Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

  • Креатор на темата Креатор на темата ASimov
  • Време на започнување Време на започнување
Бруцош сум и сега го гледам распоредов и чудно ми е, имам некои предмети што ми предаваат 4 различни професори?Нормална појава ли е и како се одвива се, кај кого ќе се зимаат оцени и слично...

Погледни ја распределбата по групи и види во која група си. За таа група само гледај го распоредот и види кој професор ти предава тебе. Веројатно истиот ќе ти биде запишан и во iKnow и од кај него ќе земаш потписи, оценки...
На распоредот покрај предавањата има и аудиториски вежби. Нив ќе ви ги држат асистентите. Веројатно тоа те буни тебе.
 
Ова последново ќе да е.Инаку од прв ден почнуваат со предавања или нешто полабаво ќе биде, да знам дали да се опремам со тетратки и слични работи...
 
Ова последново ќе да е.Инаку од прв ден почнуваат со предавања или нешто полабаво ќе биде, да знам дали да се опремам со тетратки и слични работи...
Од прв ден се почнува со предавања :D
Дел од предметите е нешто полабаво, дел се почнува со материјалот.
 
Задолжително ли е присуството кај Миле Јованов на ИТ системи за учење и дали уште првиот час се учи нешто и пушта список или онака лабаво само запознавање?
 
Бруцош сум и ми се падна 6та група, не ми одговараат предавањата поради превоз до дома, ќе нема со што да се враќам. Која е процедурата за поднесување молба за промена на група и дали одобруваат или пак џабе ќе се мачам ?

Можеш да промениш група на molbi.finki.ukim.mk , а можеш и поединечно да си го промениш и професорот. Пример може да се пратат молби за сите предмети за кои не си задоволен од соодветните професори. Во принцип сите молби се прифаќаат, ретко некоја да биде одбиена. Предавањата во 90% од случаевите се незадолжителни , сепак со ретки исклучоци, најдобро да си прашате конкретно за даден професор кај постари колеги. Ако предавањата се незадолжителни, не значи дека не треба да ги посетувате, многу е важно да се држите за одреден распоред кој што самите ќе си го направите, но строго да го почитувате бидејќи без присуство на предавање, а уште поважно на аудиториски вежби... без тоа ќе ви биде претешко да го совладате материјалот.
Важно е само кој ти е матичен професор на iKnow, истиот ќе треба да те оценува, од кај него земаш потпис и оцена. Во текот на семестарот, доколку имаш некои обврски, не си успеал да стигнеш на предавање, истото можеш да си го надополниш за лична сатисфакција посетувајќи некоја од другите групи. Аналогно на последното, доколку немаш друга работа, некои предавања во една седмица можеш да ги слушаш и по 2-3 пати во 2-3 различни групи... :D

Задолжително ли е присуството кај Миле Јованов на ИТ системи за учење и дали уште првиот час се учи нешто и пушта список или онака лабаво само запознавање?

Не е баш задолжително затоа што услов за потпис по предметот е изработен проект и негова реализација со 40% т.е. мора да имаш минимум 16 поени од 40 предвидени за проектот. Останатите 60 поени од предметот се поделени на 40 поени колоквиуми (е-тест + есејски прашања) и уште 20 поени активност и учество. Во овие 20 поени влегува присуството, скоро секој час запишува присуство, ги чита студентите еден по еден и јавно се огласуваш дека си тука, не пушта список и нема шанса за манипулација. Доколку не посетиш ниту едно предавање, тоа значи дека ќе имаш 0 бодови од можни 20 предвидени за аудиториските вежби + предавања кои се премногу досадни. Во тој случај, се уште си во игра за потпис доколку го исполниш условот кој го напишав погоре, но ќе ти биде значително потешко да стигнеш до посакуваната оцена или евентуално положување.

Ова последново ќе да е.Инаку од прв ден почнуваат со предавања или нешто полабаво ќе биде, да знам дали да се опремам со тетратки и слични работи...
Уште од прв ден се почнува со материјалот, професорот ќе се претстави и ќе ве воведе во предметот во неколку минути, а потоа веднаш се почнува со првото предавање.
Доколку си на КНИ, тетратки би ти требале (по твој избор/желба) за предметите Дискретна Математика 1 и Калкулус 1. Доколку си на ПЕТ, тогаш само за ДМ1.
Сепак ова е релативно, зависи кој како сака, јас да се вратам бруцош би постапил како што ти напишав во мислењево.. :)
 
Последно уредено:

На ИКИ сум, така да ќе ми треба за Калкулус во најмала рака.Како и да е, фала на совет подобро е вака спремен да одам, него да се ку*чам па да се мољакам кај колеги за да копирам :)
 
Познаваш некој што го правел ова? :icon_lol:
Едноставно премногу студенти има на ФИНКИ, мора да има и такви будали. Мислам "sam biras kako zivis", така да....
Иначе и јас тешко да се придржам до својот распоред, барем после 1-2 недели..:D
 
Исто и кај мене е ситуацијата. Треба да почекаме да ни стигне mail од Финки со тие нови акаунти. Рокот за молби е од 21(среда) до 30 Септември. Потоа со новите акаунти се логираме на molbi.finki.ukim.mk и поднесуваме. Јас се надевам дека ке прифатат, сепак сме од други градови и секој ден патуваме, ваљда на нас треба да ни се излезе во пресрет.
Се надевам ќе одобрат . Иначр од кој град си?
 
Здраво колеги, ме интересира нешто, дали вообичаено е професорот Коста да изгледа збунето додека предава или сега беше исклучок можеби дека сме му нови? :)
 
Неможам да се логирам на courses.finki.edu.mk прва сум ако може некој услуга да ми прати вовед во информатика, фала однапред

BTW Шо ќе кажете за Наташа Илиевска ДМ1 ми е падна да ја мењам или да терам
Еве линк[DOUBLEPOST=1474314043][/DOUBLEPOST]
Па барај го ВвИнфо!

Не ми е проблем да го најдам, кликам на него и ме носи на логин страна а ја неможам да се логирам сеуште
 
Последно уредено:
@PCode
Па обично бруцошите се збунети, изгубени, исплашени, купуваат книги, одат на секое можно предавање и после немале време да учат, се нешто нив им е не-јасно итн. Се познаваат дека се бруцоши од километар. До некаде ги разбирам бидејќи некои од нив доаѓаат во друга средина, друго друштво, друг начин на живот. А нај-интересни ми се тие фраерите од 3-4 година со десетина испити положени кога ќе започнат да им држат лекции, планови, шеми и нацрти како да преживеат на факултет - thug life, a овие стануваат all ears :pos:
и уше една анегдота додека сум тука, aли ае друг пат.
 
Здраво пак јас :), ме интересира дали има Дискретна Мат1 Книга на Македонски? Ни ја посочија од Kenneth не дека не ми иде англискиот но сепак е стручно и по-апстрактно на англиски.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom