Секакви лекарства прима мојот организам иако имам 16 год :kesa:
Има еден природен чај кој го припрема баба ми за оваа работа, ми стори аманет да не го давам на никога ма тебе морам. И јас бев како тебе на 16 години и се срамев од секоја женска, мислев дека сум грд (кога ќе се видам на слика сега по толку години и навистина сум), дека ниту една момичка не сака да разговара со мене но после природниот лек на баба ми се смени се.
Рецептот оди вака-
30 грама мајчина душица
30 грама листови од диво нане
20 грама цвето на рузмарин
лушпа од зелено јаболко
малку цимет
мед и лимон
Се ова добро се мие и се става да зоврие, се остава да врие некој 15 минути на тивок оган, се процедува и се конзумира додека е топол. Чајот сигурно делува ако само ти веруваш во него, ако во само еден момент ја изгубиш довербата во неговата магична моќ тогаш и неговата моќ навистина исчезнува.
Јас никогаш не се посомневав во специјалитетите на баба ми која слушаше Лед Цепелин во рана фаза на стар грамофон и рецитираше строфи од Лавеј затоа и имав подоцна успех со момичките.