Фина трка денес, барем до половина. Роси од 4тото место, некако многу лесно ги помина Маркез, па и Довициозо и дојде до 2рото место.. Многу лабаво ги пројде.
Чуден беше падот на Довициозо и Маркез, во истиот свиок еден по друг- без меѓусебен контакт, а Роси помина на истото место пред милистотинка.. има ли некое соопштение за ова ?
Лорензо стандард, штом стартува од пол позиција, така и завршува на подиум.
Еве едно брзо пребарување:
Лорензо (во МотоГП) :
138 трки, 41 победа, 97 подиуми, 35 пол позиции
Роси (во МотоГП) :
238трки, 73 победи,152 подиуми,47 пол позиции.
Значи Роси многу полесно доаѓа до прво место на подиум, иако не стартува од пол позиција, додека Лорензо има мал проблем да го направи тоа... само 6 победи кога не тргнал од пол позиција, а Роси има 26 победи кога не стартувал од пол позиција.