Љубовни проблеми? Потребен ти е совет? Обрати се тука!

Член од
12 август 2010
Мислења
2.890
Поени од реакции
906
ми наликува на добро решение...ама јас не пиам штета...би можел да се обидам на некој таков начин да се преправам ако не .... Не знам како но знам дека мора наскоро да направам нешто оти можеби ке ми биде последна шанса времето одминува но не во полза моја...

Како бе ич непиеш....ќе пропиеш малце..3-4 пива нема да ти бидат проблем...ама па после ако ја фатиш начукај се јако...за дедину сречу:pos2:
 
H

HITCH

Гостин
ми наликува на добро решение...ама јас не пиам штета...би можел да се обидам на некој таков начин да се преправам ако не .... Не знам како но знам дека мора наскоро да направам нешто оти можеби ке ми биде последна шанса времето одминува но не во полза моја...
Ова е далеку од добро решение! Ништо нема да бидне ако се напиете двајцата или уште бетер ќе испаднеш крив што си ја злоупотребил ситуацијата. Иди кажи и се` искрено и не врти многу одоколу!!! Вие најдобро се знаете и ти знаеш кога, што и како да и кажеш. Викни ја на кафе и среди си работа набрзинка. Ти имаш огромна предност што ти знаеш скоро се` за неа и таа за тебе :smir:
 
Член од
12 август 2010
Мислења
2.890
Поени од реакции
906
Ова е далеку од добро решение! Ништо нема да бидне ако се напиете двајцата или уште бетер ќе испаднеш крив што си ја злоупотребил ситуацијата. Иди кажи и се` искрено и не врти многу одоколу!!! Вие најдобро се знаете и ти знаеш кога, што и како да и кажеш. Викни ја на кафе и среди си работа набрзинка. Ти имаш огромна предност што ти знаеш скоро се` за неа и таа за тебе :smir:
Ама види...него страв му е ако го одбие да не си го расипе пријателството....затоа јас му реков со алхохолот...
 
Ама, сега пак ли ќе се расправаме јас и ти?! Ќут таму, каков алкохол, какви бакрачи! Нека иде нека си седне убаво со девојчето, па нека му каже како стојат работите и супер ќе биде. Ред романтика, ред муабет, па со усул симннување ѕвезди и ќе види ако бива ок, ако не ќе си најде нова другарка :smir:
 
Член од
21 август 2010
Мислења
209
Поени од реакции
7
Дечко ти е 100 % сигурен дека го сакаш и затоа може да користи ситни лаги, бидејќи знае дека нема да го напуштш. Тоа што кога секогаш е крив, бега....не е виновен тој, туку ТИ. Што си правела цело време кога сте се карале и бегал? Значи ТИ ОДГОВАРАЛ ТАКОВ :toe:
Е сега, сигурно не планираш да изиграваш цел живот детектив. Арно ама за да не го изгубиш ќе си преќутиш. За да не бега во друга просторија лут поради кавгите, нема да се расправаш.
Секако тоа му одговара само на еден во врската, а тоа не си ти.
Затоа не се плаши да разговараш со него, само поради причина дека може да го изгубиш. Врска се гради со кавги и заедничко надминување на проблемите, а не со бегање.
И да те напушти, не е ништо страшно и трагично. :helou:
Да. Тој е сигурен дека го сакам па изгледа често го злоупотребува тоа.
Има моменти и кога сум размислувала за раскинување но мислам дека не го можам тоа. Јас сум премногу емотивна личност кога сум блиска со некого, било да е тоа дечко, другарка... Покрај тоа и малкумина се оние блиски кои ми останаа (посветувајќи му нему повеќе внимание, потоа сменив средина и сл. па мислам и дека немам другарки(во вистинска смисла)) па кога би останала сама мислам дека навистина тешко би се снашла.
Ама во право си, тој го знае мојот страв "да не останам сама" па затоа и го злоупотребува:toe:

