А како тоа сегашнава влада се потруди да има квалитетна работна рака ? (кога и таа што ја има си оди од државата и се снаоѓа надвор од неа). Можеби со тоа што отворија еден куп селски факултети насекаде низ државата без никаков квалитет за штанцање на дипломи ? Инаку сериозен и јак странски инвеститор не доаѓа само поради квалитетна работна рака, сака да бидат средени и многу други области кои за жал кај нас не се и затоа кај нас идат само инвеститори кои не гледаат како ефтина работа сила.. една Бугарија што беше многу поназад од нас сега оди напред а ние тапкаме во место.
Инаку немора субвенции да им даваат, за почеток може локалните шерифи со амин од владини функционери да престанат да им маваат рекет на успешните бизнисмени. И тоа рекет не само пред избори за добивање на средства за да работи пропагандната машинерија како што веќе слушнавме од снимките - иако и предходно го знаевме тоа.
Инаку не е само “толку ги биваше“ ако правеле криминал и злоупотребувале власт нека одговараат праведно, кога ќе ги ставиш во затвор наредниот што ќе дојде на таа функција ќе подразмисли малце повеќе дали треба да работи поштено или ќе работи само колку да си го наполни џебот.