СДП никогаш немала предност пред ХДЗ. Само шизофрен конгломерат на невладини и медиуми поддржани со европски пари, силно се труди да остави таков впечаток. Референдум за хомосексуални бракови, локални избори, претседателски избори, парламентарни избори, повторно парламентарни избори, цело време СДП има “предност“ според истите извори. И цело време добиваат народ.
Или збориш на памет, или си сосема погрешно информиран за работите во Хрватска.
Ако хрватските социјалдемократи никогаш немале предност (не знам според кои извори си го дознал тоа), тогаш како Милановиќ во 2011 година беше единствениот досега кој освои апсолутно мнозинство во парламентот, како и тоа што двајца нивни членови на претпоследните претседателски избори успеаа да го истиснат кандидатот на ХДЗ на трето место? Точно е дека година-две пред претпоследните парламентарни избори социјалдемократите имаа голем пад во поддршката но по минатогодишните парламентарни почнаа да ја враќаат. Е сега ситуацијата им беше во нивна корист, но тие воопшто не знаеа да ја искористат, делуваа прилично статично. Од друга страна ХДЗ за само 2 месеци успешно направија промени во своите редови и за разлика од минатата година каде што радикалната кампања не им успеа, годинава водеа прилично умерена кампања. Плус лошиот летен тајминг и слабата излезност на изборите очигледно дополнително им отиде во прилог на ХДЗ.
Што се однесува во делот за медиумите и невладините организации во Хрватска, извини друже, ама тоа што си го пишал горе е апсурд невиден. Прво, хрватските медиуми важат за едни од најслободните и најобјективните медиуми во цела Југоисточна Европа, посебно вестите на Нова кои се за секоја можна пофалба. Ниедна партија, организација, структура не се ни обидела да го оспори нивното работење, напротив секој субјект ги гледа медиумите како богови. Значи испаѓа дека ние ги критикуваме хрватските медиуми, каде самите Хрвати не ни помислиле да го оспорат нивниот начин на известување. Невладини подржани со европски пари, WTF?!!
П.С. Референдумот за уставно ограничување на брачната заедница организирана од организацијата "Во име на семејството" предводена од пореметената вештерка Жељка Маркиќ, воопшто не ни успеа, беше далеку под цензусот, така да тој референдум немаше никаква правна сила. Но, сепак пратениците направија компромисно решение со Уставот сепак да биде ограничена брачната заедница, а истополовите заедници се регулирани со посебен закон од каде што произлегуваат речиси исти права и обврски за страните како од брачната заедница. Новиот српски граѓански законик кој би требало да се донесе наредниве месеци, предвидува иста одредба каде се бара донесување на посебен закон за овие заедници.