Се избламира 4-5 пати и сега Зоки закопан си трајно и неповратно, исто како и твојот сијамски близнак од другата партија. Можеби народот ќе го лажите преку меѓусебните игри и можи и ќе ве гласа, но вие сте морално мртви.
25 години државата ни оди во курац благодарение на политичари кој ние ги гласаме и кој систематски направија дно од народ. Пред да ти пишам за изјавава на зајко за ова да ти набројам некој работи.
Станавме земја која ги продаде или даде под концесија скоро сите стратешки работи што ги имавме заради неспособноста и алчноста да покраднеме што може повеќе со амин од вемеро и сдсм под услов кога дојде избори да ги гласаме.
Еве на пример неколку аеродромот им го дадовме на турци(во знак на благодарение на 500 години убивање и робување), рафинеријата и најголемата банка се на грци(благорение за непризнавање на државава), македонските телекомуниации се во раце на германци, дистрибуција на струја и нејзионо наплаќање го зедоа австриците, рудниците отидоа кој ти знае кај кој, макпетрол кај и да е власта ќе се потруди да ја даде на руски бизнисмени криминалци, а во позадина тие да се главни или услов ќе им биде да ја снема телма, единствено ни остана значајно водостопанството и шумарството. Ни едното ни другото не ги раководиме ни чуваме. За водите веќе одамна се заинтересирани да влезат странски компании, шумите што да кажам дива сеча насекаде.
Војска немаме, не се инвестира ама баш ич. Освен специјалните единици другото е гола вода, вооружување никакво, тоа што имаме е во очајна состојба, пушка незнаеме повеќето млади ни како да држиме, да не зборам за патриотското чуство што веќе ни и скроз исчезнува. Границата ни ја презеде полицијата , пошто живеам во погранично место гарантирам дека доколку некој може и сака ќе прошеврцува и тенк и нема да видат, покрај Косово и Албанија кој ти знае и што се не се пренесува. Цело ОВК да премине ќе дознаеме после еден месец. 35 терористи се држаа 2 дена на цело МВР, да не беа поискусните во први редови овие што ги примија немаше ни 1 месец да ги истерат од диво населје. Битно има 600+ милиони за споменици и стиропор згради, а за војска и инфраструктура ништо. Следно инфраструктура.
Инфраструктура ни е катастрофа, да не се пари од некој европски фондов, кредити ќе неможе ни 2 км автопад да изградиме. Да не зборам за локалниот пат кога го ставија кај мене во град испуца за 1 недела па од срам мораа на ново да асфалтираат.
Здраството ни се распаѓа, во моја генерација пред 8 години само едно девојче(моја школска) се запиша на медицина, заврши се со време и се исели со дечко и во германија. А гарантирам дека ја бива зашто ептен сакаше да учи медицина и заврши со просек. Секој квалитетен доктор ги спакува куферите или планира да замине. Здраството го водеа шконтари(одма е јасно колку е добро водено) и сега го води еден циркузант.
Образованието ние каша попара. Имаме зголемен број на професори и наставници , а намален број на ученици. Да не зборам и за тоа како професорка во гимназија по ИТ предмети помлада од мене 2-3 години пишуваше на колешка од работа ако сака дискретно да и објаснува програмирање, а има завршено електро. Партиски неспособен кадар владее со гимназиите и основното. На пат е и академското образование да отиде исто така скроз партиски. Од тоа што извадија луѓе на фб примери од книгите за малите деца ти доаѓа да отидеш и локалните партиски кенгури од ВМРО да ги истепаш зашто несмееш тие над нив.
И можам до утре да пишувам ама еве уште некој работи во кратки црти, демографски сме пред катастрофа секој сака да се исели, нула фактор во регионот, на спортски план денес слушна кое место паднавме во фудбал 140 и некое, исто и другите спортови, културен план и тоа се партизира, земјата дише на кредити, странци ни ја кројат политиката, селективна правда, за брачата да не зборам на тоа му е секој јасно колку сакаат Македонија да биде добра држава, тендер коалиција, терористи во власта, темата за бугарски пасош е најпосетувана на подфорумов, 5 милијарди изнесени од држава, провладните медиуми форсираат неквалитетни турски серии и српска шунд музика -> уште толку се затупавуа и така затупаниот народ...
Со овие набројани работи според мене ние сме држава само на хартија и годините се изброени. Ако не се случи освестување на народов отидено све е отидено во курац, со тоа да прочиташ на фб коментари под некој објави во врска со Македонија сфаќаш дека тоа нема да се случи никогаш. Најавата на Зец за албански службен јазик на цела Македонија не ми го менува мислењето за него пошто го сметам за кловн и срање. Грујовиц и неговата дружина "патриотите" се приказка сами за себе. Така да
@sardaukar не се нервирај многу за Зец и така се е отидено у курац, а и Грујо не води право во пропаст така да веруј дека следуваат уште многу други работи што само ќе се додадат на листата.
У П.М. се распишав.