A1 TV Lite (ONE BoomTV/Vip TV Lite) безжична DVB-T телевизија - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата Креатор на темата bballfan
  • Време на започнување Време на започнување

Овие нормални се?!? За да приклучиш едно мизерно boomtv, ти бараат 2500 денари????
А за близоо е бесплатен приклучокот.
:eek:Што збориш? Аууу, ефтини и нормални биле овие. НЕ! :shok2:
 
Мене за замена на дељинско ми побараа 500.
Па од пазар за 100 зедов.
А од телеком е бесплатно
е ај сега
 
Не се салам. Одвај чекам април да дојди да ги откачам. Нема чаре некако пред време да го раскинам а да имам некој основ?
 
Јави со во АЕК на 190 и ќе ти објаснат,зависи од што не си задоволен и каков проб имаш.
Јас коа имав проблеми со сигналот се јавив ми рекоја да поднесам барање и дека можело да се раскине договор врз база на тој проблем.Но коа отидов во ONE друга приказна,рекоја дека откако ќе поднесам барање тие ќе прателе екипа која нормално ќе тестирале со своја антена и све ок ќе е,само што бадијала ќе сум давал пари за идењето на екипата.
СФЕ МАФИЈА
 
http://www.vip.mk/kombo/4p-lite

Проверете сега како пишва во врска со приклучокот. Го тргнале тој дел. Јас им пратив на фб порака и ги прашав дали се нормални со тоа што го пишале. Не ми вратија па пак им пишав. И вечерва ми ја праќаат нивната страница т.е. линкот од Вип Лите и читам нема. Упорно ме убедуваат дека тоа не го пишвало на нивнииот сајт. Од каде ми бил скриншотот. Штета што и линкот го нема на сликата. Му кажав дека се мизерни па уште ми велат воздржете се од навреди. Еххх златен април да дојди.
 
Мене за замена на дељинско ми побараа 500.
Па од пазар за 100 зедов.
А од телеком е бесплатно
е ај сега
Mислам дека и во телеком се паќа за замена на далинско затоа што гледам и ги продаваат посебно далинските за првите ресивери што им се
За оној малиот ресивер бел им е 999ден а за оној црниот голем што е главен ресивер им е 899ден.

Сум чул и дека во телеком да го оштетиш ти се скршило нешто далинското а сакаш да ја откажеш телевизијата кога ќе го враќаш ресиверот ќе го платиш и далинското. Не сум откажал до сега Макс тв па немам поима дали ова последново што го пишав е точно.

Туку стварно е глупо да ти наплаќаат за монтажа на Бум тв со оглед на тоа што мислам и не е некоја голема филозофија приклучувањето.
 
Замената е бесплатна ако е технички проблем дури и рутер прегорен од нестабилна струја.

За монтажа и во телеком се наплаќа 1 000 ден.
 
За рутер знам дека ти менуваат бесплатно. Три пати ми се има десено да ми прегоре. Али треба и да се пази некогаш ти го менуваат и со веќе отпакуван од кутија и користен. Последно мене Телеком ми ставија од оние белите рутери кај што од страна има и за усб приклучок. Приметив не ми дадоа тие ногарчињата за да може да стои рутерот исправено. Исто така нешто ме зеза домашниот телефон па кога ми вртат ѕвони и кога ќе дигнеш слушалка ништо не се слуша како да е исклучена линијата. Пријавив ми рекоа линијата е исправна пак пријавив уште еднаш и ништо не завршив работа сеуште ги нема да дојдат па еден ден ќе се јавам или отидам пак да им кажам дека не рабпти.

Среќа мене не ми е потребен многу телефонот, имам мобилен ама па плаќам и за ова а не работи.
 
Коа ќе им се јавиш следен пат за да не чекаш кажи им дека сам ќе отидеш до телеком да го замениш рутерот.А коа ќе отидеш во телеком кажи им да ти дадат додатна заштита(мало цилиндарче што се поврзува пред рутерот)за да не ти прегори никогаш повеќе.
 
Гледајте го каналот 24 Вести на Vip TV Lite (претходно BoomTV) со новото освежување на нашата програмска шема. Каналот е
достапен со прескенирање на каналите.

http://www.vip.mk/tv/lista-kanali-tv-lite
Опааа, што така им текнало на луѓево? :) А што канал тргнале? Знам дека ID Xtra веќе го нема во понудата, тешко и дека ќе го вратат, но да не тргнале уште некој? :)
 
Ме изненадија, навистина.

Користам КА Модул. Како да го додадам само 24 вести без да правам автоматско пребарување?
 
Опааа, што така им текнало на луѓево? :) А што канал тргнале? Знам дека ID Xtra веќе го нема во понудата, тешко и дека ќе го вратат, но да не тргнале уште некој? :)

Еден од порно каналите е тргнат и на негово место е 24Вести. А место ID Xtra е HBO3? Вчера приметив дека го имаме ама врска неам која програма ми беше на тоа место.
 
Користам КА Модул. Како да го додадам само 24 вести без да правам автоматско пребарување?
Ау, за ова не знам да ти помогнам, прашај некој од другиве членови што се повеќе IT стучни :)

Еден од порно каналите е тргнат и на негово место е 24Вести. А место ID Xtra е HBO3? Вчера приметив дека го имаме ама врска неам која програма ми беше на тоа место.
Ах бе, ах, ама важно DM Sat и Grand им се во понудата, наместо на нивно место да се мрда. Да не се сфатиме погрешно, не е толку важно ова порно каналот, ама за ID Xtra, сега читав на нивната fb страница, се бунат луѓе.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom