VOLK2234
еврофоб и хомоскептик
- Член од
- 16 септември 2008
- Мислења
- 5.517
- Поени од реакции
- 4.387
Чекај, чекај... Што не е јасно тука?http://daily.mk/makedonija/zaev-smenime-dosegashnata-praksa-upotreba-albanskiot-jazik
Заев: Да ја смениме досегашната пракса за употреба на албанскиот јазик
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев во интервју за порталот Нова ТВ изјави дека треба да се напушти досегашната политичка прагма и да се воведе нова кога е во прашање употребата на албанскиот јазик на целата територија на Македонија.
Тој вели дека не губи ништо како Македонец ни како граѓанин на Штип, Скопје, Прилеп, ако Албанците во Македонија го употребуваат својот јазик.![]()
Ете, убаво си рече човекот, не губи он.Зоран Заев напиша:- Зборував за употребата на албанскиот јазик, не губам јас како граѓанин на Струмица кај што сме 94% Македонци. Значи една работа да се знае. Прагмата во Македонија мора да биде следена. Не губам јас ништо како Македонец, ни па граѓанинот на Штип на Скопје кој што е од македонскиот етнички корпус на граѓани. Сега му е мајката, да дефинираме каква земја ќе градиме во иднина. Ќе живееме по табуата?, вели Заев.
Он добива.
А кој губи?
Губи овцата што се залажува дека не губи ништо.
Што ќе изгубам јас ако се воведе Рамковниот Договор?
Што ќе изгубам јас ако Македонија наместо држава на Македонецот стане заедница на племиња, ничија земја?
Што губам јас ако во администрација се напикаат неспособни дебили?
Што губам јас ако Македонија го смени името?
Што губам јас ако некој има предност само затоа што е малцинство?
Што губам јас што некој таму ја распродава државата?
Што губам јас ако на комшијата му ги тепаат децата и му ја закачаат ќерката?
Што губам јас, ако влеземе во ЕУ и НАТО?
На крај, ќе останеме како Циганите, без држава, ќе копаме по контејнери
и ќе не шутираат како кучиња, а невладините ќе прават
"Декада на Фиромјаните"
и во поднасловот ќе стои "Тие што нема што да изгубат"