Дечко ти изгубил пари, не ти.
Кажи му на дечко ти: „Не ме интересира ако ти губиш пари со твоите другари, важно секогаш да имаш пари за мене и за моите потреби, како џентлмен.“ И остави го тука на мир. Негови пари, негова работа.
Е сега, ако се покаже дека сè повеќе нема пари, понуди му да му помогнеш да си ги среди финансиите, така што ќе му кажуваш со кој другар да прави бизнис, а со кој не (очигледно, умееш да ги процениш луѓето кои се од доверба, а кои не се). Ако и понатаму одбива помош, кажи му дека тоа е веќе сериозно и дека заради тоа би му раскинала. Внимавај - не зашто тој губи пари со неговите другари (тоа е негова работа), туку зашто не би имал доволно пари за *тебе*, да се однесува џентлменски кон тебе (тоа е веќе твоја работа).
А ако секој од вас има различни финансии (ти, нели, имаш 21 година и не верувам дека вашите финансии се заеднички), тогаш апсолутно да не ти чуе како тој се однесува со неговите пари. *Но* - кажи му експлицитно (посебно после оваа случка) дека не сакаш да знаеш како тој се однесува со неговите пари, зашто не те интересираат неговите постапки (посебно бидејќи не ги одобруваш) и, за да ја зачувате врската, не зборувајте веќе на таа тема.
Ако и понатаму тој си прави проблеми за себе, немој да му се мешаш - негова работа е како ќе се извлече. Но *ако ти побара помош* - тогаш веќе помогни му најдобро што можеш. До тогаш, остави го со својата гордост, да се ивлече колку може и умее.
Поздрав.