Никогаш во животот се немам усрано како денес. Еве искрено кажувам на отворен форум, 24 години имам, како што денес ми се тресеа нозете и се испосрав, така у живот се немам исплашено.
Вчера си легнав до 4 и нешто сабајле, не ме фаќаше нешто сон. Сабајле во 06:57 ме разбуди звукот како од млазен авион што секако беше најава за земјотресот, ја кренав главата и во истиот момент здрма јако. Се штрекнав пошо бев сонлив нели, истрчав на тераса, али се беше ок.
Потоа денот се одвиваше нормално, дремев по дома и у 15:00 си викам ај да прилегнам малце да погледам фудбал, само колку да испружам нозе пошо се на се нецели три саати имав спиено. Само што легнав, го земав телефонот во раце оно слупа многу појако од првиот пат. Јас и брат ми бевме сами дома, мајка ми на работа, а татко ми на пазар. Прво што направив е што извикав ПЕТААААААААР ИСКАЧАЈ ОДМААААААААААА, и од паника се упатив накај терасата. (живеам на трети иначе) Ми дојде некоја блесава идеја во случај да почне да се руши зградата да рипнам доле, пошо комшијата под мене има тенда и може да се изведе такво нешто без да се повредиш. Трчајќи накај тераса почна цела зграда да се тресе, ми се мрдаше паркетот лево-десно, паѓаа садови, вазни, саксии со цвеќиња, соларничињата во кујна, телевизорот, буквално се живо и диво се рушеше. Само што стигнав до тераса престана да тресе и во истиот момент го зграпчив брат ми и такви боси истрчавме надвор целите во паника. Уште па жените од зградата кренаа дополнителна паника, ок нормално е не викам не, и баш беше хаотично.
Се симнавме доле, не се сруши ништо, сите беа во паника, јас бос како утка седам пред зграда, гледам нагоре и нозете ми се тресат како на неандрталец. Не можев 5 минути да се соземам...
И шлагот на тортата, искочени сите комшии надвор, доаѓа една бабичка и вика: Ееееее, оваа зграда е правена да издржи 9 степени според рихтер. ООоооооооооооооок баба Васка, иди плети гоблени и не кур умарај со безвезни теории. 9 степени да издржела...