FILM CLUB (КРУГ 5) (205. Dogtooth: 18.11-01.12.2024)

W

wicked_1

Гостин
Ништо не треба да биде оправдување за сторени такви дела најмалку па свесност за случувањата. Не знам вие како размислувате, ете и за другата мајка од Artificial Intelligence ми кажувавте дека мајката мора да се сфати, имало причини.. Секое сторено лошо дело посебно спрема дете треба да се осуди и казни. И јас не ги сфаќам причините. Причина за да се молчи пред силување на дете нема. Ни па психички и физички да се малтретира. Не можам јас да и верувам неа на крај дека се тоа е вистина после се што видов. Што ми значат три солзи од чудовиште што се обиде да убие бебе?
Не не, јас ти зборам дека филмот/режисерот во еден момент сака суптилно да смести дилема кај гледачот за тоа дека може и мајката е исто жртва. Нормално и логично е да не ги прифаќаш тие причини и дилеми, и се слагам со тебе затоа го пишав тоа горе.

Кога сме кај дилемите кај AI мене ориентир ми е Tears in Rain монологот од Roy Batty во BladeRunner.

"I've... seen things you people wouldn't believe..."
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.726
Поени од реакции
34.289
Мислам дека замислата на Злате е секој да го гледа филмот, со свежи погледи, дури и после одново гледање би придонело до приметување на други работи кои не се биле приметени првиот пат - па аналогно на тоа би придонело до поголема дискусија. Од тоа што ја сфатив, уикед го предложи ама не го гледаше, гранде му е гледан па го прокоментира, а хоуп дури напомена дека не се ни сеќава баш многу. И мене не ми се гледаат гледани филмови, но повеќето имаат rewatch value и мислам дека се губи поентата ако не ги гледаме во дадениот рок. Е сега јасно дека треба исклучоци, ако сум го гледал ја летото некој или е премногу тежок ко овој, али мислам е океј да скокнеме филм само ако ни е гледан годинава. Вака според мене ова. Не мора правило, сосема сум ок ако има дискусија. Како сакате. :D

Прешс мене не ме дирна, се согласувам со гранде јуве освен за оцената. Премногу се трудеше и веќе секој следен шок го очекував. Како намерно до екстреми идеше филмот. Не знам зошто не се поврзав - и делумно тоа е зошто нема од мене да добие висока оцена, и да бидам искрен како драма од овој вид ми беше мило што не траеше преку 2 саати. За мене останува просечен coming of age филмче у гетото. И исто со Deadalus се согласувам, најинтересен лик беше мајката, можеби и најкомплексен, и радо би акцентот да го гледам на неа неголи Прешс.

6/10.

Може, иако при крајот филмот суптилно дава некој аргумент/оправдување за причините кај мајката вака да ги перцепира работите, сосема е свесна за случувањата, иако е на раб на непресметливост.

Child neglect секогаш треба да се третира како child abuse, поинакво толкување не треба да постои.
Се согласувам, не треба воопшто да постои поинакво толкување.

А крајот можеби и беше најдобриот момент, освен можеби што пореално ќе беше да се вратеше кај мајка ѝ бидејќи колеџ и све тоа ми беше малку бајка. Така многу повеќе ќе ми се допаднеше филмот, претставувајќи ги цело време црнциве ко нецивилизирани и неписмени, како не знаат како функционира светот и све тоа, а уствари шегата да беше врз Мараја Кери, бидејќи мајката во тоа опкружување е сосема нормална, далеку од непресметлива, во тие делови нормалното различно се дефинира. Не знам, не ми беше реален крајот. Од таму кај што доаѓа Прешс, неписмена, со две деца, силувана и психофизички малтретирана и ХИВ позитивна со идење на вечерна школа да профункционира у белиот свет, со колеџ, со 401, со све - не иде. Ќе имаше поголем импакт врз гледачот ако се вратеше на крајот дома. Не само Мараја Кери, the world cant handle her со димензионираното "нормално".
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.745
Поени од реакции
27.744
6/10
Евтино ми делуваше, сниман како Detachment. Можеби и намерно дека е слична атмосферата.
Мајката направи партали со филмов. Најдобро изглуми, алал да и е.
Очекував тичерката во тоа each one teach one да биде боље, не беше ништо посебно освен на крај кога и даде добра утеха на Precious, тоа Хоуп што го цитираше.
Дијалозите не ми беа ништо особено. Не се соживеав многу од расни и физички причини.
Тек во 45 минута ги покажаа децата а многу пати беа спомнати претходно.
Дополнително, ликот на мајката ми беше ептен исфорсиран. Значи, секако дека има дисфункционални семејства ама не се бе 24/7 дисфункционални. Секоја сцена со Precious и мајка и беше прикажана во најлошо можно светло. Еднаш, барем еднаш да прикажеа нормален разговор, кој го има и во многу поненормални семејства.
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.958
Овака од прва, само што го изгледав, мене ми се свиѓаше.
Му влегов некако без очекувања, мислев дека нема да ми се свиѓа, не знам зошто ама на прва така ми делуваше, очекував нешто друго, според тоа што го прочитав и сликата, добив социјална драма за животот на црнците, проблематично семејствo. Малку и на Submarino ме потсети, цел филм gloomy, темна атмосфера, од несреќа во несреќа, no light at the end of the tunnel.
Прешс беше посебен лик, треба да имаш воља во себе за после секојдневна онаква тортура воопшто да станеш од креветот наутро и да отидеш некаде.
Мајкава е лик за сите психолози на светот да се соберат и да ја анализираат. Со плачењено на крај мене воопшто не ме погоди, сфаќам дека сакаа да направат дека не е толку bad guy како што ја мислевме цел филм ама жена што фрла новороденчиња низ станот, фрла телевизори наоколу, couch potato е, не прави ништо паметно и за се тоа сите други и се криви, мислам дека не постои начин да ја направат жртва.
Ме разочара професорката во школото, очекував некоја подлабока улога од нејзе, не секој трет збор да и биде write.
8/10
 

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.908
Поени од реакции
6.211
Сте исцрпиле и рекле скоро се за филмот..
Истиот требаше да пробуди емоции кај гледачот. Го постигна тоа кај мене, но само делумно. Во еден момент се сочувствував со Прешс, со нејзината сторија, мака, судбина..Веќе во друг ми бегаше филмот во некои екстреми. На тоа да се додаде и фактот што го кажа Анон, сниман во стилот на Детачмент, изгледаше помалку ефтино. Ако направам една споредба со, на пример Grave of fireflies (знам, тотално различни филмови за споредба), не успеа да ја пренесе таа емоција врз гледачот како што успеа еден обичен цртан. На крај за мене ќе остане еден просечен филм за животот на црнците во гетото и сите пропратни проблеми што ги имаат. Оцена: 6.5
Прочитав дека на некому не му се допаѓа, или барем не му изгледа реалистичен позитивниот крај. Тоа светло на тунелот и почеток на нов живот за Прешс каде што може да студира, да добие стан, подоцна и работа и да се грижи за своите деца.. Се сложувам и јас.
Најверојатно е истиот даден како подршка и стимул за сите оние кои се наоѓаат во слични ситуации истите да ги пријават до надлежните служби.
Бидејќи @Хоуп напиша дека работиш со овакви случаи, дали би сакала да дадеш една компарација на тоа како беше прикажано во филмот и она како е навистина, овде кај нас за оние што преживеале такви трауми и психофизичка тортура. Дали можат да започнат нов живот? И дали истиот земја како нашата може да им го овозможи?... да им ја даде потребната помош?
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.667
Поени од реакции
10.012
Кај нас за жал живее голема малограѓанштина и никогаш нема раат да живее никој што има различна приказна од нормалните, без разлика колку да е приземјен и јак. Луѓето сакаат да "помогнат" се дури не ги дознаат деталите. Тоа е третиот од трите најголеми проблеми кои не им дозволуваат на ваквите случаеви да започнат нов живот во нашава земја.

Вториот се вработените во институциите кои треба да се грижат за ваквите луѓе. Државата навистина има прилично добри закони за помош, но никој не знае за тоа. А не може ни да знае зошто оној што треба да каже ќути. А ќути зошто ако каже ќе има повеќе работа и помалце слободно време за кафе.

A најголемиот проблем кој стои пред среќата на овие луѓе се тие самите. Како што беше и случајов со мајката во филмов, така и луѓето, својата несреќа ја користат за да добијат повеќе материјални работи. На никој (зборам за поголемиот процент) не му треба мирот. Само парите.
 
W

wicked_1

Гостин
Овака од прва, само што го изгледав, мене ми се свиѓаше.
Му влегов некако без очекувања, мислев дека нема да ми се свиѓа, не знам зошто ама на прва така ми делуваше, очекував нешто друго, според тоа што го прочитав и сликата, добив социјална драма за животот на црнците, проблематично семејствo. Малку и на Submarino ме потсети, цел филм gloomy, темна атмосфера, од несреќа во несреќа, no light at the end of the tunnel.
Прешс беше посебен лик, треба да имаш воља во себе за после секојдневна онаква тортура воопшто да станеш од креветот наутро и да отидеш некаде.
Мајкава е лик за сите психолози на светот да се соберат и да ја анализираат. Со плачењено на крај мене воопшто не ме погоди, сфаќам дека сакаа да направат дека не е толку bad guy како што ја мислевме цел филм ама жена што фрла новороденчиња низ станот, фрла телевизори наоколу, couch potato е, не прави ништо паметно и за се тоа сите други и се криви, мислам дека не постои начин да ја направат жртва.
Ме разочара професорката во школото, очекував некоја подлабока улога од нејзе, не секој трет збор да и биде write.
8/10
Вака и јас влегов на филмов пред да го гледам. Мислам повеќето тука го гледаат низ призма на незнам...The Elephant Man(?) или GOTB како што пиша девилко горе, па лесно се воочува over-acting во некои сцени, емоционална неконзистентност, up&down темпо, и се во право. Ама и покрај ова мислам дека филмот држи некоја уникатност.

Околу улогите, нема што да се пише за Моник која комплетно растури и освои оскар, исто и Габуреј Сидибе која ја изглуми Прешс до перфекции според мене па си зема номинација истата година.
Тешко е да не се сврзеш со ликот на Прешс бидејќи е обликуван да поминува и да биде имун секакви срања и изгледа како грамада (на што помага нејзиниот физички изглед) која е спремна да помине низ се, ама емоционалната и кревка нестабилност која ја има збори многу и најдобро ја опишува ситуацијата.
Oвие две улоги одлично го носеа цел филм.

"Precious" немаше никаков спотлајт најмногу заради кастинг екипата која е составена од комедијанти, пејачи и полуактери од аудиции.. и не се очекуваше ништо од филмов.
Ама дојде до кино салите и беше огромен бокс офис успех, би рекол заслужено .

Според мене достигнува rewatch value. 8/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.309
Поени од реакции
38.071
OK, малку доцна јас со овој, некако периодов им се впуштив на новиве, но на некој начин, повеќето од тие кои ги гледав беа слични со Precious - премиера на Sundance, инди филмчиња кои преку Sundance се пробиле до поширокиот аудиториум и некој повеќе, друг помалку, забележале успех. Веќе сѐ сте си кажале - дека мајката растури, па затоа и Mo'Nique си зеде Оскар. Не дека Queenie (така се викаше во AHS: Coven типкава :P) не го заслужи, само покрај Mo'Nique делуваше малку инфериорно. Друго - тоа што ви делувал евтино е затоа што се работи за мало инди филмче со премиера на Sundance каде и ја освои главната награда (филмов требаше да го гледаме и како дел од Extended 10X предизвикот во месец јануари 2016, кога за тема го имавме Sundance, па еве со ова тепаме две муви со еден удар) по што беше номиниран и за Оскар за најдобар филм. Precious всушност беше филмот со кој започна некој своевиден тренд победникот на Sundance од тогаш наваму честопати да биде номиниран и за Оскар за најдобар филм (од таа година до денес единствено Like Crazy, Fruitvale Station и Me and Earl and the Dying Girl не беа номинирани за Оскар, а тоа им успеа и на Winter's Bone, Beasts of the Southern Wild и Whiplash, а по се изгледа ќе му успее и на годинешниот Birth of a Nation). Јас секогаш имам разбирање кога се во прашање независните филмови, па и честопати знам да прогледам низ прсти за многу работи кои ми сметаат. Тука не дека нешто којзнае колку ми сметаше, иако морам да се сложам со сите дека некако како да премногу се трудеше филмов, со што ме потсети и на The Butler, исто така на Ли Дениелс. Од мене 7/10, сосема солидно. Не знам што би додал (иако мислам дека и ништо не кажав, а и нема што да се каже, сте поминале сѐ).
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.309
Поени од реакции
38.071
Среќен роденден, @MyloXyloto . Сите ѕидови си ги направил без пристап, па морав вака јавно, во клубот. Воедно и да те потсетам да пишеш коментар за Precious. ;)
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Среќен роденден, @MyloXyloto . Сите ѕидови си ги направил без пристап, па морав вака јавно, во клубот. Воедно и да те потсетам да пишеш коментар за Precious. ;)
Фала многу :LOL::LOL::love:

Ќе пишам, гледан ми е одамна уште коа излезе, тешко за rewatch, во четврток бранам дипломска па и тоа малку време од работа пауза го користам за истата. Ќе напишам секако.
 
Член од
27 јуни 2007
Мислења
2.157
Поени од реакции
507
Precious. Филм со ФАНТАСТИЧНА приказна. Precious (my precious... my precious, упс, ова е од друг филм) требаше да ме растури, да ме убие, да не знам кој сум, што сум, кај сум со оваа приказна. Ама ништо од тоа. Цел филм изобилува со екстреми и некои чудесии. Фалеше уште да и откријат рак на тироидна, најлош тип на дијабетис, некое психолошко нарушување (на пр. расцепкана личност... па се ова се дешавало само во нејзината глава) и да ја прегази цистерна со пиво... па Кери да испееше некоја од своите познати песни (моментално не ми текнува на ниту една). Не дека е невозможно да се случи, но сепак, филмов имаше лоша реализација. Плус многу неодреден како жанр. Се беше заматено и онака. А јас сум човек што паѓа на вакви теми. Ама ова дефинитивно беше филм со лоша режија, камера и онака сценарио. Дијалозите... просечни. Глумата... онака. Ликот на мајката нема да го коментирам, пошто не го разбрав. Она мајка не е. Ама има талент за спортови (рагби или бејзбол нешто). Од каде заклучив? Па секогаш кога ја гаѓаше со нешто ја погодуваше најпрецизно. Секогаш, освен со телевизорот, за среќа.
Не дека беше толку лош, како што тргнав со набројување на негативностите, ама јас не го сварив. Го гледав во иста вечер, ваднаш после American Ultra, па ми дојде како освежување на некој начин. Шала на страна, не е толку лош филм. Онака просечен. Размислував за оцената и решив да не бидам многу строг. Од мене 7 само поради приказната, иако знам дека ова не е реалната оцена и дека заслужува помалку.
 
Последно уредено:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.309
Поени од реакции
38.071
Тука завршуваме со првиот предлог на @wicked_1 , Precious (Based on a Novel 'Push' by Saphire). 11-мина го гледаа (заедно со @MyloXyloto кој мора да напише коментар во текот на денов, пред да го претстави својот нов предлог), и доби средна оценка од 7,0. Единствен кој го испушти е @Goodfella , но се надевам дека ќе го изгледа наскоро.

Следен за предложување филм е @MyloXyloto кого ќе го почекаме до вечер, прво да напише коментар за изгледаниот Precious, а потоа и да го претстави својот предлог. Од денес, во клубот ни се враќа од туѓина @ManUtdChampions (welcome back, mate), и ни се приклучува уште еден нов член, @bobipp (да му посакаме добредојде и се надевам дека ќе нѐ дружи долго, а не како некои кои прерано нѐ напуштија :P). Со нив двајца, ќе бидеме 14-мина, со надеж дека сега, кога е постудено, ќе ни се врати уште некој од старите членови.

Значи, нов филм од денес. Го чекаме @MyloXyloto . ;)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom