Македонска берза

Член од
20 јули 2016
Мислења
7.785
Поени од реакции
5.060
Здраво на сите :)
Нов сум на форумов но веќе некое време ве пратам и баш ми се допаѓа што интересни дебати се вртат околу домашната инвестициска сцена.Имено во план сум да купам неколку акции од Алкалоид како што гледам добро им иде а даваат и дивиденда веќе неколку години а и првите луѓе на управниот одбор се здобиваат со акции од време на време(што представува позитивен сигнал) па би сакал да прашам која брокерска куќа би ми ја препорачале за ова ,се мислам помеѓу Нлб и Илирика?
Се исто ти е од која брокерска куќа горе доле се исти провизиите. Алкалоид ти е добра конзервативна акција.
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.151
Поени од реакции
8.946
Не ми е баш јасно, Топлификација има суспензија од берзата а има трансакции со акциите.
 
Y

yob

Гостин
Momentalno moze da se trguva samo na sloboden pazar. Sto znaci pogolem rizik. Na pr. Fondovi Sega ne bi smeele da kupuvaat.
Nemaat dostaveno minimum zakonski propisani informacii I zatoa se iskluceni od kotacija.zaglavi rabotata na poslednoto sobranie, se ceka razvrska...
 
Член од
10 декември 2008
Мислења
1.311
Поени од реакции
2.373
Најпрво да кажам дека ја имам акцијата на UNI во портфолио.

Имам 5 акции во портфолио, а анализирам 15тина.

Ги гледав скоро сите деновиве но кај неа ми е највпечатлив трендот.

upload_2016-9-15_0-2-46.png

upload_2016-9-15_0-3-6.png

Ако продолжат со нивото на полугодие би оствариле: Добивка по акција од 277 денари.
Ако тоа се стави во однос со сегашната цена од 717 денари се добива p/e од 2,59.
 
Член од
4 септември 2013
Мислења
79
Поени од реакции
27
Најпрво да кажам дека ја имам акцијата на UNI во портфолио.

Имам 5 акции во портфолио, а анализирам 15тина.

Ги гледав скоро сите деновиве но кај неа ми е највпечатлив трендот.

Прегледај го приврзокот 156267

Прегледај го приврзокот 156268

Ако продолжат со нивото на полугодие би оствариле: Добивка по акција од 277 денари.
Ако тоа се стави во однос со сегашната цена од 717 денари се добива p/e од 2,59.
Мало појаснување: 277 денари се веќе остварени за период од пола година. P/E обично се пресметува на годишно ниво и ако продолжи банката со истото темпо коефициентот би бил 1.29, ерго пазарната цена е багателна.

Сите банки имаат извонредни резултати.
 
Член од
10 декември 2008
Мислења
1.311
Поени од реакции
2.373
Мало појаснување: 277 денари се веќе остварени за период од пола година. P/E обично се пресметува на годишно ниво и ако продолжи банката со истото темпо коефициентот би бил 1.29, ерго пазарната цена е багателна.

Сите банки имаат извонредни резултати.
Не, не. 138,5 денари се остварени на пола година.
Лани на крај на година добивката по акција била околу 150.

Да, сите банки имаат извонредни резултати, но овде се најдобри показателите.
 
Член од
4 септември 2013
Мислења
79
Поени од реакции
27
Не, не. 138,5 денари се остварени на пола година.
Лани на крај на година добивката по акција била околу 150.

Да, сите банки имаат извонредни резултати, но овде се најдобри показателите.
Грешка сум видел, се извинувам.
 
Член од
10 април 2013
Мислења
1.118
Поени од реакции
714
Што мислите за ОХБ. на 3250 скапа ли е за купување?Тоа е П/Е 3.57 и претпоставувам дека по тој показател е сеуште прифатлива за таа цена. Денеска до 10.30 поминаа 487 акции по таа цена .
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.151
Поени од реакции
8.946
Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија донесе Заклучок за прекинување на поведената постапка по Барањето за издавање дозвола за понуда за преземање на "Макпетрол" АД Скопје, поднесено од страна на "Balkan Petroleum Holding Limited".

„Постапката е прекината заради решавање на претходно прашање кај друг надлежен државен орган
 
Член од
16 јули 2014
Мислења
842
Поени од реакции
573

Сега ја префрлаат топката од КХВ на КЗК (комисија за заштита од конкуренција) само ради две работи :
1. Врел костен пред избори !!!
2. Изборите се многу блиску и кој повеќе ќе одврзе кесето пресудата ќе иде во негова корист !!!
 
Член од
10 декември 2008
Мислења
1.311
Поени од реакции
2.373
Ајде пак назад MPT, ќе видиме на која цена ќе застане.
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.151
Поени од реакции
8.946
Сега ја префрлаат топката од КХВ на КЗК (комисија за заштита од конкуренција) само ради две работи
Оф леле тие дозволија спојување на оне и вип, а демек ќе го решаваат проблемот за малопродажбата на нафтени деривати што е целосно либерализирана
 
Член од
16 јули 2014
Мислења
842
Поени од реакции
573
Оф леле тие дозволија спојување на оне и вип, а демек ќе го решаваат проблемот за малопродажбата на нафтени деривати што е целосно либерализирана
Намерно жонглирање и одуговлекување до избори :(
 
Kajgana Shop

На врв Bottom