--- надополнето ---

За што точно се работи? Што тој кажал, а што всушност се случило (вклучувајќи ги и твоите прашања кон него)?
Се работи навистина за глупава ситуација. Тотално безвредна за да лажеш а не ли пак да ја растуриш врската.
Туку накратко се работи за негов "другар" (не можам да речам ниту познаник ама ни другар).
Првата ситуација беше кога дечко ми му заврши работа и му наплати помалку од реалната цена. Типот тоа не го знаеше, нели колку му рекол толку, но работата е што дечко ми остатокот или попустот да го наречам секако си го платил од џеб. Се работеше за ситна сума но тој пред мене зборуваше дека типот си ја платил целата цена. Секако дека не ме интересираше ова но кога си со некој постојано нели сите ситници доаѓаат на муабет. Се беше во ред додека случајно не му најдов порака напишана до типот во која му кажува ако дојдеме до муабет пред мене да ја каже повисоката цена (реалната) а тој ќе треба да му ја плати таа што се договориле. Се почувствував многу глупаво. Навистина немаше потреба да ме прави будала пред него, посебно не за таква глупост. Кога му кажав дека знам дека ме лажел (а претходно го прашав неколку пати надевајќи се дека сам ќе признае) ми рече дека не сакал да ми каже за да не речам јас дека не требало така, а типот заслужил бидејќи порано му помогнал. Се скаравме што се скаравме ама си реков во ред можеби навистина не сакал да слушне што имам да му кажам бидејќи јас откако го знам тој негов другар дечко ми му излегува во пресрет а овој секој пат си игра мајтапи. Но ок, тука заврши ова.
Вторава ситуација дојде кога овој требаше да му ги даде парите. Бидејќи и дечко ми ги должи (таму од каде што му ја направи услугата) го прашав дали е се ок. Е тука е интересното. Изгледа не сакаше да чуе "ти реков" па ми рече дека се е платено и готово. Ама беше малку напиен па кажувајќи ми за цифрите приметив дека слабо му оди математиката бидејќи испаѓаше дека му дал 100ден. помалку. Кога му го реков тоа тој се опушти и почна да ми вика дека никогаш веќе нема да му помогне на него и сл... тука ми дојде сомнежот. Тој плати за него многу поголема сума а сега му е лут за 100ден? И ете дознав дека уствари овој му ја платил половина сумата велејќи му дека ќе му ги додаде иако знеше дека тие пари треба да се платат на точно одреден датум. Всушност дечко ми му е лут затоа што сега се работи за многу поголема сума пари кој тој си ги дал од џеб. И сега кога и вие прочитавте кажете ми ве молам дали имал потреба да ме гледа во очи и да ме прави будала за нешто вакво?!?
 
Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Да. Тој е сигурен дека го сакам па изгледа често го злоупотребува тоа.
Има моменти и кога сум размислувала за раскинување но мислам дека не го можам тоа. Јас сум премногу емотивна личност кога сум блиска со некого, било да е тоа дечко, другарка... Покрај тоа и малкумина се оние блиски кои ми останаа (посветувајќи му нему повеќе внимание, потоа сменив средина и сл. па мислам и дека немам другарки(во вистинска смисла)) па кога би останала сама мислам дека навистина тешко би се снашла.
Ама во право си, тој го знае мојот страв "да не останам сама" па затоа и го злоупотребува:toe:
Сакаш да кажеш дека оние кои раскинуваат долга врска не се емотивни? :raz:
Кажи ми што е подобро да бидеш со некој кој не те сака, не си среќна и се измачувате двајцата или па да бидеш САМА а среќна? :smir:
 
Alekr

Kajgana's Heroj Ulice
Член од
28 ноември 2010
Мислења
2.728
Поени од реакции
1.913
Сакаш да кажеш дека оние кои раскинуваат долга врска не се емотивни? :raz:
Кажи ми што е подобро да бидеш со некој кој не те сака, не си среќна и се измачувате двајцата или па да бидеш САМА а среќна? :smir:
Потпишвам.:smir:
 
H

HITCH

Гостин
Да. Тој е сигурен дека го сакам па изгледа често го злоупотребува тоа.
Има моменти и кога сум размислувала за раскинување но мислам дека не го можам тоа. Јас сум премногу емотивна личност кога сум блиска со некого, било да е тоа дечко, другарка... Покрај тоа и малкумина се оние блиски кои ми останаа (посветувајќи му нему повеќе внимание, потоа сменив средина и сл. па мислам и дека немам другарки(во вистинска смисла)) па кога би останала сама мислам дека навистина тешко би се снашла.
Ама во право си, тој го знае мојот страв "да не останам сама" па затоа и го злоупотребува:toe:
Ти немаш никаков проблем со него, ти начисто си се изгубила себе! Да бидеш во врска не значи да ги баталиш сите и да бидеш само со него. Ти треба да си го вратиш прво твојот живот назад, па после да мислиш за него, оти вака не си добра за никого. Извини јас ич не се согласувам дека ти си емотивна личност, па затоа не можеш да му раскинеш. Ти си бараш изговори! Те молам објасни ми како си емотивна за да му раскинеш, а не си емотивна кога тој те повредува или навредува?! Ти што си?! Камен? (што би рекол Амди Бајрам ти си Кока Кола за него :pos:)
За делот кај што велиш дека си му посветила внимание него, јас иако сум женско слободно можам да ти кажам дека си го мрднала начисто! Женско `ко женско, за некои работи сме непоправливи! Почнува заедничкиот живот (пробно, демек за партнерите да се запознаат подобро) и одма почнуваат нови правила на игра и одма купишта планови, сакајќи или несакајќи сеедно. Јас ова ти го кажувам од искуство на една другарка, која кога почна да живее со дечкото беше постара од тебе, тогаш имаше 28. Ми рече дека после 2 месеци се скарале за нешто и тој излегол лут. Додека бил тој излезен таа си враќала филм наназад и ми рече: „во тој момент сфатив дека јас го имам испланирано целиот живот, а ние одлучивме да живееме пробно за да видиме дали си одговараме“. Значи седни си убаво и размисли си за СЕ`! Нема лутиш, ако иде, иде, ако не чао - пријатно. Не викам дека ќе ти биде лесно, ниту пак нему, АМА за кавга требаат двајца, никој не може да се расправа сам, мора да има и друга страна. И последна многу важна работа:
Извини, Ти имаш 21 година, те молам кажи ми како може да останеш сама?!

