Се шетале двајца економисти и наишле на едно лајно на патот. Му рекол едниот на другиот, ако го изедеш ова лајното ќе ти дадам 100 евра. Овој другиот си рекол, 100 евра се 100 евра, се наведнал, го изел лајното и добил 100 евра. Продолжиле да шетаат и сега на едниот му било криво што дал 100 евра, а на другиот му било криво што изел лајно. Наишле на друго лајно и сега овој вториот му рекол на првиот, ако го изедеш ова лајното ќе ти дадам 100 евра. Овој првиот се израдувал дека ќе си ги врати 100 евра, го изел лајното и си ги добил назад 100 евра. По извесно време првиот му рекол на вториот, многу сме глупи, двајцата изедовме по едно лајно, а никој ништо не доби, на што вториот му рекол, барем направивме обрт на капиталот.
Кладење на коефициент 2 на мечеви за кои сметаш дека се 50/50 е токму тоа, јадење лајно без профит, за обрт на капиталот. Долгорочно, математичкото очекување ти е 0. Зошто побогу би јадел лајна без причина?
Се чуствувам идиотски што морам да објаснувам елементарни работи. По цел ден висиш на Бет365 и ништо не си научил. Страшна работа се луѓето, премногу се глупави и мрзливи. Ништо не сакаат да научат, а изгорени се да се прават паметни. Кладењето е едноставна математика, барем нешто научете пред да се кладите. Најголем број остануваат на идиотскиот муабет, брат, кажи две три сигурни за појака уплата.