Тежина од 7 тони во ниска орбита беше неостварен сон на Американците со години. Им се чудеа и восхитуваа на Руските научници и инженери со години како им успеа таков потфат.
Инаку Русите се првите што го допреле Марс, први што ја фотографирале Месечината од другата страна, први што внеле сонда во орбита на Венера, први што направиле вселенска "прошетка" и многу други работи, за дел од кои на Американците им требаа многу години да ги достигнат.
Веста мора да е грешка или постои грешка во сумата бидејќи во досегашната петнаесет-годишна историја на Атлас 5 има видено не повеќе од 65 лансирања. Ракета која е предвидена да се пензионира во моменталната верзија во 2021-22, со не повеќе од 6-7 лансирања годишно. 5 години по 6 лансирања тоа се не повеќе од 30 ракети, што значи нема потреба од повеќе од 30-35 мотори. Имајќи предвид дека ULA постојано држи 10тина мотори во резерва, бројката од купени 100 е многу, многу лоша бизнис зделка.
Прилично се помачив да најдам колку точно чини еден РД-180 мотор, но не можам да најдам податоци. Може само да се претпостави колку чини еден РД-180 ако се земе во предвид дека Аероџет вети дека нивниот мотор ќе чини 25 милиони, а следната верзија на Атлас ќе користи 2 такви мотори, а целта е да се направи поефтина ракета. Значи РД-180 не би требало да чини испод 50 милиони, сума што е блиску до цената на целата Фалкон 9.
Ако одиме понатаму, ако земиме фактот дека Атлас чини приближно 170 милиони, а најголем дел од трошоците одат за моторите (развојот на нов мотор чини неколку билиони, сума која мора да се вметна во крајната цена на моторот), тогаш бројката може да е и многу поголема.
Но реалната цена најверојатно е многу помала, имајќи предвид дека Американците до скоро и немаа алтернатива за лансирање на воените сателити освен Атлас 5 и дека ULA држеше монопол. Русите го искористуваат сето тоа.
Значи стварно многу скапо.
Еве и од Руски извори е толку. А договорот е од 1997, не им ги испорачуваат сите одеднаш неко сукцесивно, како што идат лансирањата на Атлас 5, а тоа 7 мора да е некаков просек, на почетокот имаат по 2-3, сега и по 10 годишно. Ракетата не дека нема перспектива, него политичарите и пресудија и затоа ќе ја пензионираат. Амерички и Руски мотори спотед цена не вреди да се споредуваат, кажам цената на работната сила е клучна, тие инженери да Аероџет мора дебело да се платени.
Соглашение между Москвој и Вашингтоном, которое предусматривало поставки в США
101 двигателја РД-180 и оценивалось примерно в
$1 млрд, было заклјучено в 1997 году.
http://sdelanounas.ru/blogs/77134/
Значи 1 милијарда за 101 мотор,
10 милиони$ за 1.
А тоа што била 170 милиони ракетата, е нерелана цена но парите иделе кај УЛА, сега се нудат за помалку од 100, но и тоа не е во рамниште на Спејс Екс.
А види го овој договор, за НК33, ова не е нормална цена, понекогаш Русиве продаваат пошто - зашто, жал да ти падне, навистина овој мотор е стар, зад него постои цела прикаска, но ваков мотор за 1,1 милион $, парче

. И како сега да не им купиш мотори, тоа само ако политичарите се замешаат.
About 150 engines survived, and in the mid-1990s, Russia sold 36 engines to
Aerojet General for
$1.1 million each.
https://en.wikipedia.org/wiki/NK-33[DOUBLEPOST=1473582395][/DOUBLEPOST]
Хехе, можат да сонуваат Американците за повеќе од 80 тони товар во орбита. Можеби ако ги прашаат Русите и овие ако се така добри ќе им покажат...
Само Америте работат на големи товари, другиве не знам ни дали имаат нешто во нацрт фаза.
SLS веќе има распоред, почнуваат 2018, веќе на големо се тестира таму. Да не кажам па СпејсЕкс на Муск што се планира, да почекаме да излезе официјално.
А за минатото на ова поле САД биле понапред, 60-тите го имаат Сатурн 5, 80-тите шатлот, Русите имаа само две лансирања на Енергија крајот на 80-тите која е негде со капацитет од 100 тони и толку.
https://en.wikipedia.org/wiki/Space_Launch_System
Овој бустер сега го тестираа за SLS.