П.С. Сите сме го поминале тоа што ти го минуваш. Вака или онака знаеме како е да си во твоја кожа. Имаш луѓе што те сакаат, седни разговарај со нив! Верувај ми, не можеш ни да замислиш колку ќе ти помогне разговор со некој близок.
 
Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.556
Поени од реакции
1.612
Се работи навистина за глупава ситуација. Тотално безвредна за да лажеш а не ли пак да ја растуриш врската.
Туку накратко се работи за негов "другар" (не можам да речам ниту познаник ама ни другар).
Првата ситуација беше кога дечко ми му заврши работа и му наплати помалку од реалната цена. Типот тоа не го знаеше, нели колку му рекол толку, но работата е што дечко ми остатокот или попустот да го наречам секако си го платил од џеб. Се работеше за ситна сума но тој пред мене зборуваше дека типот си ја платил целата цена. Секако дека не ме интересираше ова но кога си со некој постојано нели сите ситници доаѓаат на муабет. Се беше во ред додека случајно не му најдов порака напишана до типот во која му кажува ако дојдеме до муабет пред мене да ја каже повисоката цена (реалната) а тој ќе треба да му ја плати таа што се договориле. Се почувствував многу глупаво. Навистина немаше потреба да ме прави будала пред него, посебно не за таква глупост. Кога му кажав дека знам дека ме лажел (а претходно го прашав неколку пати надевајќи се дека сам ќе признае) ми рече дека не сакал да ми каже за да не речам јас дека не требало така, а типот заслужил бидејќи порано му помогнал. Се скаравме што се скаравме ама си реков во ред можеби навистина не сакал да слушне што имам да му кажам бидејќи јас откако го знам тој негов другар дечко ми му излегува во пресрет а овој секој пат си игра мајтапи. Но ок, тука заврши ова.
Вторава ситуација дојде кога овој требаше да му ги даде парите. Бидејќи и дечко ми ги должи (таму од каде што му ја направи услугата) го прашав дали е се ок. Е тука е интересното. Изгледа не сакаше да чуе "ти реков" па ми рече дека се е платено и готово. Ама беше малку напиен па кажувајќи ми за цифрите приметив дека слабо му оди математиката бидејќи испаѓаше дека му дал 100ден. помалку. Кога му го реков тоа тој се опушти и почна да ми вика дека никогаш веќе нема да му помогне на него и сл... тука ми дојде сомнежот. Тој плати за него многу поголема сума а сега му е лут за 100ден? И ете дознав дека уствари овој му ја платил половина сумата велејќи му дека ќе му ги додаде иако знеше дека тие пари треба да се платат на точно одреден датум. Всушност дечко ми му е лут затоа што сега се работи за многу поголема сума пари кој тој си ги дал од џеб. И сега кога и вие прочитавте кажете ми ве молам дали имал потреба да ме гледа во очи и да ме прави будала за нешто вакво?!?
Дечко ти изгубил пари, не ти.

Кажи му на дечко ти: „Не ме интересира ако ти губиш пари со твоите другари, важно секогаш да имаш пари за мене и за моите потреби, како џентлмен.“ И остави го тука на мир. Негови пари, негова работа.

Е сега, ако се покаже дека сè повеќе нема пари, понуди му да му помогнеш да си ги среди финансиите, така што ќе му кажуваш со кој другар да прави бизнис, а со кој не (очигледно, умееш да ги процениш луѓето кои се од доверба, а кои не се). Ако и понатаму одбива помош, кажи му дека тоа е веќе сериозно и дека заради тоа би му раскинала. Внимавај - не зашто тој губи пари со неговите другари (тоа е негова работа), туку зашто не би имал доволно пари за *тебе*, да се однесува џентлменски кон тебе (тоа е веќе твоја работа).

А ако секој од вас има различни финансии (ти, нели, имаш 21 година и не верувам дека вашите финансии се заеднички), тогаш апсолутно да не ти чуе како тој се однесува со неговите пари. *Но* - кажи му експлицитно (посебно после оваа случка) дека не сакаш да знаеш како тој се однесува со неговите пари, зашто не те интересираат неговите постапки (посебно бидејќи не ги одобруваш) и, за да ја зачувате врската, не зборувајте веќе на таа тема.

Ако и понатаму тој си прави проблеми за себе, немој да му се мешаш - негова работа е како ќе се извлече. Но *ако ти побара помош* - тогаш веќе помогни му најдобро што можеш. До тогаш, остави го со својата гордост, да се ивлече колку може и умее.

Поздрав.
 
Член од
21 август 2010
Мислења
209
Поени од реакции
7
Сакаш да кажеш дека оние кои раскинуваат долга врска не се емотивни? :raz:
Кажи ми што е подобро да бидеш со некој кој не те сака, не си среќна и се измачувате двајцата или па да бидеш САМА а среќна? :smir:
Во право си. Ама работата е што и тој ме сака. Сигурна сум во тоа. Секако не би била со некого и не би го поднесувала таквото однесување ако не ме сака. Двајцата сме поминале многу за оваа врска, сме се бореле против се и секого и сеуште се бориме. Некогаш и се чувствувам уморна од таа борба па затоа ми иде да се откажам. Ама не е така едноставно да се одлучиш да раскинеш. Не сум свесна дали ваквите лаги треба да се причина за да ставам крај на врската
 
karlovic

имам срце ама имам и фрижидер
Член од
5 ноември 2010
Мислења
616
Поени од реакции
161
Не знам како да се заљубам,многу сакам

хелп!
 
Член од
21 август 2010
Мислења
209
Поени од реакции
7
Дечко ти изгубил пари, не ти.

Кажи му на дечко ти: „Не ме интересира ако ти губиш пари со твоите другари, важно секогаш да имаш пари за мене и за моите потреби, како џентлмен.“ И остави го тука на мир. Негови пари, негова работа.

Е сега, ако се покаже дека сè повеќе нема пари, понуди му да му помогнеш да си ги среди финансиите, така што ќе му кажуваш со кој другар да прави бизнис, а со кој не (очигледно, умееш да ги процениш луѓето кои се од доверба, а кои не се). Ако и понатаму одбива помош, кажи му дека тоа е веќе сериозно и дека заради тоа би му раскинала. Внимавај - не зашто тој губи пари со неговите другари (тоа е негова работа), туку зашто не би имал доволно пари за *тебе*, да се однесува џентлменски кон тебе (тоа е веќе твоја работа).

А ако секој од вас има различни финансии (ти, нели, имаш 21 година и не верувам дека вашите финансии се заеднички), тогаш апсолутно да не ти чуе како тој се однесува со неговите пари. *Но* - кажи му експлицитно (посебно после оваа случка) дека не сакаш да знаеш како тој се однесува со неговите пари, зашто не те интересираат неговите постапки (посебно бидејќи не ги одобруваш) и, за да ја зачувате врската, не зборувајте веќе на таа тема.

Ако и понатаму тој си прави проблеми за себе, немој да му се мешаш - негова работа е како ќе се извлече. Но *ако ти побара помош* - тогаш веќе помогни му најдобро што можеш. До тогаш, остави го со својата гордост, да се ивлече колку може и умее.

Поздрав.
Воопшто не ми е гајле што ќе прави со неговите пари(иако ми е криво тој да работи цел месец за некој друг(наместо за себе)). Негови пари- негова работа, но негови лаги- моја работа.
Всушност неговата гордост(да не ме послуша) често се граничи со глупавоста, и тој всушност го мрази она што условно кажано сум попаметна и тоа што ја откривам секоја негова лага и секогаш сум во право. Се обидувам да не му солам памет (нели никој не го сака тоа) ама и самиот на крај ми се обраќа уф требаше тебе да те послушам...:toe:
Како и да е ќе оставам малку да легнат работите, утре е посебен ден за мене па сакам да уживам во тоа. Пред малку ми рече да планирам вечер да излеземе ама не сакаше ништо да каже (демек изненадување е). Можеби е по повод утрешниот ден а можеби и дознал дека знам па сака да се искупи ;) Ама ќе видиме, времето ќе покаже
И фала ви на сите за советите :smir:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom