе паника и неред предизвикуваа специјалните оделенија на НКВД кои бе пратени на фронт на лице место да стрелаат и убиваат секој оној кој се повлекува пред германците......
Ако за момент земеме состојба пред војната, русите можеа да му парираат на германците во воена сила, имаа и војници и тенкови и авиони и артилерија... можеби не толку модерни али имаа бројност и во раце на добри војсководци можеа да дадат добар отпор и да го контролираат фронтот поцврсто од колку да се вданат во бегање. Само првиот ден русите изгубија 1500 авиони, кога се обидоа да возвратат ударот и ги бомбардираат германските цели - изгубија уште 500 авиони, вториот ден изгубија 600 бомбардери а командантот на руската бомбардерска група изврши самоубиство, за 2 месеци руските губитоци во авиони достигна бројка од 5.000 летала!!
во просек 83 уништени руски авиони секој ден!
Не беше ништо подобра ни ситуацијата во другите родови, само на 17 септембар се предадоа 4 руски армии, преку 660.000 војници со се опрема вооружување муниција.... за три месеци изгубија шпто загинати што заробени 3.000.000 војници и 18.000 тенкови!
Како последица од молскавичното германско напредување и нивно окупирање на огромни руски територии, драстично се намалија а некаде и прекинаа снадбувања со јаглен, руди, храна, енергија.... многу магацини и фабрики паднаа во раце на германци, престана снадбување и со некои производи и деловии..
Русија лежеше немоќно како куца девица во рацете на страшниот Германски бог на војната....
Во тој период, како одговор на молитвите на рускиот народ, како зрак на светлина како ангел од небото... се појавија конвоите со америчка и англиска помош. Најголем дел преку тогашна персија, помал дел преку пристаништата, почнаа да идат композиции и товари со спасоносна опрема, оружје, лекови, храна за веќе очајните Руси. Листата на таа помош е грандиозна, Преку 14.700 авиони од најразновидни типови, над 7000 тенкови (доволно да се опремат целосно 24 тенковски дивизии!!), 52.000 џипови, речиси 400.000 камиони, преку 8.000 топови, над 130.000 митролези, околу 2.000 локомотиви, 11.000 вагони, 90 товарни бродови, околу 200 торпедни чунови 7800 бродски мотори, над 2,5 милиони тони нафтени деривати!! храна доволна за неколку милиони војници да јадат за вело време на војната, 15.000.000 чизми, шатори, кабли, експлозиви, милиони и милиони тогашни долари вредни терети на неметали, градежни материјали, хемиски материјали, памук, муниција алати и неброени други видови на помош.
Немаше сегмент на руската војска па и цивлно население кое на некој начин не беше помогнато од страна на америка и англија. Во руски раце дојдоа чудата на западната и америчка технологија, апарати машини уреди кои долго после ќе им бидат инспирација и узор за нивни копии и обиди да се направи нешто слично
Но тука не рестанува вистината за западното технолошко и научно влијание врз русија, следно ќе го видиме перидот после 2ра светска војна и руското земање на напредна технологија од запад